сменвај, ич не му ја мисли. Јас завршив КСИА и сум ептен незадоволен од смерот од страна на вложено време и труд и колку од тоа што ќе научиш ќе можеш да го искористиш дури и ако работиш по струка, како мене.
Автоматика или теоријата на управување сегде во светот се учи на мастер ниво, а само кај нас на додипломски. Фактички ти ќе учиш напредна математика (лапласови и фуриеви трансформации, функции на љапунов, стабилност на љапунов, најквист крива, бодеови дијаграми) уште во 2ра, а уште калкулус нема да ви е поминат како што треба.
Додека на другите смерови ќе учат практични работи како FPGA, микроконтролери, PIC, програмски јазици, бази итн инт работи со кои подоцна во животот би работел, спотивно на тоа во КСИА ќе си учите некои безвезе математики кои благе везе немаат со тоа што ќе го работите во иднина и работи што ни професорите незнаат убо да ги предадат оти никогаш не ни биле во индустријата за да знаат практично таа математика да ви ја објаснат што значи. Тука ги изоставам Горан Стојаноски и Миле деканот.