Фан Клуб: Валенсија

Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Го слушав интервјуто со агентот, никаде не спомна дека не е задоволен од клубот, дури напротив неколку пати повтори дека ептен ја сакал Валенсија и посебно навивачите, но ова му било „животна шанса“ која демек не сакал да ја пропушти.

btw Paco always scores!

Нолито знае што прави :D
ах да, ама мислам дека рече Отаменди ќе направи се за да си отиде од Валенсија (нешто во тој стил).

Мустафи во музички спот :D
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007

@Atso Баш гром од ведро небо. Може да игра и дефанзивен среден и централен дефанзивец. Во Шпанија ова го пишуваат за него: Forcefulness, speed and technical ability to transition defense-attack.

А новинарите како досега со Салво појма си немаа. :D
 
се плашам само да не е некое срање на Мендес и он да ни го увалил во клубот. (а 99% тоа е.)

http://espn.uol.com.br/noticia/517727_comprador-de-rodrigo-caio-e-superagente-de-cristiano-ronaldo-nao-o-atletico-de-madri

според овој линк, Мендес го купил Каио а не Валенсија.

веројатно виде на твитер што напиша General de Piе, дека со доаѓање на Каио се затвори вратата за Имбула, играч што многу сакаше да дојде во Валенсија, одличен, токму тоа што и треба на Валенсија, плус Руфете пола година и повеќе го прати.
Ова не ми изгледа на добро. Мендес не дупчи, Руфете е изигран. Зарем не сватија какви будали испаднаа со Видал и Вието лани?
тоа е, Имбула ќе отиде во некој клуб и ќе растури, идна светска ѕвезда.

Мендес ни донесе дете од Бразил (немам ништо против него) што како мал имал тешка повреда, пред година дена повторно ги искинал лигаментите. И нешто малце позитивно прочитав за него, во Бразил викаат дека се движи како шкорпија и лесно одзема топки.
Имбула мислам дека е класа за Каио, барем ако не друго сакаше да игра за Валенсија, а овој Каио ако се погоди дека е добар нема да биде потребно многу време за Мендес да го однесе во Челзи или Јунајтед.
скептик сум.

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Изгледа ќе го добиете Имбула, и ние сме заинтересирани за него ама копилето не било задоволно од проектот на Интер и најверојатно ќе иде кај вас.

А уствари кој кур е овој Имбула?
 
Член од
16 април 2008
Мислења
2.524
Поени од реакции
2.376
Изгледа ќе го добиете Имбула, и ние сме заинтересирани за него ама копилето не било задоволно од проектот на Интер и најверојатно ќе иде кај вас.

А уствари кој кур е овој Имбула?
Имбула ти е Кондогбија за сиромашни...
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Изгледа ќе го добиете Имбула, и ние сме заинтересирани за него ама копилето не било задоволно од проектот на Интер и најверојатно ќе иде кај вас.

А уствари кој кур е овој Имбула?
не си ми го прочитал постот над твојот :P

Валенсија донесе некое дете на Мендес - Каио (12.5+4М) и веројатно ништо од Имбула.
Валенсија со Имбула се имаа договорено на 5 годишна соработка, остануваше само договор помеѓу Марсеј и Валенсија. Валенсија нудеше 19, они бараа 25, веројатно ќе паднеше договор на 22+бонуси.
јбг, Нуно ги изиграа Салво и Руфете, според информациите на состанокот пред некој ден Нуно се согласил дека за секој трансфер ќе треба сите(он, Салво и Руфете) да се согласат и наводно дал зелено светло за Имбула.
Ден после состаноков Нуно им го забил ножот у грб, Нуно отишол на одмор во Португал и со Мендес договориле трансфер Каио без они да знаат. Како што пишуваат по твитер они разбрале од твитот на Сао Пауло :eek:
Валенсија си го наруши реномето, после долги преговори со Марсеј, испадна дека донеле некој трети играч и одма се откажаа од Имбула. Ќе видиме можеби Валенсија сеуште има шанси за Имбула, но драстично се намалија, дел што донесоа играч за таа позиција, дел што ќе неможат да го остварат трансферот поради ФФП.

Имбула го имам гледано само неколку пати, додека многу позитивни работи прочитав за него. Да бидеш омилен играч на лудакот Биелса е веројатно уште една од добрите работи :D гледам го споредуваат со Виеира, не е класичен задњи везни, нешто као б2б играч, а го има секаде по теренот и напад и одбрана. Играч што памтено си ја гради кариерата и не му се пари во прв план, сакаше да дојде во Валенсија зошто го убедија во проектот и каде веројатно ќе играше и ќе беше клучен играч, иначе пред година дена одбил да иде во Челзи зошто не би било добро за неговата кариера.

Мендес и Нуно многу ме разочараа со ваквиот потег, не сакам да верувам дека Мендес ќе ја направи Валенсија од она што се плашев, ама ова се потези што асоцираат на тоа. Сепак ја верувам дека има начин да се стопираат и работите да бидат на прав пат се додека е Салво во клубот. Ама ако Салво си замине . . . .:(
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Вечерва имаше интересно интервју на авторот на книгата на Мендез, Jonathan Sánchez за Radio Taronja. Еве што изјави:

- Не разбирам зошто валенсијанизмот се жали на тоа што го прави Мендез кога тој само помага Валенсија да стане уште поголем клуб, и тој заедно со Салво го донесе Лим.
- Мендез секогаш се обидува да помогне, и не сака да пречи.
- Нуно, Салво, Лим и Мендез се движат во иста насока. Нека сите го знаат тоа. Не ми е позната неговата релација со Руфете.
- Салво и Мендез се во одлични односи. Малце се претерува во Валенсија.

- Салво знае дека Мендез сака само да помогне, не верувам дека се спрема нешто против Руфете
- Мендез не е спортски директор на Валенсија.
- Додека лично не ги слушнам Салво и Руфете да се пожалат, не верувам ништо во тоа што го пишуваат медиумите.
- Салво и Руфете знаеја за интересот за Родриго Кајо.

- Не смееме да дозволиме некој медиум колку и да е влијателен, да создава лажна слика за тоа што се случува во клубот.
- Кога нема натпревари и нема за што да се зборува, новинарите мораат да измислуваат вакви „информации“.

- Постојат новинари кои се обидуваат да ги свртат навивачите против Нуно.
- Го молам валенсијанизмот да ужива. Салво и Мендез се слагаат одлично. Впрочем на 4 јануари го славевме роденденот на Мендез и таму беа присутни и Салво и Руфете.
- Тоа што го прават медиумите е непочитување кон навивачите, кои не можат да уживаат по добрата сезона.
- Ако Нуно во младинската екипа има играч кој според него ќе го подобри тоа што веќе го има во првата екипа, тој ќе го користи.

- Валенсија со Мендез, Салво и Лим е клуб кој се наоѓа во најдобрите раце во светот на фудбалот.
- Со Хорхе Мендез ниту една операција не е лоша. Ако Родриго Кајо не успее во Валенсија, тој ќе го продаде на друго место за уште поголема сума.
- Не мислам дека Салво има лоши зборови за Лим, Нуно или Мендез.
 
најдобро кажа дека поради вакви работи навивачите на Валенсија неможат да уживаат во одличната сезона.
иначе не заборавај дека Салво пред некоја недела кажа: “Мендес е никој и ништо во Валенсија“ :D
 
MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
најдобро кажа дека поради вакви работи навивачите на Валенсија неможат да уживаат во одличната сезона.
иначе не заборавај дека Салво пред некоја недела кажа: “Мендес е никој и ништо во Валенсија“ :D
Цел свет знае дека Мендез е еден од најблиските пријатели на Питер Лим. Очигледно беше дека мнозинството од играчите кои ќе доаѓаат во Валенсија ќе бидат негови играчи. И јас не мислам дека е лошо да се биде во ваква ситуација. (пр. Андре :D) Не е перфектно, но е многу подобро од кога за нас пазаруваше Браулио.

Свесни сме дека Валенсија моментално не се наоѓа во самиот врв на европскиот фудбал, најмногу поради ограничениот буџет и состојбата во шпанскиот фудбал. Секогаш ќе се најде некоја екипа која ќе му понуди на некој наш играч доста поголема плата, која моментално Валенсија не може да му ја даде. Но јас се радувам што тргнавме во добра насока и сигурен сум дека за неколку сезони ситуацијата ќе биде тотално различна.

Инаку Салво го рече тоа во врска со Мендез најмногу како одговор на оние од SER, но да не заборавиме дека Мендез е пријател на Лим, а Лим е газда и може да прави што сака. Сепак се пријатели и не верувам дека би правел нешто со што би му наштетил на клубот. Ако го направи тоа Лим ќе загуби. А не верувам Лим да е толку глуп. :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
Руљи се поблиску до Валенсија, иако играчот сака да остане во Сосиедад, компанијата што поседува 50% од неговите права се залага за тоа он да потпише за Валенсија.
исто така и 29 годишниот играч од Селта, Аугусто Фернандез според медиумите во Аргентина е пред потпис со Валенсија (6М).

Отаменди и јавно се изјасни дека сака да си замине.
Како што реков сакам да остане за углед на клубот дека повеќе нема да има продажба на најдобрите. Дрско од негова страна што после една сезона сака да си замине, пред година ипол кога Порто сакаше да го продаде т.е. буквално беше избркан од Порто и не беше регистриран за вториот дел од сезоната во Португалија, никој не сакаше за него да ја плати сумата која Порто ја бараше. Валенсија дури го купи и откако заврши трансфер рокот, па мораше да иде на позајмица. Отиде во Бразил што киксираше киксираше, дојде во Валенсија и ја изигра сезоната на својата кариера (не верувам дека може подобро од ова), рака на срце веројатно оваа одлука ја има донесено доста време пред да заврши сезоната и фала му што изигра до крај со срце за Валенсија да се најде во ЛШ. Ако дојде Гарај мислам дека заминувањето на Отаменди нема многу да се осети, играч што низ цела своја кариера бил далеку по константен.
Отаменди ќе почне да го цени она што го имаше во Валенсија кога ќе го изгуби истото, ретко кој за така кратко време стана миленик на навивачите. Зошто не верувам дека и во Англија ќе му продолжи бајката, ЛВГ игра тотално различна одбрана од Нуно, висока поставеност не верувам дека би му одговарала. 50М (за кој се надевам дека ќе ги донесе) се многу пари за дефанзивец, ќе игра под притисок, а таму медиумите ќе чекаат негова грешка.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520

И Андрија го ретвитна така да вероватно е готово :D
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363

И Андрија го ретвитна така да вероватно е готово :D
хмм, уште не пренесе некој по релевантен извор :D така да незнам ..

според последните информации овој Руљи Сити ќе го купеле, па ќе го прателе во Валенсија на позајмица.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
- Валенсија се откажа од Имбула, Арсенал сега главен фаворит за негов потпис.
- Бакали по четврт пат “потпишува“ за Валенсија, ама сега по веродостојни извори. (секако, кога на Руфете му се “одзема“ моќта, зошто веројатно само он беше против Бакали поради неговиот проблематичен карактер)
- мистичниот трансфер на Кајо, уште без дата на пристигнување во Валенсија, потпис без претходни шпекулации, многу во клубот незнаеа за негов трансфер, уште нема дата за медицински преглед (Мендес ефект)
- Валенсија нема скаути на ЕП до 21 година, веројатно ќе се пазари само од Мендес.
- Португалски Рекорд пишува дека Живковиќ има пред договор со Бенфика. Живковиќ е “поделен“ на три дела, Партизан, татко му и Захави сите имаат права на него. Захави им го ветил на Бенфика, ама Валенсија има шанса да го предомисли.
- според ЛевантеЕМВ, главен кандидат да го замени Отаменди е Гарај, моментално според СЕР Сити се фаворити за Отаменди.
- Витсел е старо-ново име, откако Зенит мора да продава играчи за да го балансира ФФП.
- Катро си замина поради приватни причини, Глазгов назначи некој нов тренер, а сега се шпекулира дека ќе гo превземе Њу Касл.[DOUBLEPOST=1435091755][/DOUBLEPOST]таа е таа островска штампа :D
Arsenal, Manchester United and Liverpool target 'new Eden Hazard' to sign for Valencia

на Бакали мислат :)
веројатно ќе биде официјално во следните неколку денa, Бакали ќе има време летово да го убеди Нуно дека за него уште одма има место во Валенсија, ако не чичко Мендес ќе го прати негде на позајмица.
 
Последно уредено:

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Изгледа готова е работата со Парехо. Ќе потпише до 2020 година, повисока плата и клаузула од 50 k. (y)
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.280
Поени од реакции
8.446
Клаузулава ми дава надеж дека во Вардар ќе дојде :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom