Изложби на кучиња

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
Во недела (21 септември) има специјалка за Ротвајлери.
Специјалката ќе се одржува тука (https://www.facebook.com/pages/Pista-Caffe-Novo-Lisice-kaj-avionot/402548733098687?fref=ts)

Идеме ;)

Стави го ова во темата Заеднички излегувања ...собиранки...може да се организираме....иако вечерта сум на опа-иха
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
11 април 2012
Мислења
4.287
Поени од реакции
4.689
Како помина изложбата викендов? Задоволни/незадоволни? :) @wiksa
Ние сме задоволни. Манекенчето наше собра JCAC (JUNIOR CHAMPION), JBOB (JUNIOR BEST OF BREED) и BOB (BEST OF BREED).
Со освојување на JCAC и официјално си ја освои титулата јуниор шампион на Македонија.

Требаше да трча и во главен ринг најмалку уште 2 пати за најубав во 5 fci категорија и за најубав јуниор, ама не останавме за нив поради здравствени причини на хендлерот.

Испратено преку македонски пошти
 
R

Redhead

Гостин
Ние сме задоволни. Манекенчето наше собра JCAC (JUNIOR CHAMPION), JBOB (JUNIOR BEST OF BREED) и BOB (BEST OF BREED).
Со освојување на JCAC и официјално си ја освои титулата јуниор шампион на Македонија.

Требаше да трча и во главен ринг најмалку уште 2 пати за најубав во 5 fci категорија и за најубав јуниор, ама не останавме за нив поради здравствени причини на хендлерот.

Испратено преку македонски пошти
Браво, честитки за лепотанот. :D
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Денес наместо Цациб Битола,се одржа циркус-ИБ Битола...
После се чудиме зошто никој не го почитува КСМ...
Само видете им ја групата на ФБ,и кинете се од смеа..
Како колеги,одгледувачи,судии се пукаат меѓу себе јавно со најпогрдни зборови...
Па тие кога се навредуваат така шо останува за "обичните смртници"..
Да се вратам на темата....
Цациб Битола 2015...:pos:
Која пародија од организација....
Како прво,3 дена врнеше во Битола,а изложбата наместо на стадионот на бившата АРМ(каде шо се одржуваше на времето)ја организираат на обичен искршен паркинг.,зошто?Зошто стадионот го поебаа и сега е градилиште на згради...:facepalm:
Резили невидени,па уште го носи името ЦАЦИБ...
Овие не заслужуваат ниту ревијална изложба да им се додели камоли ЦАЦИБ....
Од толку места низ Битола во оваа"нивата"се резилат пред странците..
Еве за шо се работи...
Господинот(напред на сликата) со шарпланинецот е сопственик на европски шампиони,можеби најдобрата одгледувачница во Европа..
И во ваква нива ги ноди кучињата,абе резили...
Па ставрно будала е шо оди од Унгарија,прај толкав пат за шо?


Дојдоа странците,кој со сако,кој со костум...а нашите научени на условите сите по тренерчиња,имаше еден со гумени чизми го извади кучето во рингот...
Да се вратам на изложбата....(како прво да кажам дека не учествував,туку само гледав)...
Јасно им е на сите шо учествувале на изложби шо се случува и како се земааат наградите(со секоја чест на исклучоците),па нема да измислам топла вода,ама мене како неискусен љубител на изложби ми е многу чудно...
Денес она шо го видов е во најмала рака мизерно и срамно...
Истиот овој судија при избор за ЦАЦ во расата Кане Корсо дозволи една натпреварувачка(ос Србија беше госпожата)да му суфлира и дофрла на сред дуел со противникот..
Да ти ебам и судија и се..
Наместени кане корсата во став демек да ги гледа судијата да избери кој е подобар(мажјаци беа)и си стојат сега двата хендлери еден до еден а судијата "наводно одлучува".
И шо прај госпожата од Србија?
Па онакво подло нешто неам видено досега...
На сред избор зеде да коментира за изгледот на противничкото куче:vozbud::facepalm:
Му вика МА ВИДИТЕ МУ ЊУШКУ ,МОЈУ ПАС ИМА БОЉИ КОРАК,МОЛИМ ВАС,МОЛИМ ВАС....мрч,мрч,бла,бла,дрн,дрн..
5 минути му го дудла на судијата,а овај другиот хендлер кутриот седи стаписан и ќути..
Му ја кројат судбината и си ќути...
И нормално по толку :pusigo: погодувате кој победи?:smirce:
Па мене онакво нешто да ми се случеше,прво ќе ја исфрлев од рингот за уши таа кокошката српска,после ќе го плукнев в сурат тој судијата,и ќе си заминев одма...
Да ти ебам и изложба и се,после се чудат зошто толку малку луѓе им одат на изложбата....
Друг случај со истиот овај судија(од Србија беше дечкото)....
Избор за ЦАЦИБ во раса ротвајлер.
Дечкото до масата(послабиот не овај дебелиот)ми е другар...
И прво тој ја извади женката,оди во корак се,ок беше и му вика судијата после честито 5ка и Цац...
И одма после ова следува приговор од дебелиот господин со шарените тренерки од Србија,му вика абе и јас сум во оваа класа...(шо е нормално да го потсети судијата)...
И ајде двете кучки во рингот,е сеа мора да се признае дека презентацијата на другарчето беше послаба,се изгуби малце кучката во коракот покрај другото куче,а и се вознемири и почна да џавка и да бара фајт...:pos:
И нормално одвај чекаше Србинот и наградата отиде кај Србинот..
За квалитетот на кучињата не би коментирал да не излези дека плачам сега,ама имаше евидентна разлика меѓу женките(во висина,гради,крзно,пигмент,боја на очи)итн..
Да се надоврзам на муабетот..
Слична ситуација во друга група(но со друг далеку пореален судија)..
Од Хрватска беше дечкото,секоја чест..
Имаше тесен и многу неизвесен избор за БОБ во расата америчка акита..
Една одгледувачница од Битола имаше навистина салам примерок..
Став,корак,презентација се...
И имаше еден дечко од Тетово..
Со далеку послаба презентација,послаб корак на куче итн..
Шо ми е муабетот?
Абе додека ја донесе конечната одлука за победникот сто пати ги гледаше судија,во различни агли,во корак,во кас итн....
Е така се донесува одлука кога е неизвесен исходот,а не само по едно гледање и ајде пресековме и донесовме конечна одлука...
И најјакото беше за избор на БИС...
Избираат трето,второ место..
И тимот на победникот(ротвајлер беше) не ни дочека да го прогласат победникот,демек ајде бе ова местено е неаме шанси да тепаме..
И си заминаа со кучето накај колата...
И го читаат победникот на изложбата и нешто во стилот на ТЕСНА КОЖА-ЈА САМ ИЗНЕНАЃЕН...:vozbud:
Па се враќа назад во стилот како АБЕ ЗНАЕВ ЈАС ДЕКА ЌЕ ТЕПАМ,НАЈДОБАР СУМ.....
Абе Боливуд(не Холивуд)...Боливуд...
И после се чудиме зошто кинологијата е на ова дереџе...
П.С.
Ете Прилепчани како се снајдоа и колку подомаќински и посредено ќе изгледа утрешната изложба....


Џабе е бе,не не бива за организација нас Битолчани...:sramezliv:
Нека научат малку од комшиите,не мора од другите држави,нека видат кај комшиите како се прави ова,а не онде на обичен искршен паркинг го лажат народот...:shook:
 
Последно уредено:

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Јас бев на изложбата, на саат време и си отидов. Чисто да видам како е. :D Еве некои фотки:








Само корги и шиба ги сликав, најинтересни ми беа. (меѓу нив мораше и Беки да позира). :D Како и да е, супер поминавме за тоа време, на почетокот Беки беше превозбудена, но од жешкото почна да се смирува, на крај беше испружена на трева и време и' беше за дома да оди.
Едит:
Еве и еден дечко што си бендиса таму 11149163_10202758905213516_2094693692_n.jpg
 
L

Lu

Гостин
И ние бевме денеска на изложбата, околу 12:45 стигнавме, и веќе пола си имаа отидено ... што тоа и ни беше целта, да дојдеме кога ќе биде порастеретено и ќе има помалце гужва, а воедно и да го видиме финалето ... најинтересниот дел.

Супер беше, само некако малце кучиња имаше пријавено, зедов каталог и видов 136 или 137 кучиња беа пријавени, вклучувајќи ги и странците нормално, имаше од Русија бајаги, од Србија, од Норвешка исто.

Имаше 4 Добермани пријавено, 3 црни и 1 кафеав.

Победник на изложбата, односно носител на BIS (Best In Show) титулата беше црно Чау Чау од Русија.
 
L

Lu

Гостин
Денес и утре има изложба за кучиња во хотел Белви (линк од локацијата).

Почнува од 10 ч. и трае до околу 15 ч.
Ние тргаме за саат време.

А и утре исто така ќе сме таму, со екипата од Кајгана, па кој сака слободно може да ни се придружи :)
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Малку касно но секако нема многу слики бидејќи главно сликав лабрадори а и картицата беше полна од претходно, така да ете чисто да не е без ич :)
DSC_0587.jpg DSC_0662.jpg DSC_0817.jpg stefan (4).jpg
 
L

Lu

Гостин
Во саботата (16 мај) учествував на CACIB (интернационална) изложба за кучиња, во хотел Белви.

Општо имаше премалку пријавени кучиња на изложбата, вкупно 102 ... заразлика од изложбите викендот на 2 и 3 мај, што исто така се оддржаа во хотел Белви, и имаше над 200 кучиња пријавено.

Впечаток ми остави само Бордошката Дога, и Ротвајлерот од Србија, од одгледувачницата Schwarze Schild кој што беше навистина прекрасен примерок.



Исто така од Доберманите имаше само 2 пријавени женки ... мојата Доберманка, и уште една од Русија.

Ние „ја тепавме“ Доберманката од Русија ... со тоа што ги собравме титулите CAC, CACIB и BOB (Best of Breed) - најдобар претставник на расата :)



 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Prochitav na eden forum deka trebalo da se predade kopija na pedigreto, a ne originalot za na izlozhba. Mislenjeto beshe od poodamna, no ne znam dali ushte toa vazhi. Mislenja i iskustva vo vrska so ova?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom