Што би промениле во државава и како?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.927
Колку што се потрудив да побарам ваква тема не најдов ако има ваква или слична слободно спојувајте се извинувам.
"Целта е според ваш вкус и перцепција што во функционирањето на државава би промениле и најбитно да објасните како."
Апсолутно добра тема за дискусија и феноменални фантазии се разбира. Од пусти мерак прв ке почнам само еден услов има ве молам не се смејте многу, желбата не познава граници и реалност. :) Се двоумев, но ке напоменам дека се мисли на промени во сите сектори на уредувањето на државата.

Прво и основно би спровел урбанизација на поедини подрачја и региони на секаде каде што е потребно. Прво, основно и обавезно Штип и Велес. Ова главно поради населбите на ридови кај кои нема никаков ред сообраќајот.
Второ сите селани од селата кои едвај преживуваат поради лошата состојба на селото или лошата местоположба би ги сместил на новоформирани села неколку низ Македонија на големи површини а старите села би ги реорганизирал и би ги правел туристички дестинации.
Трета работа Бизнисмените, Милионерите или сите што ке имаат сума на пари над некој лимит задолжително ке мораат на одреден период во зависност од тоа колку имаат да донираат одредена сума на пари.
Четврта работа железничката пруга тотално реконструирана со цел да станиците (метро) минат до периферијата на градовите не низ градовите со што пугите кои минат низ градовите и сметаат многу да бидат трамвајска линија, евтин градски превоз.
Петта работа од народ за народ онаа старата... Шала на страна би форсирал да има што помалку увоз, извоз едноставно речиси се што и е потребно на државата да си создава сама за себе.
Шеста работа кога веке ке има средена урбанизација според светски стандарди обавезно би направил централно греење како во развиените земји.
Седма работа од целиот извоз на вишок работи од наше производство да има одредена сума на пари до секој граѓанин.
Осма работа Образование, Здравство и слично апсолутно бесплатно.
Деветта работа криминалците, барабите, криминалните полицајци и сите такви за нив формирање една специјална единица на Криволак која ке се занимава со напорни тренинзи и обуки за воени операции искличиво во странство.
Десетта работа претрупаната Полиција и непотребните единици само колку да има полицајци да се преточат во силна армија полна со војници и достоен кадар.
Единаесетта работа сешто е партиски кадар со врски и недостоен успех чистење и враќање каде навистина им е нивото, на најголемите места како на пр. министри и сл. најголемите и најкомпетентните луѓе за тоа што ги имаме.

Ова е само мал почеток детски соништа имате среќа што се воздржав :D повелете другари форумџии, кајганџии навалете.
 
Јас би вовел радикални мерки во економијата т.е. би вовел некоја врста герила економија.
Мерки кои би ги вовел
1. Примање на пари на Пејпал и сите други онлине платежни системи и воведување на 0 данок на трансакции на пејпал во период од 3 години, со јасен стаав дека данокот после тоа ќе бидат сегашните 10%
2. Максимално олеснување на испраќањето и наплата на ситни стока преку системите за брза пошта од Македонија, ова што сега се случува со Македонски пошти е катастрофа
3. Прибирање на што е можно повеќе странски државјани, онлине бизнисмени преку даночни олеснувања и овозможување на лесно инвестирање на нивното богатство во Македонија и што полесен пристап за нив до грчките пристаништа за јахти махти, вили и слична работа
 
Да ги снема медиумите,позицијата,опозицијата,мрзливита и арогантна администрација,сиромашни и многу богати и народот да владее со државата.
 
Ова е само мал почеток детски соништа имате среќа што се воздржав :D повелете другари форумџии, кајганџии навалете.

Детскиве соништа ниту имаат некоја логика, ниту пак некоја можност за реализација.

Испуштена е работата одамна, а за тоа голема вина има предходниот систем кој уништи секаков вид на приватен бизнис-капитал а со тоа и конкуренција. После промената на системот монополот од државен стана приватен и пак конкуренција така и не видовме.

Кога во едно општество има монопол од една рака луѓе поготово во општество кое се нарекува демократско и "сака" да ги следи западните демократии, не може да се очекува дека некој ќе може да им се спротивстави на оваа "елита" и дека самоволието на овие неколку луѓе ќе биде санкционирано, па од тука следи непочитување на закони, даноци и општиот интерес на државата како целина.

Во развиените економии има многу моќници кои сакале или неќеле мораат да се сообразуваат со законите, бидејќи државата може да санкционира ризгорозно некој од нив и без притоа да претрпи некакви финансиски последици.
 
Образованието пред сè.

После толку ногу реформи, у Македонија сè уште има луѓе кои се на факултет, а кои имаат примитивно понашање у типот
„-Кој ќе каже што заклучивме денес?
-Еве јас станот, професоре...“
Таквите би ги однел три месеци на импровизиран, современ „Голи Оток“ каде шо ќе се почитуват човечките вредности.
Петок ден за дебатирање така што учениците од сите школи од х општина ќе се соберат у некоја спортска сала и ќе дискутираат меѓусебе за тоа шо научиле претходната недела (може и еднаш у месец). Една лекција и на наставниците/професорите да се однесуваат со учениците како другари, а не кога ќе го видеш на улица ако не му кажеш господине/госпоѓице да те одмине. ( :kuracc: за ново вработените имбецили по школите!)
Бесплатно студирање каде шо два дена од неделата ќе ти бидат пракса на тоа што студираш. Ако држеш просек, ти плаќам да студираш каде сакаш и смештај и сè шо треба, сè додека држеш просек и се декларираш себе си како горд граѓанин на државава.
Укинување на work&travel така што преку лето секој ќе си работи (пракса) на стругата негова и работодавците ќе бидат должни да им го платат трудот, а не да ги праќат по сончоглед и кафе.

Подобрен градски превоз у секој град и почнување на прва смена од осум, евентуално девет саат. Склочување договор со Тесла моторс за секој шо ќе сака да купе Тесла електрично количе, да добие бенефиции у наредни х години. Исто така подобрување на патната инфраструктура и ставање на камери така шо секој ќе биде еднаков пред законот. Казните би биле процент од месечните примања. Така шо тај шо зима 200 евра плата би платил 50 (у зависност од прекршајо), а тај шо зима 800, би платил 200 евра доколку направил ист прекршај како другарот претходно.

И поголем акцент на спортот ако може.
форза фиром!
 
Не можам да го вратам времето, инаку би се вратил пред 25 години и би сменил се од корен. Пред се, би ја забранил приватизацијата која сотре илјадници фамилии. Тогаш ова денешно зло би немало подлога да продолжи. Би имале здрави генерации, а не дегенерици. Ова денес е све отидено у курац не по своја вина, туку по вина на тие незрели пиони кои ја посраа/допосраа државава која ќе постои верувам уште многу малку.
 
Само поделба на моќта, до пред десетина година моќта ја имаа два центра, сега еден, да бидат барем 5-6 центри на моќ, ништо друго не треба. Сите работи полека ќе си доаѓаат на место после таква конкуренција.
 
Трета работа Бизнисмените, Милионерите или сите што ке имаат сума на пари над некој лимит задолжително ке мораат на одреден период во зависност од тоа колку имаат да донираат одредена сума на пари.
Зборовите задолжително и донација, не одат заедно во иста реченица. :)

Ај одговори ми на следново: јас сум заработил еден милион евра, ти си заработил десет илјади евра. Кажи ми, колку од тоа што ЈАС сум го заработил ти припаѓа ТЕБЕ и зошто?

Осма работа Образование, Здравство и слично апсолутно бесплатно.
На листата може да додадеш и бесплатна курва секој месец, но дали си спремен да плаќаш 80% данок на тоа што си го заработил, за да ги имаш сите овие бенефити?
 
Јас би отворил кибуци и би ги прибрал сите што имаат финансиски проблеми.
 
Би ги сменил луѓето, незнам како ама имам планови, од A до Z, еден од нив ке работи, 100%
 
Радикална, коренита, темелна реформа на воспитно - образовниот процес и копирање и имплементација на сегменти од германското, еврејското и јапонското општество, т. е. масивна модификација на македонскиот менталитет, култура и колективна свест.

И после да си го вратиме Егеј и Пирин.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom