Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Не станува збор за верување и неверување. Фикцијата =/= со нечие верување. Тоа е измислена приказна која може да биде критички настоена кон нешто, но може да биде и од неутрална гледна точка. Што значи дека тие работи сепак можат да идат заедно......
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И дали тоа значи дека во светот и да нема муслимани? Еве Мухамед Али, суфист ако не се лажам. Во една негова книга, ги повикува сите црнци муслимани во Америка на војна во Виетнам. Да, страна со државата му е сосем погрешна, но повикување на војна!?
И што е тука проблемот? Јас на оваа тема можам јасно да го изразам своето критичко размислување во врска со Исламот, и ти тоа не треба да го сфатиш за навреда. Можеби поентата ми е корегирање на она што ми пречи, а е поврзано со Исламот. Како на пример минарето во заедници каде популацијата е 50- 50! Или сфаќањето на Исламот во блискиот исток. Па и позицијата на Исламот во врска со Кашмир и сл. Мој проблем не е ако ти се најдеш навреден, а мојата идеа не била таква. Тоа е само твој затоа што си дозволил погрешно да бидеш разбран.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И околу злоупотребата на слободата на говор. Ок, да се злоупотребува, но и тука, не значи дека ако нешто оди контра традицијата е навреда. Нова генерација значи нови мислења. Зошто нешто да се наметнува со сила, кога во нормални околности тоа така не би било?
Кога веќе се сложуваме дека не го прават муслиман само делата (нели едно е да мислиш дека си, друго е да бидеш), кажи нешто за позицијата на христијанските малцинства во тие општеста. Тоа е токму за она за што зборуваме. Не смеат да излезат и да кажат дека се малтретирани. Пр. во Египет има 10% христијани и за време на претходниот режим беа во неповолна позиција. Или истата држава 20-тина г. порано. Беше нападната од Израел само затоа што сакаа да имаат долга рака! Ако ти како муслиман (и тука ќе ти нагласам, второто лице еднина не значи дека ти се обраќам тебе лично) сакаш да те почитуваат т.е. да не те навредуваат, треба малку да го корегираш светогледот.
Не значи дека со тероризам ќе го освоиш светот. Исламот е била вака замислена религија. Ако Куранот е доктрина, тогаш треба логични да се размислува, нели? А логиката ќе ти биде успешна само ако си соочен со агрументите и фактите на 2-те страни. Ако и забрануваш на едната страна да збори, тогаш ништо не си постигнал.
Твојот другар рече дека ако нема шеријат, ќе нема ниту Ислам. И тоа не е точно. Дади и на жената интелектуално да се развива. Индија, Германија, претходно и Англија имале (т.е. има) одлични ледери на своите народи. Дозволи права на жената, права на детето, права на човекот. Без тие права, цел свет ќе те презира. Презирањето е затворени граници како С. Кореја, Венецуела, Виетнам или Куба. И таму има права и слободи но политиката си го прави своето. Не е исто денес С. Арабија да биде со Америка, а Пакистан со Русија. Има многу омрази во тие народи. Шеити со курди, арапи со шеити и сл. Не е тоа тоа.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
И погледни какви држави биле пред “арапската пролет“. Економски и политички многу подобри него што се денес. Доказ, повеќе од 50.000 луѓе избегале од Либија и сега уште 100.000 луѓе од Сирија. Сирија уште не е влезена во таа грозна фаза (за среќа) но режимот ќе падне и братството ќе дојде на власт и прво што ќе направи ќе убие неколку илјади луѓе приврзаници на режимот.
Ти можеш да го туркаш автомобилот, но додека другите трошат пари и време на напредок ти сеуште ќе го туркаш својот автомобил. Ослободи се од него, најди нов затоа што работите вакви какви што се не одат во корист на Исламот и на муслиманите. Права и слободи, тоа е суштината на развитокот на едно општество.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Поголема реченица во животот не сум прочитал.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Ок. Тука стриктно збориш само за Исмалот од спектар на шеријатот. Шеријатот е всушност власт на Исламот. Дали треба и дали е возможно тој да носи смртни пресуди на лица кои критички гледаат кон него? Ако го убиеш, ќе треба и тебе да те убијат, ако те убијат и тебе, ќе треба и твојот убица да го убијат и така се до оној момент кога ќе остане еден убиец. Што со него? Ќе замоли некој “неверник“ да го убие?! Нели, Исламот го забранува убиството и самоубиството затоа што тоа е лична и директна навреда за Аллах и Аллаховото дело- човекот?!
Последно уредено: