Лига на шампиони 2014/2015

Статус
Затворена за нови мислења.
Интересно финале ќе биде утре. Веспрем како екипа се печени за трофејот, ја имаат играта, прав колектив се и плус одлични на секоја позиција.

Барса многу зависи од индивидуалните перформанси на Кире, Нико и Шариќ. Они ако играат одлична партија, ќе му биде многу тешко на Веспрем. Пасквал не е дораснат на Ортега.

Јака утакмица не чека дефинитивно. И фала богу конечно без германец во финале.

Нека лапаат Кирца и Сигурдсон ЛШ титула како круна на кариерите :)
 
Очекувано,посебно за Веспрем..
Од авион се гледа(ше)цела сезона дека имаат комеплатна екипа(освен замена за Илиќ)...
Не го гледав денес второто полуфинале(ќе глеам снимка)ама кога го видов крајниот резултат воопшто не се изненадив..
Па уште и 25.5 им дале бе?
Не се нормални?
Па на онаа одбрана на Кил,со оние голмани шо ги имаат со мижење ќе дадат минимум 26 гола...
Иначе за првото полуфинале,одличен меч,полн со пресврти...
Штета за Киелце и за Агинагалде,ако го имаа него во ростерот можеби ќе беше подруго..
Барем со Муса да пробаше Талант(ама тој сам си знае,и во добар дел добро делуваа со Михал на пикер,дечкото е машина и се би играл)....
Да не направеа толку технички грешки(а и судењето баше малку чудно,небаре СП Катар гледаме)....:pos:ќе беше подруго...
Како и да е,заслужуваат честитки,за нивното вложување,за Талант,за цел тој проект..
Киелце е екипа како Веспрем,доста вложуваат(доста години),можеби не колку Веспрем во континуитет ама доста..
И сигурно допрва доаѓа нивното време,заедно со времето на ПСЖ(со Нико и Нока наредна сезона)...:cool:
Иначе за Барса шо да кажам,машина невидена...
Конечно се свести ТРКАЛОТО ОД ТРЕНЕР и не си игра :kuracc:со тие глупите ротации од лани..
Кога еден дооден играч како Рутенка го играше преку 2/3 од мечот,и губеше неверојатни разлики...
Ако го оставеше уште некоја минута Рутенка денес и 10 разлика немаше да бидат доволни...
Loose end е дечкото,изгубен Германец,му помина времето....
Доста му е на дечкото,време му е за Вардар(ако го сакаат,ако не нека бега во Мешков)....
Иначе денес,заслужено Барса победи,ако се оценува мечот еден збор е доволен НИКО,машина е дечкото...
Плус во вистински момент влезе Шариќ со тефтерчето:гик:(сигурно добро си ја сработил задачата)и знаеше точно кај ќе шутираат Пољаците..
Е ова е голман,не само да чека ко Борко блокот да му заврши работа,а тој муви д абрка,треба студирање на противникот,анализа и се...
Да се вратам на Нико...
Ако си оди од Барса(а најверојатно си оди)треба да прогласат ден на жалост во Каталонија...
Онаков играч нема да се роди во наредните 100 години,уште отсега нека го прогласат за играч на 21 век,да не се чека да заврши векот..
Машина...според мене најкомплетниот играч шо некогаш играл ракомет.....
Многумина не го сакаат,претотентен е,дрзок ама каде е тој таму се титулите...
А уште долго една екипа нема да има таков тандем бекови како Нико и Кире...
Ако го затворат утре Нико тешко на Барса,посебно шо освен Кире немаат некој разбивач од надвор...
Раул и Дани се техничари и многу зависат од бековите и пикерот,ако ја затвори Веспрем средината ќе ја умртват цела игра,посебно ако заприметивте а немаа идеја шо со топката цело време пробуваа или со два пикери,или индивидуално низ средина да се изигра нешто,или два на два со пикер,или утрчување на едно од крилата на линија,така ја решија зоната на Киелце....
Мислам дека со Веспрем лошо ќе поминат со нивните тепачи,дефинитивно најдобра одбрана имаат(според мене):sakasuste:,а имаат и тоа како фајтери за ова(Шуч ненормалната битанга):pos::sakasuste:,Терзиќ,Сулиќ,Наџ,Илиќ(ако не го чуваат само за напад)плус Гал суртукот на крај кај Сигурдосон..
Ова се прекалени дефанзивци и не ми се верува да дозволат такво ШЕТАЊЕ..
Посебно од Нико и пикерите....
Овде ќе се бие битката...

Кире не е РВАЧ,и ќе има голема мака со неговиот чувар....Дали Терзиќ,или Илиќ...
Ќе треба доста работа,блокови од пикер,помош од среден бек...
А,ако ја стегни средината Веспрем ќе треба доста со два пикери да играат...
А прашање е како ќе поминат покрај Шуч и Терзиќ :sakasuste:Валур и Томас,салата ќе ги направат...:ojeaa:
Ќе има доста ќотече утре..
Типувам најмалку 7,8 исклучувања за Веспрем:icon_mrgr:,и црвен за Шуч....:pos:(нема поблесав играч од него,разбивач)....
И секако голманите,тука се негде двете екипи со голманите..
Искусно старо куче како Шариќ,младо зелено,надежно и екстра талентирано голманче како Варгас-на другата страна според мене најдобриот голман во ЛШ сезонава(Миклер,и Мирко пацерот)...
Кој ќе ја добие овде битката ќе има голема предност...
И секако учинокот на двоецот Нико-Кире,против Илиќ-Наџ...
Тука се негде двете екипи...
Тактички според мене во предност е дефинитивно Веспрем,Ортега е пред Пасквал,сигурно ќе има некој џокер од ракав...
За разлика од тркалото Пасквал кој ќе се крсти во Нико-Кире...(ако освојат нека им даде дел од премијата,зошто без нив ништо)...:pos:
Моите симпатии се за Барса(отсекогаш)ама можеби ќе биди добро за ракометот една екипа која вложува тешка пара децении наназад конечно да лапни титула(заслужено)...
Малку да се измеша тој центар на моќта-Шпанија-Германија...речиси 10 години доминираат,од титулите на Цеље и Монпеље ниедна екипа не успеаала да им ги замрси сметките..
Сигурно овај Веспрем има сила да заеби многу сметки,посебно оние на Пасквал....:pos:
Очекувам добро финале,па подобриот нека победи...
Иако патриотски, сакам Кире конечно да го лапни пехарот кој толку го посакува,заслужи мајсторот...:oeoeoe:
 
Ауфф какво финале ама не ми се допаѓа стилот на Везспрем. Значи бев за они да победат но кога почна со прегрубите стартови и нешо у стил на Карабатиќ влез на сила ми се смачи да ги гледам. Ама денес исто ќе биде интересно и во двата дуела.

ФОРЦА Кире!!!
 
Карабатиќ и Илиќ,тие се главните фаци на денешното финале.Кире и Наѓ во сенка се.
Миклер очекувам денес да се разбрани,сепак треба и мора да покаже зашто е одбран за најдобар голман.Вчера тотално потрфрли,класично негово фијаско.Ретко се случува тоа.

Барселона ќе има голем проблем,бидејќи цела екипа на Веспрем се стоки.Ваква снажна екипа никогаш немало.Чема иако вчера направи неколку грешки,ги размрда на Кил максимално.Каков тенк ќе беше ако беше уште малце повисок..:cuc:Иако и сега е тенк,и тоа армиран.:icon_mrgr:Мислам дека тој и денес ќе биде џокерот.Кај Барса очекувам Ентрериос да се разигра.

Катарецот Шариќ вчера беше најзаслужен,ама денес со Веспрем ако брани не верувам да го повтори тој перформанс.Веспрем шутираат како од топ,играат на сила и се ептен прецизни.Варгас бидејќи е пофлексибилен,би бил подобро решение.Шариќ е мајстор за зицери.
 
Абе ќе смее Сулиќ да игра денеска?
 
Абе ќе смее Сулиќ да игра денеска?
CGUwi_dXEAA0TB4.jpg:large
 
Добро кое е значењето на црвениов картон освен што тој играч не смее да игра до крајот на утакмицата. Порано не беше вака мислам.
 
Добро кое е значењето на црвениов картон освен што тој играч не смее да игра до крајот на утакмицата. Порано не беше вака мислам.
Само у задњи десет секунди (или па минута беше? :D ) ако се добие црвен има суспензија. Абе па ти кога на папагалон од ХСВ му го поништија црвениот, кога го мавна Дибиров по око, за ова :)
 
Само у задњи десет секунди (или па минута беше? :D ) ако се добие црвен има суспензија. Абе па ти кога на папагалон од ХСВ му го поништија црвениот, кога го мавна Дибиров по око, за ова :)

Последни две минути беше правилото мислам :D Иначе ако е пред тоа, од федерација одлучуваат дали треба да има суспензија или не
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom