Духовните вредности денес

  • Креатор на темата Креатор на темата Изгрев
  • Време на започнување Време на започнување
Може сега некој да ми објасни зошто е на пример дарежливоста духовна вредност?

А кога ќе добиеш одговор и на ова прашање, ќе продолжиш да бараш одговор на одгворот на веќе одговореното...:pos:[DOUBLEPOST=1436799406][/DOUBLEPOST]
Благодариме на исцпниот одговор

Молам.
Повели пак...
 
Може сега некој да ми објасни зошто е на пример дарежливоста духовна вредност? Што има духовно во тоа? Дарежливоста би значела поседување на материјални добра и нивно споделување со другите. Што е овде духовно?
Дарежливоста сама по себе освен раздавање на матриални добра, повлекува и други квалитети како несебичност, нестежение(нестекннување односно немање чувство потреба за прекуумерно трупање на сопственост),сострадателност во крајна сметка љубов.
И како не ви се смачи понекогаш да драмите?
Штом преставувањето реалноста е драмење, тогаш реалноста е драматична:).
 
Штом преставувањето реалноста е драмење, тогаш реалноста е драматична:).

Кинезите имале специфичен начин на мачење. Ја затворале жртвата во исклучително тесна кутија, каде што таа била толку стегната и во неможност да се помрдне ниту сантим, до граница на кинење на екстремитетите, и ја оставале така неколку дена. Толку му било тешко на жртвите што се касале самите себе во кутијата. По извесно време ги ваделе од внатре, па пак гу враќале, се додека потполно не полуделе.

Во Аушвиц ги капеле Евреите со плин, биле изложени на милост и немилост на садистички лудаци.

Во стар Рим имале обичај непријателот да го врзат со јажиња за сите четири екстремитети и потоа неколкумина да тегнат од сите страни. Се кладеле на тоа кој екстремитет прв ќе се откине.

Да не ти ставам слики од спрватоте за мачење на инквизицјата, каде секој религиозен лудак можел да те наклевети и да завршиш на стол за мачење.

Е тоа пријател биле драматични, мачни и недуховни времиња, ова сега е песна. Затоа, помалку драма, на никој не му е гајле за вашите согледувања за некоја недуховност. На некој старец на планина не му било многу духовно. Таквото се тресе во ладна вода, ОК?
 
Затоа, помалку драма, на никој не му е гајле за вашите согледувања за некоја недуховност. На некој старец на планина не му било многу духовно. Таквото се тресе во ладна вода, ОК?
Нешто што човек воопшто не го засега, за нешто што не му е гајле, тој тоа и не го забележува.
Во крајна сметка секој има правото да ги напише своите гледишта, а оние што навистина не ги засега да не засегаат тогаш.
Најпросто ако не ти е гајле зошто пишуваш?
А крајно некултурно е кога некој човек ќе инсиститра со некое прашање, се потрудува кој колку да му одговори и после таквото му се тресело- духовна криза навистина.
 
Нешто што човек воопшто не го засега, за нешто што не му е гајле, тој тоа и не го забележува.
Во крајна сметка секој има правото да ги напише своите гледишта, а оние што навистина не ги засега да не засегаат тогаш.
Најпросто ако не ти е гајле зошто пишуваш?

Ми смета драмата и патетиката, затоа. Ако?
Ако се лутиш, нема да пишувам повеќе. ОК?
 
Ми смета драмата и патетиката, затоа. Ако?
Ако се лутиш, нема да пишувам повеќе. ОК?
Значи сепак ти е гајле. Тоа за почеток е добро.
Не станува збор за лутење, а за едно те исто Ставре исти муабети, демек незнам да прашам, после одговорот да но... зошто ако тоа тогаш...па и загриженоста за ниската духовност на верните, а демек нема духовност. Вртиме во круг со овој начин.
 
Значи сепак ти е гајле. Тоа за почеток е добро.
Не станува збор за лутење, а за едно те исто Ставре исти муабети, демек незнам да прашам, после одговорот да но... зошто ако тоа тогаш...па и загриженоста за ниската духовност на верните, а демек нема духовност. Вртиме во круг со овој начин.

Не се грижам јас за многу работи, а духовноста на верните ми е некаде на дното на списокот на нешта за кои ми е гајле. Ама лицемерие слабо толерирам.
 
Не се грижам јас за многу работи, а духовноста на верните ми е некаде на дното на списокот на нешта за кои ми е гајле..

Ој на ТВ, ќе има „Звезде гранда„: сигурен сум дека ќе ти биде забавно...[DOUBLEPOST=1436817952][/DOUBLEPOST]
Ама лицемерие слабо толерирам.

Тргни од своети лицемерие па отпосле збори за туѓото.
 
За современите христијани

Кога современиот христијанин зборува за Бога, тој често има предвид нешто што се наоѓа некаде далеку на небото нешто непознато, несфатливо, недостижно, недопирливо, нешто што тој го одобрува и што е корисно во момент на неопходност; понекогаш тој му припишува магиченисвојства и често го повторува неправославното "Верувај и не размислувај".
Но оваа вера во Бога не води до значајни промени во животот на христијанинот. Тој може да оди во црква во недела, да има во библиотека современи духовни книги, во дневната соба стари икони, во рацете -броеница, може да дава одредена милостиња. Но да се озлобјава од несоодветноста на другите луѓе во однос на неговите очекувања, да е жеден за пари, нурнат во егоизам, жед за удобност, немир, конкуренција. Тоа не е живот во Христос. Тука мириса на смрт. Со што се разликува тогаш современиот христијанин од останатите луѓе? Ако во него нема долготрпеливост, кроткост, радост, едноставност и особено смирение, тоа значи дека тој ништо не разбрал за животот во Христа. За животот, кој го обновува, преобразува и облагородува човекот, дури и под угнетување на секојдневните тешкотии.
Животот на таквите христијани се сведувадо бесмислено и глупаво преживување, бидејќи човек не може да живее само заради пензијата, поради втор стан или нов автомобил. Ние не чекаме кардинални измени дејствуваме без надеж. И постојано брзаме зајадливо, со што сами си го ушиваме погребалниот покров. Животот, велиме ние, е црн и тажен, тоа е монотона и матна рутина.
Христијанинот е повикан пред сè да го слуша гласот на Евангелието, кој го повикува кон постојан ризик за удобноста, кој го обладува и го тера лукаво да си мисли: фала Богу, не правиме ништо страшно и срамно од она што го гледаме секој ден на телевизијата. Оваа мисла е демонска и спокојството што го дава, воопшто не е добро. Ние ќе одговориме пред Бога не само за тоа што не сме правеле лошо, но и за тоа што не сме правеле добро, затоа што не сме ја засакале добродетелта.
Христијаните денес имаат двоен живот, тие не секогаш имаат чиста и сеопфатна личност. Овој расцеп е големо страдање. Христијанинот не треба да изгледа еден, а да биде друг, да вели едно, а да прави друго. Тоа лицемерие, добро или лошо, не може да е христијанска особина. Вистинските односи на човекот со Бога ги карактеризираат и неговите односи со луѓето. Христијанинот во секојдневниот живот и христијанинот во неделата не се различни луѓе. Како што веќе реков, постои такво благочестиво лицемерие. Алегорија на контролираниот од стремеж кон совршен изглед човек, се листовите на смоквата, кои ја скриваат внатрешна празнина и голотија. Најскапата и убава одежда не одговара на убавината и совршенството на внатрешниот свет.
Христијанинот тоне целиот во насушни грижи, се загрижува за многу нешта, се одвлекува кон ситници, од мувите прави слон, се стреми кон задоволство и забранети плодови кои му се чинат убави, слатки и пријатни, не сака да се разликува од другите, не сака да се бори, не сака да ја намалува и ограничува својата слобода. Се врати демонот од Едем и нуди брилијантно, но не драгоцено, лесно придобивливо, евтино, нерекламирано, дискутабилно, масовно, невистинско. Стекнување на тоа не е успех, во него нема вистина, борба, труд, трпение, љубов. Во тоа се заклучува лагата, дезориентацијата, заблудата во усвојувањето на демонски морал, сомнителен, суптилен, со цел зближување со светот. На овој начин на човек му се даваат лажни приоритети, измислени, фрагментарни вистини, славејќи на порокот, опасен изолационизам, нездрав нарцизам, одложување на проблемите, светли бои на празна амбалажа. Претерувам ли?
Дури кај нас, христијаните, има магична претстава за Црквата. Велиме: "Ако дојдеш во Црквата твоите дела ќе тргнат на добро". Но меѓу верниците христијани има и невработени, млади научници кои не добиле место и разурнати трговци. Велиме: "Ако ти не дојдеш во Црквата, се твое ќе се распадне". Но боплотениот Христос не притискал ничија свест. Ние немаме право да се закануваме, да плашиме светот, уште повеќе да пееме песни за непостоечки Бог, т. Е. За казнувачки Бог, злобен, суров, завидлив, непријателски. За Бога, Кој раздава добри работни места, солидни плати, повисоки пензии и материјална благосостојба, долговечност и др. Ние личиме на популаризатори на нова козметичка продукција или на адвокати на неправедно пострадалиот Бог. Ние, христијаните од лукавиот дваесеттивек, уште не сме разбрале дека Црквата е Христос, Кој спасува, но никој од нас не се спасува. Христос рекол: ако од срце сакаме совршенство, да Го следиме. Современите христијани се претвораат во обвинители, поцарствениод царот, со безотчетна љубомора, со ревност не според разум, со лажно мисионерство.
Но, драги мои, сите светии на нашата Црква во мнозинството си биле болни и сиромашни луѓе, често прогонувани, немоќни, презирани, во спротивно тие не биги привлекле погледите ни. Христос се прославил на Голгота. Страдањето е придружник во нашиот живот. Симболот на христијанството е крстот. Не е дозволено да извртување на вистината. Во Црквата продолжува да постои страдање, но во него има смисла, има излез, тоа води кон воскресение. Ние немаме право, како што прават некои политичари пред избори, да ги мамат луѓето, ветувајќи земски рај. Христос рекол дека во светот ќе имаме страдање. Тој не ги нарекува блажени оние кои губат време во забава. А ние создаваме неохристијанство по наша мерка, за сопствени потреби, неизморително, безметежно, удобно, нежно, без секоја вредност, антиаскетско, и на крајот на краиштата-антиевангелско. Со таква гледна точка Божествената Литургија во храмот е едноставно преслушување на зборови и созерцување на обреди, тоа спокојно може да се гледа и по ТВ, седејќи во фотелјата, или слушање радио во автомобилот. Тука нема жртва, соучество, буденост, собрание на верниците во Таинството.
Во христијанските општини безкомфортниот, нелуксозниот, непријателски, осамен и несреќен човек треба да биде згреан со љубов и вистина. Ако дојде кај нас и се соочи со нашата нерадосност, негостоприемност, рамнодушност, измореност и неодлучност, тоа е трагично и за нас и за него. Ако во нас нема светлина и радост, духовено искуство и живот, што можеме да понудиме? Тој ќе открие сето тоа на друго место и можно во подобар изглед. Ако кај нас, христијаните, нема радост од лична средба со Христос, тогаш каков е смислата на нашата христијанска идентитет и формална посета на храмот? Св. Григориј Синаит вели: ако не сфатиме какви нè создал Бог, тогаш нема да дознаеме и какви не е направил гревот. Ако не ја познаеме светлината на благодатта, тогаш ќе зборуваме дека ни е добро и во полумракот. Во светлината се открива нашата реалност. Во светлината ќе се открие вистината на Црквата. Таа не е она што си вообразуваме, што замислуваме, што одговара на нашите желби. Црквата е мајчинапрегратка, која сака да го спаси секој оној кој сака да се спаси. Тоа не е институт, не е идеологија, не е група, систем, партија. Црквата не суди, не казнува, не барај следбеници, не се менува, не дели, не се уморува, не почива, не е загрижена за убедливи аргументи, никогаш не се стреми да пороби и разбие. Обрнете внимание на тоа, ве молам.
Ние, христијаните, денес треба да станеме луѓе со чисто духовен искуство, па самиот наш живот да зборува погласно од сите наши слова, да не бараме дрзко чудо, да не брзаме во молитвата, да го слушаме другиот човек, кој и да е тој, да издржувамепротиводејствие, да соработуваме со Бога. Ние ќе му дадеме доброволниот труд, а Тој-благодат и милост, бидејќи секогаш спасението на човекот е спојување на божествената благодат и човечкиот труд. Човекот е создаден според ликот Божји, и целта на создавањето е обожението. Мисијата на Црквата е спасението на светот; Светите Тајни на Црквата го осветуваат човекот кој, очистувајќи се, се озарува и достигнува обожение. Таква е православната теологија, антропологија, еклизиологија и аскетика на нашата Црква. Да не бараме други патишта, кога патот на спасението, обожението и совршенството е еден.
Монах Мојсеј Светогорец.[DOUBLEPOST=1437329947][/DOUBLEPOST]
Ме израдува кога прочитав дека е потребно да се тргне од себеси, дека е потребна самокритика. Неколку пати ја спомнува таа самокритика и на крај останав жеден преку вода -сета самокритика се сведе на тоа дека некои големи викале а други си молчеле. Е со таква самокритика не е чудо што стадото ќе ви оди по се покриви патчиња.
Ја осознаваш ли сега смислата(безсмисленоста) од типичната и откровена самокритика.И кога бевме кај осознавањето на личноста(уште повеќе ако личноста нема ништо заедничко со Христијанството) како оваа самокритика би повлијаела?
 
Сѐ поголем интерес за веронауката во Бигорски и Рајчица

Живеејќи во ова динамично општество, човекот е во постојана трка за егзистенција, во борба за биолошко преживување, со незапирлив стремеж дури и кога има доволно да приграби што повеќе. Во таа незаситна глад за материјалното тој скоро и нема време ниту желба за разговор со себеси, за една макар и кратка средба со своето внатрешно битие како би ги запознал потребите на својата боголика душа. И додека тој забрзано врви низ животот со поглед втренчено вперен во некаква идна поголема благосостојба, пред неговите очи незабележливо минуваат оние малите, а толку значајни нешта, на кои тој дури и заборавил да им се радува - секојдневната семејна радост, топлата детска прегратка, чистата љубов. Па така, измамени од потрагата по некакви лажни вредности полека го пропуштаме нашето вистинско богатство, нашите сопствени деца кои честопати се принудени да пораснат без нас, лишени од вистинска душеполезна поука и надзор. Навистина, денес речиси како да немаме време за своите деца и сѐ помалку ги разбираме нивните потреби, кои најчесто се многу едноставни. А најважното нешто што можеме да го направиме за нивната сигурна иднина, за утврдувањето и градењето на нивниот карактер и внатрешно битие, е инвестирањето во духовното воспитание.

Единствено Црквата ја има таа можност да ги воспита децата во морално здрави и духовни личности, полезни за општеството, зашто само таа ја има силата да ги поврзе луѓето со изворот на највисокиот морал и чистота, Христос нашиот Господ. Веронауката, пак, која на детето му носи знаење за невидливите нешта што за него се толку реално присутни, го олеснува тој пат, ги воведува нашите деца во вистините за верата. Но сепак, она што е најважно е дека таа ги отвора срцата на децата не само за Бога, туку и за нивните ближни. Како еден автентичен воспитно-образовен предмет, таа има сила на чудесен начин, неусетно и постепено да го преобрази детето, да го подготви и зајакне пред предизвиците што низ животот го очекуваат, да го изгради во личност која ќе биде пофалба на Црквата, радост на родителите и верен заштитник на националниот идентитет.

Деновиве пространите манастирски дворишта во Рајчица весело одѕвонуваа од детскиот џагор на членовите на третиот летен камп по Веронаука, кои овој пат ни пристигнаа од Охрид и Скопје. Беше особена радост за сестрите што за првпат и охриѓани посакаа да ги отворат за своите најмали вратите на духовната наука, па испратија во манастирот околу 10 – тина деца на возраст од 7 до 14 години. Заедничката дружба со овие чисти и искрени души низ богослужбите, часовите по Источно-византиско пеење и Веронаука, прошетките низ живописната околина и различните активности, направија овие неколку денови да бидат вистинско задоволство и за гостите и за домаќините. Децата не пропуштаа ниту еден миг од својот краток престој овде, да го искористат за да ги нахранат своите духовно гладни души и да стекнат што е можно повеќе душеполезни знаења, за да можат што подобро да се утврдат на темелот на верата – Христос, и поткрепени од Неговата љубов сигурно да чекорат понатаму во животот.

Љубовта со која децата одговорија на оваа иницијатива на нашиот возљубен Старец, Архимандрит Партениј, да им ги приближи низ монашкото секојдневие основните вистини на верата, ни покажа дека посеаното семе ќе даде обилен плод, и дека овие млади личности ќе бидат поттик и за нивните пријатели да посакаат да ја спознаат својата православна вера. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде позитивно примена и следена и од други институции на Црквата и Државата, па од година на година ќе имаме сѐ повеќе вакви воспитни проекти во кои децата ќе можат да го стекнат најважното и најспасоносно учење за нивните души.

Дел од впечатоците од учениците:

Мартина Најдовска (12 г.)
... Колку прекрасни луѓе има овде, мојата душа се наполни со љубов, всушност мојата душа повеќе не сакаше да го напушти ова преубаво место... Научив многу работи, а некои од нив се: животот на некои светци, прекрасни црковни песни, но најважно од сѐ, научив да ја почитувам Црквата, да го љубам својот ближен и да се грижам за своите работи. Најголем впечаток ми оставија топлите насмевки и односот со монахињите.
Валдета Лумановска (12 г.)
Мили сестри и отец Партениј! Јас сум од друга религија, но многу ми се допадна пеењето на црковни песни и обредите во црквата. Од нив научив да ширам мир и љубов кон сите мои другарчиња, иако се од друга религија. Вие бевте добри кон нас. Ве сакам.
Стефани Богдановска (17 г.)
Рајчица. Името само по себе кажува многу нешта. Нешта видени и врежани во нашите срца. Природните убавини, стравопочитта кон манастирот „Св. Георгиј Победоносец“, добрината и сестринската љубов на монахињите. Сето тоа ги исполни нашите срца со љубов и нѐ научи да ја споделуваме таа љубов со нашите блиски. Нѐ научи дека материјалното е само тоа и дека тоа и ќе остане. Нѐ научи дека за да се сакаме себе си, најпрвин треба да ги сакаме другите. Нѐ научи дека љубовта го победува злото и да се справуваме со секој предизвик, и од него да излеземе како победници.
Ви благодарам за вашата безусловна љубов, бесплатни совети кои вредат повеќе и од најскапиот психолог, за времето поминато со вас кое ќе биде запамтено за цела вечност.


http://www.bigorski.org.mk/index.php

 
Единствено Црквата ја има таа можност да ги воспита децата во морално здрави и духовни личности, полезни за општеството, зашто само таа ја има силата да ги поврзе луѓето со изворот на највисокиот морал и чистота, Христос нашиот Господ.

А што има полезно за општеството од глувци скриени по манастири, кои не создале ниту едно материјално добро, паразити кои кукаат за недуховноста на општеството?

Море мрш.
 
Постот е соодветен за примателот. Засмрдени ликови со засмрдени вредности заслужуваат такви постови. Јас немам никаква волја да толерирам глупости, кој сака нека ве тинтра. Колку побргу исчезнете од лицето на земјата со вашиот моронштилук, толку подобро за човештвото.

Ох, ти што шириш опоен мирис, дај кажи ни ги твоите миризливи вредности.
А ако немаш волја да толерираш глупости, тогаш зошто дојде на странава? Те викна некој? Те натера некој?
 
Ох, ти што шириш опоен мирис, дај кажи ни ги твоите миризливи вредности.
А ако немаш волја да толерираш глупости, тогаш зошто дојде на странава? Те викна некој? Те натера некој?

За да не ве толерирам, очигледно. За да ти кажам дека смрдиш на застоени бабини деветини.
 
А што има полезно за општеството од глувци скриени по манастири, кои не создале ниту едно материјално добро, паразити кои кукаат за недуховноста на општеството?

Море мрш.
Темата е духовни вреднсти, ти прашуваш какво матриално добро направиле:facepalm:.
Еве тие направиле некакво, добро зарадувале 20 деца, ти какво добро си направил?колкумина зарадува денес?
А штом упорствуваш за матријалното, матријалното што си го создал те радува ли?


Ставрогин напиша:
Постот е соодветен за примателот. Засмрдени ликови со засмрдени вредности заслужуваат такви постови. Јас немам никаква волја да толерирам глупости, кој сака нека ве тинтра. Колку побргу исчезнете од лицето на земјата со вашиот моронштилук, толку подобро за човештвото.
Врвот на ’атеистичката толерантност’:bravobe: Ќе ти остане постов запаметен, кога ќе спомнеш толерантност.
Примери за таква озлобеност кон христијаните има безброј дури од поново време
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Izazovi/LavirintiTame/LavirintiTame49.htm
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom