Македонија во Балкански сојуз ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.913
Поени од реакции
6.490
Кај некои политичари од регионот се јавува идеја за нов Балкански сојуз во кој би биле Македонија, Србија, Грција, Црна Гора

mapa-balkan.jpg


Освен економските придобивки од ваков “Бенелукс“ на Балканот, претпоставувам дека основи има и почестите претензии на обединување на Албанците на овие простори, па ова би било контратежа на православието.
Корените, ваљда, се од сличниот сојуз во 1-та Балканска војна против Османслиското царство.

Колку што може да се најдат информации по нет, политичките аналитичари се поделени по ова.

Лично мислам дека самата идеја е добра, но прашање е колку е реално остварлива, имајќи ги во предвид меѓусебните проблеми помеѓу самите држави ( Црна Гора и Македонија со прознавањето на Косово, Македонија со Србија за МПЦ, Македонија и Грција за името итн)
Друго прашање би било колку големите надворешни сили би дозволиле ваков сојуз и колку тој би се вклопувал во нивните планови.

Што мислите ?
Реално одржлива или само дневно-политичка идеја ?
 
А шо биде со она православниот пансловенски сојуз? Нели тоа беше актуелно сеа?
 
Не верувам дека Грција ќе се согласи на било каков сојуз каде што Македонија би имала било каков бенефит.
 
Поново ке се вракате во Jугославиjа ли ?
 
Србија и Грција сами во неполн ден можат да го решат прашањето на Голема Албанија. Ние и Црна Гора сме загрозени и може да направиме сојуз плус ќе имаме излез на море :D
 
Многу пари би требало да истурат Русите и многу кадровски ресурси да префрлат на Балкан, за ваков сојуз да може да се етаблира. Моментално е далеку од можен.
 
Ова се замајувања
Ние сме членка на Обединетите нации и какви други унии и сојузи ни се потребни?
Ние сме во унија со целиот Свет
 
  • Велика Британија
  • Германија
  • ЗНД
  • Шпанија
  • Бенелукс
  • САД
  • Кина
  • Индија
  • Бразил
  • ОАЕ
  • и уште многу
Сите овие држави претсатвуваат некаков вид на сојузи само што навремено се обединиле,сплотиле,договориле на многу начини низ историјата и сега претставуваат фактор во светот.
Можеби Југославија беше таков сојуз само требаше да завладее разумот за да не дојде до тоа што дојде.
 
И еден ден кога сојузов ќе се распадне Македонија па и Црна Гора ќе ги снема од картата на светот. Кога се распаѓаше Југославија вo Србија се повампирија духовите и идеологијата за Велика Србија, тогаш Шешељ држеше предавања како за Македонија е доволна само една дивизија да ја срамни со земја и дека Србија без море не е Србија па останаа во лабава конфедерација со Црна Гора се до 2006. итн итн. Грција и онака вeли дека Македонија е Грчка што во овој случај она има територијални претенции према нас а не ние према неа така да не верувам многу во ова. И да биде ова ќе биде со една цел а тоа присвојување на територија и ништо друго.
 
Ова на е-репаблик не беше можно не па во реалноста.
 
ова вака да замислиш само е неостварливо а не пак у пракса
 
И како ќе се вика новиот сојуз Грко - Србија? Ај Црногорците се Срби, а нашето бришење би било резултат само на желбата на Грција и Србија да имаат заедничка граница, луѓето од тука дури и нема да им требаат. И да ти се плукнам на тој сојуз од банкротирани и полубанкротирани држави.
 
Со финансиската мок на Грциjа, демографскиот потенциjал на Црна Гора, военото искуство на Македониjа и ладниот политички разум на Србиjа овоj соjуз би бил страшилиште за сите останати и ке го промени геополитичкото status quo не само на Балканите, но и во целиот свет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom