Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Ај малку интересно да биде
Але=клозет, дебарско викаат така, дали е турцизам не знам.
Ми се ојт в але:D
Џелездо=железо
Карма, тоа е дрва за огрев наредени по некаков си ред, кармење- редење дрва за огрев, како глагол доаѓа овде.
 
Поткасни си го јазикот :D :D :D
Немам, за среќа.
А пивото пиј го ти исто како да си ме частел ;)

Уф, ќе го каснувам да не те снајде такво зло :duel:
Фала и кај вас но си заслужи сега хахаха
 
Мајасил (мајасол) не се однесува само на хемороиди туку и “разјаденост“ на други места на пример на кожата на рацете.
 
Дунда = женска личност, најчесто дебелка. Се користи и за именување на женски полов орган.
 
Ајг'р - неизживеен, див

пр. Ајгр коњ.
Во смисла кога бил затворен па пуштен и трча, беснее.
Веројатно турцизам.

Дулама (на валандовски), Антерија (струмички) = кошула
Миндијка (вал.), Пичетка (стр.) = марамче
 
Веќе никој уф Валандово не вике "дулама", па и у струмица не ми са веруе да викат "антерија" :D У главно викиме кушуља. :D

Другото треба да е миндиљка, со Љ. :D
 
Веќе никој уф Валандово не вике "дулама", па и у струмица не ми са веруе да викат "антерија" :D У главно викиме кушуља. :D

Другото треба да е миндиљка, со Љ. :D

На татки наваќи :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom