Дупките во безбеднонсиот систем, конкретно во овој период ги направивме самите, со политичката криза што се искреира баш во ова време. Не ми е јасно како луѓето не ја гледаат паралелата со 2001 година. Креирање политичка криза со „Големото Уво“, нападот на ПС Теарце на 16 Јануари и тврдења на опозицијата дека е наместен, принудната оставка на Доста Димовска (и Љубен Пауновски), лидерски средби (Георгиевски, Црвенковски, Џафери, Имери) со меѓународна медијација, уцената на Бранко за масовни антивладини протести, во сред безбедносна криза на 30 Март, ако не се формира техничка влада.
Згора на тоа Србија, Косово и Бугарија трупаат сили на граница, а тоа се прави доколку има индикации за продлабочување на кризата. Дури и без разознавачки информации доколку човек трезвено размисли ќе најде голем број на индикации кои укажуваат на можна безбедносна дестабилизација во Македонија. Највеќе предничи во тоа известувањето на западните медиуми за „бруталноста на Македонската полиција“ во акцијата во Куманово.
Влез во државата на терористи не можеш да очекуваш да нема. Влегуваат терористи и во далеку поспремни земји. А за војна внатре во Македонија не мора да влезе некоја фрапантна бројка на милитанти, туку има во самата држава структури кои се спремни на војна. Лицата од Косово се само иницијална капса која треба да ја запали Македонија, а со тоа можеби и регионот. Конкретно групата што е неутрализирана (најверојатно има и други вакви групи) имала за цел да направи хаос низ државава и да ја отвори вратата на едно вооружено востание. Кој би стоел позади тоа востание? Албанците можеби? Не ми се верува. Можеби востанието би почнало како Албанско, но според портфолиото на Кумановската група, повеќе ми личи на Сириско сценарио, првиот Европски калифат.