Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Дејан Митровски Урко
46732_154541344563711_3584371_n.jpg
Верувам дека никој не се чуди зошто Урко е на темава, но многу малку од луѓето знаат што се Урко има направено и какви се криминали има скоцкано.
Ке почнам малце со неговиот личен живот за да допреме до неговата професија односно до патот на милионите и моќта негова. Дејан Митровски Урко првобитно бил кик боксер уште од девеесетите години и бил навистина успешен во мечевите, што точно има постигнато не знам, но е од првите во државава во тие такмичарски води во кик боксот и исто така еден од првите ако не и прв што се има натпреварувано во ММА. Покрај мечевите Урко се вработил и во единицата за специјални задачи Волци некаде во девеесетите и исто така бил и вратар по скопските ноќни клубови каде решавал проблеми и покажувал моќ со тупаници. Некаде пред 2006 година Урко од Волци се префрлил во МВР мислам дека во крим техника каде сликаат локации после настани. Дали Урко во крим техника влегол поради тоа што бил веке стар за во Волци или пак влегувањето во к. техника било патот кон Шестата управа тешко е да се каже. Во 2006 година со доаѓањето на Никола Груевски за премиер и ВМРО на власт претпоставувам Урко по препорака на некој му станува личен телохранител и шеф на обезбедувањето а со тоа и влегува во шестата управа. Е од овде почнува неговата кариера. Со текот на времето Груевски стекнува доверба кај Урко и му ги одврзува рацете условно речено.

Малку за бизнис криминалите на Дејан Урко премиерот во сенка или сенката на премиерот.
Нема да тупам со криминалите од финансиски карактер пошто се досадни и банални за коментирање а иначе кај Урко го има само еден. Урко во Скопје поседува зграда цела зграда која во екот на рушење на дивоградби згради тој успеал да ја присвои а со тоа и да ја куртули. Денес зградата, всушност тоа биле катни гаражи каде тој доѕидал уште еден кат и станале станови и стамбени простори, на целиот приземен спрат од илјадници метри квадратни се простира неговиот спортски центар Магнус. Магнус е спортски центар огромен опремен со нај нај модерни справи, вреки, и секаква опрема. Урко имаше и фитнес и кик бокс и мма клуб кои функционираше во просториите на таа сала дали сеуште постои незнам. Иначе горниот доѕиданиот кат тој го продавал просторија по просторија и заработувал стотици илјади евра се разбира без никаква инспекција и контрола тој си фурал во бизнисот.
Вториот и најголем бизнис на Урко беше, беше и згасна агнецијата за обезбедување Лупус. Тој рекетареше кај ке стигне преку неа со оној класичен рекет стил... Ти треба обезбедување ? Не фала. Ке видиш дека ти треба. И по кратко време ти се случува демолирање на локалот, продавницата, кражба или пак инспекција од него пратено која ке ти лупне казна таман да банкротираш. И тогаш нели му се јавуваш и му викаш повели друже обезбедувај ме. Али агенцијата згасна со раѓањето на СГС односно со целокупното пукање на пријателството негово со Мијалков, но за тоа подоцна.
Исто така Урко имаше замешано рака и во Детонатор... Односно во круговите на кочанските криминалци каде тој со нив ги изшверцувал апаратите за покер од кој переле големи пари.

Пријателствата и непријателствата на Урко со членови од подземјето се познати.
Беше пријател со луѓето (криминалците) од акцијата Детонатор од Кочани кои беа уапсени кажав неговите зделки со нив биле покер апарати за перење пари. А исто така и со противничката страна на овие кои беа уапсени односно Дацо Стоименов и неговата екипа. Дацо на амин на Урко бил обезбедување на Груевски, но за кратко поради неговите рекет апетити. Иначе се познавале од специјалните единици, но Дацо бил Тигар. Нивното пријателство неофицијално се сруши со паѓањето на Урко и навлекувањето на Дацо кон Мијалков. Потоа со Тоше Зафиров Качакот кои му бил колега во Волци на Урко исто така и пријател по правец на љубителство кон боди билдингот. И Качакот стана обезбедување на Груевски благодарение на Урко па беше избркан поради давење за врат министер поради онезможување тендер на фирма на негов пријател од родното Неготино иначе нарко бос. Урко неофицијално бил и близок со Љупчо Ѓаволот од Неготино преку врската на Тоше Качак личен пријател од детството со Ѓаволот. Иначе Ѓаволот со амин и чест гослук на Урко во неговиот кафич и Тоше Качак дилал дрога на големо. Тоше Качак нарко милионите ги има на благодарност на Ѓаволот. Потоа исто така пријател на Александар Василевски Нинџа и неговиот брат Марјан Василевски кој е шофер на Мијалков. Борис Мутков Фантом од нарко пријателство и на свадба го викна Урко. Исто така и Човекот што беше убиен со Ркулот во Биг Фиш Владо Милошев беше баџанак на Урко иначе вработен во шестата управа и криминален до гуша. Преку него Ркулот имал исто така нарко врска со Урко. Урко беше пријател и со Ален Зекиров, но по пукаѓето на врската помеѓу нив Урко биле непријатели со Ален дури до вадење пиштол лице в лице.

Инциденти со Дејан Митровски Урко.
Првиот голем инцидент на Урко зад кој стоеше и неговиот пресен грб власта беше во 2006 година кога Урко и негова штотуку формирана телохранителска екипа влегоа во ноќниот клуб Процес во ГТЦ каде ја демолираа дискотеката тотално и претепаа вратари. Мотивите за да го направи ова Урко или се неостварен рекет или самото тоа што сопственикот на дискотеката иначе босанец негов брат бил член на СДСМ и министер или пратеник во владата тогаш. Околу овој инцидент се крена голема галама зошто во моментот таму бил синот на Бранко Ц. и Тоше Проески па и други јавни личности.
На 11 јуни 2011 година Урко со Ален Зекиров (телохранител личен на Мијалков) го претепуваат Јордан Рамзоски Петруш во ресторан Тирона во Струга сопственост на нарко дилер. Причината била непослушност.
Пред 2, 3 години Урко исто така изврши упад во дискотека Бреза мислам дека се викаше. Ова го имаше и на снимките од разговорите. Всушност ова беше и крај на кариерата на Урко и неговото пријателство со Мијалков бидејки дискотеката била во сопственост на Мијалков превземена по рекет постапка. Наводно Урко не знаел оти дискотеката е на Мијалков а иначе упадот бил за тоа што кога негова нели неводно "пријателка" влегувала во сикотеката некој од телохранителите нешто довикнал незгодно кон неа па она му се јавува на Урко и Урко иде со негова екипа десетици души ги брка сите гости од локалот го затвора локалот и некој што бил од вработените од обезбедувањето најгласен го внел во вецето го врзал со лисици и го тепал до демолирање. По ова официјално Мијалков пресече... Набрзо бидна и Детонатор и затворањето на Лупус па краен резултат бркање од работа лани во септември. Нема заебанција со чичко Началниче. Пред исто така 2, 3 години кога расцвета толеранцијата на Урко и Мијалков тој од блискост со Зекиров како брат станаа крвни непријатели. Бизнис е најважен за нив заеби пријателство... Во неој кафе бар во Скопје кај што Урко седел дошол и Ален и во некој момент од седенката се разбира биле на различни маси Ален му вади пиштол на Урко и тој во исто време возвраќа али се на дистанца пиштол во чело. Инцидентот завршил без престрелка и нормално го нема во ниеден МВР тефтер. Нормално како смее за нив пријава да постои. Има и уште еден куп други инциденти со Урко али овие се најпознати и најголеми. Ова е едена навистина тајна информација која не допре ни до блиските кругови негови а не па до јавноста, но благодарение на јаките новинари копачи индиректно испадна во јавност. Дејан Урко бил главен и одговорен во случај во кој требало да биде убиен странски амбасадор така што ке го наканат да отиде на лов. Единствен начин било преку негов пријател македонец, дечко од Скопје. Поради тоа што дечкото одбивал да го направи тоа Урко го тепал и измачувал веројатно за да прифати и дечкото наводно, наводно се самоубил. Неговите домашни знаеле се, но стравот лозјето го чува. За греота луѓето се плашат и за своите глави.

Пукањето на пријателската врска помеѓу Дејан Урко и Сашо Мијалков.
Не е таква кавгата помеѓу Урко и Мијалков како што сите замислуваат. Всушност не е ни кавга... Многу луѓе мислеа демек чим со Урко има работа тој ке му направи нешто. Едноставно Урко се правел наудрен а со своите постапки му сметал на Мијалков и на Началниче му дошло преку глава па решил да го откачи официјално крлежот...
На разговорите (бомбите) објавени се снимени два разговора во врска со Урко каде што Мијалков му се јавува на Урко еднаш поради замена на човек од обезбедувањето, другпат Мијалков го кара како мало дете Урко затоа што ширел муабети со закани против опозицијата. И реакцијата на Урко е послушен ученик нормално. И во уште еден разговор помеѓу Јанкуловска и Протуѓер ако не се лажам се коментираше Урко за упадот и претепувањето во ноќниот клуб Бреза рекетосопственост на Сашо Мијалков. Иначе помеѓу круговите на обезбедувањето на Груевски јавна тајна е дека Мијалков влегол во канцеларијата на Урко и со тупаница го удрил. За што и како они си знаат. Важно официјално толеранцијата пука после Бреза и на крај резултира со бркање од работа односно одстранување од функцијата шеф на обезбедувањето и личен телохранител на Груевски под обвинение злоупотреба на службена должност за кое нормално немаше ниту судење ниту образложение. Иначе Урко додека бил на функција и во така речено форма си измислил две функции, две работни позиции кои според никој закон и формалност не се возможни првата е Началник на обезбедувањето на Груевски а втората е заменик командант на единицата за специјални задачи Тигар. Јавна тајна е и дека Урко имал швалерска врска со некоја пратеничка од позицијава која е сеуште на власт. И најверојатно инцидентот во Бреза е поради неа. Се зборува дека по напуштањето на Урко од функцијата личен телохранител и шеф на обезбедување на Груевски во септември 2014 година покрај таквото пресекување наводно почнале и да му одземаат се што стекнал поточно прокриминалчил за време на позицијата.



Најдобриот текст за темната страна на Урко благодарение на Зоран и неговиот Буревесник. Обавезно прочитајте. https://www.facebook.com/notes/zoran-bozinovski/дејан-митревски-урко-сенка-на-премиерот-или-премиер-во-сенка/265973676770859

Телевизиски извештај од 16 декември 2006 година за претепувањето и упадот во ноќниот клуб Процес во ГТЦ. https://www.youtube.com/watch?v=8TIrni5Jr0Y

Разговорите помеѓу Дејан Урко и Мијалков. 1. https://www.youtube.com/watch?v=6eo0W6HGZkY 2. https://www.youtube.com/watch?v=ERDKvP4tfLE

Официјално известување од Доказ.мк за отстранување на Урко од функција. http://www.dokaz.mk/dnevnik-otkriva-gruevski-se-zboguval-so-urko/

Известување на Фокус за куткањето од функција на Урко. http://fokus.mk/urko-vek-e-ne-e-bodigard-na-gruevski/
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Ален Зекиров
10374449_10204130315407163_48716056523418651_n.jpg
Ален Зекиров без компромис позната скопска фаца инаку личен телохранител на директорот на УБК Сашо Мијалков. Всушност кога ке размислам подобро Мијалков точно знаел каков човек сака за десна рака... За разлика од повекето телохранители на најголемите политички функционери кои се од специјалните единици и високо обучени за такви активности Ален е бараба. Баш бараба уште од детство и доста непресметлив тип. Како се одвивал неговиот пат до пред да биде личен телохранител на Сашо Мијалков незнам, но знам како и што после гламурозната титула. Дознав само дека Ален бил водич на навивачите на МЗТ порано пред да е на оваа функција, но не гарантирам дека е сигурно информацијата.
По доаѓањето на Ален Зекиров за личен телохранител и шеф на обезбедувањето на Сашо Мијалков некаде 2006, 2007 година покрај многуте помали инциденти кои и не испаднаа во јавност најголем инцидент и скандал беше во 2009 година каде Ален со (MV Agusta F4 RR) мотор вреден четириесетина илјади евра удри и прегази 73 годишен старец на велосипед. Старецот почина на лице место а Ален со години не се појавуваше на суд за да лани во јуни го осудат на 6 месеци затвор и нормално Аленчо не одлежа и една минута од пресудата. Потоа на 11 јуни 2011 година Ален заедно со Дејан Урко во ресторан на нарко дилер (Тирона) во Струга го претепуваат Јордан Рамзоски Петруш поради непослушност иначе Петруш бил висок полициски функционер.
При крајот на 2012 година Ален учествуваше во масовна тепачка во Струмица каде за малку не употребил и пиштол за ова веке пишував кога пишував за криминалците во Струмица па само ке го цитирам од страница 5. "Еве текст за еден од најголемите конфликти помеѓу играчите на подземјето во Струмица. Пресметка во која се користело моторна пила и имало еден тешко повреден од моторна пила. Настанот е од есента 2012 година. Во една ноќен клуб во Струмица (Студио ин) дошло до пресметка помеѓу две кримининални групи. Значи на еднатастрана биле Дени Мешев (син на поранешен пратеник и сопственик на ноќен клуб Платинум), Лазо Котуровиќ (Длгио), Ален Зекиров (личен телохранител на Мијалков) и уште двајца скопјани дојдени со него и Златко Затка со своја екипа. А на другата страна од тепачката биле Марјан Стојменов Русин (главен на Никоб обезбедување во Струмица и син на началник на полицијата во Струмица) и негова голема екипа. Иначе екипа блиска на Славчо Пинда.
Настанот се одвивал така што Дени Мешев во неговиот ноќен клуб Платинум насилно избркал дечко со прекар Рабро човек на Марјан Стојменов Русин дечкото испровоцирано од протерувањето оди до дома и зема моторна пила. Потоа му се јавува на Дени Мешев да си закаже пресметка. Дени Мешев во тој период (околу 3 часот ноќе) бил во ноќниот клуб Студио Ин по што го виканл Рабро да дојде таму. Рабро со уште тројца со него меѓу кои и Марјан Стојменов Русин се вооружале со палки и моторна пила тргнале на пресметка. Дени Мешев како што кажав бил во придружба на Ален, Лазо и Златко и уште неколку други. Веднаш избила масовна тепачка во која обидувајки се да му ја земат пилата на Рабро бил повреден еден од екипата на Златко Затка викан Коки. Ален Зекиров го репетирал и пиштолот пред сите а подебелиот крај го извлекла екипата на Рабро и Марјан Стојменов Русин.
Иначе Златко Затка иако одсекогаш познат на струмичани како цврст дечко се прославивил низ Струмица со тоа што пред 4, 5 години има извршено упад во домот на Славчо Пинда и го има претепано заедно со припадници на обезбедувањето (Гепард)."

Помалку позната е и случката каде по скарувањето на Мијалков и Урко во некој скопски кафич Ален и Урко се впериле пиштоли еден на друг во чело. Настанот не преминал во престрелка или тепачка, но бил печат на нивното непријателство кое пред скарувањето на Мијалков и Урко резултираше со неизмерно пријателство и фалење по скопски кафичи и ночни клубови како и бесплатни тренинзи во Урковиот центар Магнус.
Интересно е да се каже дека Ален Зекиров освен прескапиот мотор кој го уништи со усмртувањето на човекот, модел кој го има во само неколку примероци во државава има и (Ford Mustang GT) нелегално увезен и возен со стари веке непостоечки американски регистерски таблички со кој Ален делел дрога по скопските кафичи и дискотеки слободно како да дели шекерчиња за кафе. Иначе Ален имал и дискотека, ноќен клуб... во Скопје која точно незнам и познат е по неговите луксузно атрактивни годишни одмори во Малдиви, Флорида, разни острови итн. Како позната фаца нели... Пријател е со многу јавни личности особено спортисти како и криминалната елита кој ја крепи власта.
Спомнав дека Ален доби пресуда 6 месеци затвор за прегазувањето на човекот на Партизанска и логично не ја одлежи, но не спомнав за аферата слична на Урко каде на големо се зборуваше дека Ален е отстранет од функцијата телохранител на Сашо Мијалков, но набрзо се докажа дека се е масло на корумпираните медиуми кои по наредба ја средиле веста за смирување народ а Аленчо Зекирчо се пофали јавно на фб дека се е глума и местенка и дека тој мака нема.
Ептен тајно и битно да се знае е дека Ален е дел од убиството на сопственикот на Фокус новинарот Никола Младенов. Вечерта пред да го убијат Младенов имал договорено состанок на велешко езеро во хотел и ресторан (Романтик) со Миле Јанакиески и Ален Зекиров. По краток разговор Младенов тргнал да си оди и како што и се докажа бил гонет од друга кола се до моментот кога го местат да се удри во камионот кои го попрекувал патот. Голема е веројатноста Ален да бил во колата гонач која го бркала Младенов местејќи го да се удри во камионот. Иако не е толку битно со оглед на текстов Младенов е убиен поради имање многу битни податоци и поради недоговорена послушност кон власта.

Фокус за пресудата на Ален за прегазувањето, пардон сударот. http://fokus.mk/shest-mesetsi-zatvor-za-alen-zekirov/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=shest-mesetsi-zatvor-za-alen-zekirov

МКД за информацијата дека Ален повеке не е телохранител на Мијалков. http://www.mkd.mk/56944/crna-hronika/alen-zekirov-mijalkov-ne-e-veke-telohranitel

Доказ.Мк за неодлежувањето на затворската казна. http://www.dokaz.mk/ekskluzivno-nema-aber-alen-zekirov-da-lezhi-zatvor/

Зоран Божиновски за Ален, неговиот Мустанг и дилањето дрога. https://www.facebook.com/zoran.bozinovski/media_set?set=a.1674037791403.71110.1851189577&type=3
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Сашо Мијалков
mijalkov2.jpg mijalkov-620x414.jpg
Сашо Мијалков директорот на УБК односно директор на сите тајни служби на Македонија што по било кој закон е невозможно е човекот кој го контролира целиоит тек на криминалот и криминалците во МК. Да неречам Сашо Мијалков е капо ди тути капи... Мијалков покрај безбројте финансиски и политички криминали кои не ги коментираме на оваа тема има и безброј негови сопствени криминали и луѓе преку кои контролира се. Мијалков и неговите пипци во подземјето... Ке пробам да напишам што повеке.
Главен личен криминален бизнис на Сашо Мијалков е агенцијата за обезбедување SGS (Secirity Group Services) покрај тоа што оваа агенција по наместен легален пат ги обезбедува сите институции во МК патарините, болниците, ЕВН, училиштата, автобуските и железничките станици SGS ги обезбедува и сите профитабилни бизниси во МК кафичи, дискотеки, ресторани, фирми, фабрики а кај оние особено профитабилните Сашо праќа човек кои ги надгледува финансиските работи на локалот од кои покрај големата дневница за многуте обезбедувачи на локалот за Мијалков оди и 50% од вкупната заработка на локалот. Ако не си послушен и задоволен со 50% се разбира наскоро ке биде и 100% чисти за него. SGS полека, но сигурно станува Параполиција. Неизбежно е да се каже дека Сашо Мијалков тотално и апсолутно го контролира нарко пазарот низ и во Македонија како најпрофитабилен криминален бизнис. Скопската нарко дилерска елита која е моментално главна за нарко бизнисите во МК ја контролира Мијалков. Исто така и албанската криминална гранка во МК во голем дел ја контролира Мијалков се разбира преку албанските политичари. Останатите криминални бизниси во и низ МК како што се трговија со цигари и трговија со алкохол исто така Сашо ги држи на дланка. Интересно е да се каже дека Сашо Мијалков е главен и одговорен за многуте платени убиства и атентати кои се случија во изминативе 4, 5 години меѓу кои најпознати ни се убиството на Никола Младенов кое е чист атентат поради недоговорена послушност исто така и убиството во Куманово на Командант Шќипоња од пред некој ден е изрежирано чисто од него најверојатно повторно поради непослушност или опасност дане се истресе нешто пошто Шќипоња бил главен на СГС за Куманово и еден од организаторите на терористичкиот напад во Куманово во мај годинава кои исто така беше апсолутно изрежиран од фамилијава Груевски ем Мијалков. Инциденти и престрелки нема со Сашета пошто е криминалец балкански од најголем калибар и до нив не допираат лично тие работи освен ако не ги атентираат како што они атентираат. Единствено познато е дека Сашо Мијалков му влегол на Дејан Урко во канцеларија и го удрил со бокс во глава некое време пред да успее тотално да го отстрани Урко од функцијата телохранител на Груевски. Малку е надвор од темава ова али вреди да се каже за милјардерот Сашета дека тој за неговите легални бизниси кои се нелегално превземени или основани како што се СГС, такси компанијата негова во Скопје и Охрид, Тинекс маркети и многу дискотеки и фирми и фабрики низ цела МК тој не плаќа кирија, ниту данок, ниту провизија, ниту царина. За вакви милијарди и баба знае другари... Колку е да е успешно неговото грепчење за да се задржи како неофицијален владетел на Р. МК. нека се потсеќа одвреме навреме колку го коштаа валканите игри татко му Јордан кои во 1991 година беше атентиран во Србија.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Шетај Брутус и остави луѓе да си пишуваат.
шетав до сега. сто степени надвор не е за шетање. текстов за мијалков е океј ама за разлика од другиве за криминалци кои се со наводно или се шпекулира овде има тврдење дека го убил младенов. без везе е тој дел...[DOUBLEPOST=1437829625][/DOUBLEPOST]
значи бурето :) он и се налути на оваа сашка за текстов дека му го украла.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
шетав до сега. сто степени надвор не е за шетање. текстов за мијалков е океј ама за разлика од другиве за криминалци кои се со наводно или се шпекулира овде има тврдење дека го убил младенов. без везе е тој дел...[DOUBLEPOST=1437829625][/DOUBLEPOST]
значи бурето :) он и се налути на оваа сашка за текстов дека му го украла.
Бурето го пикнаа во апс со Велија. :(
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.177
Поени од реакции
18.250
Потоа на 11 јуни 2011 година Ален заедно со Дејан Урко во ресторан на нарко дилер (Тирона) во Струга го претепуваат Јордан Рамзоски Петруш поради непослушност иначе Петруш бил висок полициски функционер.
Јордан РаЗмоски - Свети Еразмо :ROFLMAO: Инаку настанов веројатно е поврзан со кокаинот на Чочоровска запленет на Блаце, според многумина низ Охрид и Струга.
Надлежноста на СВР Охрид е огромна територија - Преспа, Охрид, Струга, Дебар, Кичево, М.Брод.Посебно битно добар дел од западната граница која е доста активна.
Размоски беше началник на униформирана полиција, тргнат е наводно поради огромни апетити и тргање настрана на дел од профитот од ‘бизнисот‘ и неделење со главните.Размоски бил цимер со Љупчо Тодоровски - Радникот, од тогаш останале во пријателски односи.
Рекет и од бизнисмени и од полицајци за одредена сума.Ако не соработуваш добиваш место во црна хроника (http://kajgana.com/krivichna-prijava-za-policaec-od-kjafasan-koj-zel-50-evra-potkup) и тв (‘акцијата‘ Бумеранг), смена на командирот и пола вработени на преминот.
Размоски е без соодветно образование (исто како и неговиот внук, а и бившиот началник во СВР Охрид) еден период на таа позиција, ама тука е неговиот пријател Фијат Цаноски и ете ти диплома за детективи :rolleyes: Добро е запознат и со бизнисот за старо железо и акцијата за смена на Петрески на последните локални избори.Киднапирања, тепања, преобратувања на локални фаци, специјалци во цивилка со лажни таблици итн.Не беше повикан на процесите за диво ископување археолошки наоѓалиште кога најпознатиот обвинет беше Паско Кузман, роднина на дотичниот.Меѓу нив е и заеднички пријател, сопственик на агенција за обезбедување - исто јак локален бивш полициски инспектор (НТШ).

Во меѓувреме, денес во 13:30 пред хотел Дрим е убиен Аргетим Асани, проблематичниот заменик директор на УЈП.Асани не беше во добри односи со главниот кум, а ниту со Села.Асани беше повреден и во тепачка лани на состанок за избор на локален претседател на ДУИ поради ривалство меѓу кланот на бившиот градоначалник Мерко и пратеникот Арбен Лабеништа.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
@Црноризец Храбар ова ти го имаш напишано или зоран буре?
Јас лично го пишував. Иначе многу малку имам прочитано од Зоран за Мијалков пошто и не ми е нешто интересен. Попатно Мијалков го среќавам во текстовите на Зоран. Исто така од устите на сите што чепнале по малку и се повлекле ради разум сите кажуваат зад главните локални дека стои Мијалков. Текстот е од мене напишан од се што сум слушнал валидно иначе од Зоран видов дека има неколку добри за Сашо и кога ке ги прочитам ке надополнам. П.С. Кога правам текст со помош на некои извори ги споделувам на крајот од текстчето сите.[DOUBLEPOST=1437835451][/DOUBLEPOST]
Бурето го пикнаа во апс со Велија. :(
Небеше со Велија многу после него со акцијата Пуч али го ослободија за кратко. Да не бидам пристрасен бранител, но чиста местенка каква што десетици пати му прават.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Сашо Мијалков
Прегледај го приврзокот 125171 Прегледај го приврзокот 125172
Сашо Мијалков директорот на УБК односно директор на сите тајни служби на Македонија што по било кој закон е невозможно е човекот кој го контролира целиоит тек на криминалот и криминалците во МК. Да неречам Сашо Мијалков е капо ди тути капи... Мијалков покрај безбројте финансиски и политички криминали кои не ги коментираме на оваа тема има и безброј негови сопствени криминали и луѓе преку кои контролира се. Мијалков и неговите пипци во подземјето... Ке пробам да напишам што повеке.
Главен личен криминален бизнис на Сашо Мијалков е агенцијата за обезбедување SGS (Secirity Group Services) покрај тоа што оваа агенција по наместен легален пат ги обезбедува сите институции во МК патарините, болниците, ЕВН, училиштата, автобуските и железничките станици SGS ги обезбедува и сите профитабилни бизниси во МК кафичи, дискотеки, ресторани, фирми, фабрики а кај оние особено профитабилните Сашо праќа човек кои ги надгледува финансиските работи на локалот од кои покрај големата дневница за многуте обезбедувачи на локалот за Мијалков оди и 50% од вкупната заработка на локалот. Ако не си послушен и задоволен со 50% се разбира наскоро ке биде и 100% чисти за него. SGS полека, но сигурно станува Параполиција. Неизбежно е да се каже дека Сашо Мијалков тотално и апсолутно го контролира нарко пазарот низ и во Македонија како најпрофитабилен криминален бизнис. Скопската нарко дилерска елита која е моментално главна за нарко бизнисите во МК ја контролира Мијалков. Исто така и албанската криминална гранка во МК во голем дел ја контролира Мијалков се разбира преку албанските политичари. Останатите криминални бизниси во и низ МК како што се трговија со цигари и трговија со алкохол исто така Сашо ги држи на дланка. Интересно е да се каже дека Сашо Мијалков е главен и одговорен за многуте платени убиства и атентати кои се случија во изминативе 4, 5 години меѓу кои најпознати ни се убиството на Никола Младенов кое е чист атентат поради недоговорена послушност исто така и убиството во Куманово на Командант Шќипоња од пред некој ден е изрежирано чисто од него најверојатно повторно поради непослушност или опасност дане се истресе нешто пошто Шќипоња бил главен на СГС за Куманово и еден од организаторите на терористичкиот напад во Куманово во мај годинава кои исто така беше апсолутно изрежиран од фамилијава Груевски ем Мијалков. Инциденти и престрелки нема со Сашета пошто е криминалец балкански од најголем калибар и до нив не допираат лично тие работи освен ако не ги атентираат како што они атентираат. Единствено познато е дека Сашо Мијалков му влегол на Дејан Урко во канцеларија и го удрил со бокс во глава некое време пред да успее тотално да го отстрани Урко од функцијата телохранител на Груевски. Малку е надвор од темава ова али вреди да се каже за милјардерот Сашета дека тој за неговите легални бизниси кои се нелегално превземени или основани како што се СГС, такси компанијата негова во Скопје и Охрид, Тинекс маркети и многу дискотеки и фирми и фабрики низ цела МК тој не плаќа кирија, ниту данок, ниту провизија, ниту царина. За вакви милијарди и баба знае другари... Колку е да е успешно неговото грепчење за да се задржи како неофицијален владетел на Р. МК. нека се потсеќа одвреме навреме колку го коштаа валканите игри татко му Јордан кои во 1991 година беше атентиран во Србија.
Dali 10% od ova e vistina! Ama fino u sekoj sluchaj...se zabavlja narod!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom