Русиве за 2 дена извршија повеќе напади него ли "Западната коалиција" за една година.
Потсети се како беше во првата половина на Втората светска војна кога Американците тргуваа со фашистичка Германија и економски и воено го помагаа Хитлер сè дури не се вмешаа Русите.
Па ни тогаш американците не и' објавија војна на Нацистичка Германија.
Еден доста важен историски факт кој денес човештвото случајно и не знаејќи или свесно и намерно го испушта, е фактот дека дури и после јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941, САД и понатаму не и' објавиле војна на Нацистичка Германија и сепак продолжиле да одржуваат и дипломатски и трговски односи со Нацистичка Германија.
Не, САД никогаш не и' објавиле војна на Нацистичка Германија, туку Адолф Хитлер е тој кој, откако го претрпел својот прв сериозен пораз во војната во Битката за Москва на истиот ден кога Јапонија го нападнала Перл Харбор, бил уверен дека ако ја поддржи Јапонија со тоа што ќе им објави војна на САД, тогаш Јапонија ќе ја поддржи Нацистичка Германија и ќе му објави војна на Советскиот Сојуз. Токму поради ова, Нацистичка Германија им објавила војна на САД на 10 декември 1941, а не САД на Нацистичка Германија.
Но за несреќа на фирерот, Јапонците одлучиле да се држат до Договорот за Неутралност кој го потпишале со СССР истата година, откако 2 години порано го кркале подебелиот крај од стапот од Црвената Армија во Битката за Халкин Гол на далечниот исток во летото 1939 непосредно пред почетокот на Втората Светска Војна во Европа, поради што Јапонија ниту го нападнала, ниту му објавила војна на Советскиот Сојуз после 1939 година, се до летото 1945 кога Советскиот Сојуз, а не Јапонија, го прекршил Договорот за Неутралност од 1941 година со советската инвазија на Манџурија, која тогаш сеуште била под јапонска окупација.