И што виде ти нерелевантно во неговата изјава ?
Македонците од поодамна се малцинство во западна Македонија и заминуваат од таму, а во источна Македонија вадат татарски пасоши. Само партиските подлизурковци и постарите остануваат во државата, а сите останати - особено младите - си ги собираат парталите и заминуваат во странство не на печалба, туку во потрага по подобар живот.
Доколку не престане ваквиот тренд во блиска иднина, предвидено е дека до 2050 година Македонците ќе бидат малцинство во Македонија. Ако тоа не е доволен фактор за поделба на една држава, тогаш дај друг фактор.
Турски поток - за кој се посигурно е дека нема да стане реалност поради меѓусебните несогласувања помеѓу Русија и Турција околу граѓанската војна во Сирија и нејзиниот исход, е еден од планираните руски енергетски проекти на Балканот кои актуелната влада на Република Македонија ги поддржува, а за кои актуелната опозиција отворено и јавно има изјавено дека ќе изврши ревизија откако ќе дојде на власт и ако е потребно, ќе ја повлече поддршката за истиот тој руски енергетски проект.
Секако дека протестите против актуелната влада на Република Македонија беа од тотално поинаков карактер, а не против изградба на руски гасовод кој од Русија и Турција треба да поминува низ Грција, Македонија и Србија кон Унгарија, Хрватска, Словенија и останатите држави членки на ЕУ, но несомнено кој ја поддржува актуелната опозиција во Македонија, ја поддржува и идејата за ревизија и можно повлекување на поддршката кон ваквиот руски енергетски проект на Балканот, па од тука изјавата на Сергеј Лавров барем има некаква минимална релевантност.
Но да се вратиме на темата.
Што виде ти нерелевантно во изјавата на Лавров за двојните аршини на САД во врска со граѓанската војна во Сирија ?