Те бараа тебе да те прашаат кога да тргнат во акција ама не те најдоа и решија на 9-ти да биде.
100 луѓе напишаа веќе зошто така било, а имаше и изјави од МВР. Не замарај веќе, досаден си.
ФАКТИ И КОНТРАДИКЦИИ
Што знаеме, а што не знаеме за случувањата во Куманово? Што се фактите, а што се дезинформациите кои се пласираат пред јавноста?
Факт е дека има загинато луѓе.
Премногу за полициска акција.
Дезинформации/контрадикторности
Наместо барање одговорност од оние кои единствено можат да
бидат одговорни (претставници на државните структури и високи функционери во власта) се бараат и се нудат оправдувања, и, се лоцираат надворешни кривци./оправдувања
Факт е дека во историјата на Република Македонија нема
ниту една полициска акција во која за така краток временски
период изгинале толку многу луѓе.
Дезинформации/контрадикторности
Власта ја пласира тезата дека случувањата во Куманово се
резултат/последица од барањата на граѓаните за оставка на
актуелната владеачка структура.Од пораките кои ги испраќаат
министерката за внатрешни работи,премиерот и претседателот
на државата произлегува дека ова ни се случува заради тоа што граѓаните побараа оставка од министерката за внатрешни работи, заради тоа што побараа јавното обвинителство да си ја врши работата, затоа што се побуни ја против крадењето и мамењето.
факт е дека ниту еден од функционерите во власта не
спомнува истрага или барање одговорност на оние кои се на
власт, кои ја подготвувале и спроведувале оваа акција,
за смртта на толкавиот број загинати луѓе.
Контрадикторност – зошто се собрале?
Цело време како цел на наводната терористичка група се
спомнува “дестабилизација на Македонија“.Спречена е намерата за координирани терористички напади на различни локации во државата, кои имаа за цел предизвикување сериозна дестабилизација, хаос и страв.Меѓутоа, нема ниту еден проглас на наводната терористичка група, така што за евентуалните цели и/или намери може само да се шпекулира.
целиот текст тука факти и контрадикторности
http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/wp-content/uploads/2015/05/ФАКТИ-И-КОНТРАДИКЦИИ.pdf