ОБНОВЕНО: По нападот во Гошинце, пукање во Куманово

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.661
Поени од реакции
70.756
Ако имаш макств, врати, сега имаше снимена изјава од декан мислам од факултетот за безбедност и криминалистика. Кажа дека акцијата е најтешката до сега во историјата на независна Македонија, далеку покомплексна а поефективна од онаа во Арачиново пример, нешто што ни беше репер за сериозност до вчера.

Немој да мислиш дека со ова што го пишувам излага дека јас сум можел мирно да спијам или лабаво сум си отишол да трчам маратон денес.
Немам, ако не те мрзи (тебе или било кој друг, нека напише збор-два) :D

Теренот навистина е тежок, ама сепак по некоја логика терен во Македонија треба да ни е предност на нас кои живееме тука отколку на луѓе од друга држава. Можеби сум претерал со гледање филмови, ама очекувам пред да проектираат акција да ги знаат сите излези од населбата. Да имаш цела скица од населбата, на крај краева сигурно имале информации во која куќа се кријат дел од терористите, а некои од населбата сигурно оделе на работа вон истата претходните денови. Го грабнуваш, го испитуваш и не се враќа дома :icon_mrgr:
 
Член од
20 февруари 2008
Мислења
102
Поени од реакции
29
Бришење на неколку амбасади во државава од страна на народот!!!!!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Некој праша како влегле терористиве без да бидат забележани.Па фино лепо де си влегле.

Е што, тоа му е спавачата па и ти.

Веројатно никој не очекувал некого кого нарекуваат “терориста“ да носи други алишта после работно време или за време на службен пат.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.050
Поени од реакции
8.628
Вака се известува, а не ко нашиве медиуми:

http://www.blic.rs/Vesti/Svet/557624/NASTAVAK-OKRSAJA-Dramaticno-u-Kumanovu-broj-poginulih-policajaca-popeo-se-na-osam

Блиц прави апдејт на текстот од минута во минута и тоа за случување во друга држава, а нашиве медиуми не се способни да склопат еден асален текст за настан од исклучителна важност во сопствената држава.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
1. Начинот на кој дошле во државата ?
- Многу едноставен, може и преку граница. На ниеден терорист не му пишува на чело дека се терористи и сигурно не се шетаат со униформа и ознаки, оружје или гласно да пропагираат такви акти. Може и пред нос да и е а да незнаеш дека е терорист или криминалец. Припадници на некоја келија?

2. Спремност ?
- Ваквите групации обучени за урбани борби и те како се обучени. Зоборот терорист не асоцира на некој фанатик кој незнае да ракува со оружје или само извикува на глас и стиска на дугмето што е многу погрешно. Не е тајна дека сеуште постојат кампови за обука (исто како и 2001 и пред тоа) каде што дури има и инструктори од странство, а уште помала тајна е дека тие имаат солидно воено искусво баш во вакви средини.

3. Жртви ?
- При борби во урбана средина шансите се огромни, дури и за огромен број на цивилни жртви и припадници на безбедносните структури затоа не ја потценувајте способноста на нашите безбедносни структури.

Нека почиваат во мир.
 
C

Castiel

Гостин
Кој е овој Драги можеш да ми објасниш? Волку истресени глупости во еден пост немам видено одамна. Човекот збори на празно, ова е тотално непознавање на работите.

Полицијата имала сознание дека во последниов период забележано е движење на вооружени групи низ тоа маало и полека почнале да испитуваат. Откако ги добиле потребните сознанија тргнале во акција. Што тресе овој дека нема државни институции во Куманово, глуп ли е или тренира? Полициска станица што е? Што ќе било ако не се десела оваа акција на македонската полиција? Знаеш што? Ај да не кажам што да не ме банираат.
Глуп ли е овој бе? Ќе имаше напади врз полициски станици, ќе загинеа многу повеќе полицајци и трагедијата ќе беше многу поголема. Секако дека МВР искочило со план да се неутрализираат терористите без притоа да загине ниту еден полицаец, ама за жал во војна нема правила...
Овој брат е професор на правен...И на нас на економски предава правни и етички аспекти на интернет нешто така беше///
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.177
Поени од реакции
8.486
има ли некој најнови вести, каква е ситуацијата, уште ли се пука ?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Досега пронајдени 14 мртви терористи, 30 се предале, повеќето македонски државјани, 1 албански.
Ја пренесуваат прес конференцијата на повеќето телевизии, следете.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.430
Поени од реакции
29.701
Знаете колку "емигранти" загинаа на пругиве а колку поминале, од каде да знаеме дека не биле џихадисти од исис или шо ти знам, не мора да значи дека сум во право али мора секој аспект да се согледа.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Немам, ако не те мрзи (тебе или било кој друг, нека напише збор-два) :D

Теренот навистина е тежок, ама сепак по некоја логика терен во Македонија треба да ни е предност на нас кои живееме тука отколку на луѓе од друга држава. Можеби сум претерал со гледање филмови, ама очекувам пред да проектираат акција да ги знаат сите излези од населбата. Да имаш цела скица од населбата, на крај краева сигурно имале информации во која куќа се кријат дел од терористите, а некои од населбата сигурно оделе на работа вон истата претходните денови. Го грабнуваш, го испитуваш и не се враќа дома :icon_mrgr:
А ако на пример тие што денеска и вчера пукаа,доаѓале и претходно преку козји патеки и кроеле планови за тајни патеки во случај на бегство за кои само тие би знаеле?
е тогаш џабе е и скица и мапа,ќе те чека на готово потскриен со снајперица и ќе те искоси без око да му трепне.
Стршно заебано место за пресметка е таа населба,низ тоа куќите од двор во двор за да поминеш мора да прерипаш,бидејќи има ѕидови долги по 2 метра.Да не збориме за самите дворови и подруми кои се користеле можеби како ровови во случај на бегство.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.177
Поени од реакции
8.486
Досега пронајдени 14 мртви терористи, 30 се предале, повеќето македонски државјани, 1 албански.
Ја пренесуваат прес конференцијата на повеќето телевизии, следете.
инфо ?
 
C

Castiel

Гостин
Немам, ако не те мрзи (тебе или било кој друг, нека напише збор-два) :D

Теренот навистина е тежок, ама сепак по некоја логика терен во Македонија треба да ни е предност на нас кои живееме тука отколку на луѓе од друга држава. Можеби сум претерал со гледање филмови, ама очекувам пред да проектираат акција да ги знаат сите излези од населбата. Да имаш цела скица од населбата, на крај краева сигурно имале информации во која куќа се кријат дел од терористите, а некои од населбата сигурно оделе на работа вон истата претходните денови. Го грабнуваш, го испитуваш и не се враќа дома :icon_mrgr:
Да сево ова можеш да го изведеш ако терористите си седат мирни и не се обучени...Неможеш вака да гледаш..добра и спремна група дури и поголеми проблеми може да направи и без да ја фатат ...не е така едноставно како на америчките филмови си доаѓаш без проблем ги утепуваш сите тероросити го фаќаш главниот и среќен крај...
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
79
Поени од реакции
30
абе кажа некој што е причината? или вишак на куршуми
 
Член од
12 мај 2012
Мислења
133
Поени од реакции
218
Еве колку не им е до војна, ова е вчера за време на акцијата
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.661
Поени од реакции
70.756
А ако на пример тие што денеска и вчера пукаа,доаѓале и претходно преку козји патеки и кроеле планови за тајни патеки во случај на бегство за кои само тие би знаеле?
е тогаш џабе е и скица и мапа,ќе те чека на готово потскриен со снајперица и ќе те искоси без око да му трепне.
Стршно заебано место за пресметка е таа населба,низ тоа куќите од двор во двор за да поминеш мора да прерипаш,бидејќи има ѕидови долги по 2 метра.Да не збориме за самите дворови и подруми кои се користеле можеби како ровови во случај на бегство.
Сум поминувал низ населбата неколку пати, горе-доле знам каков е изгледот на куќите, само не сум знаел дека имала толку жители :eek: Бројка од 20000 жители е доста голема.

Пак ќе треба одговорност бе брат, не може туку така да ти шетаат терористи на цела територија, затоа не ја исклучувам можноста која сите не сакате да ја прифатите и да верувате во истата, дека можеби и некои од државава свесно им дозволиле да се укотват тука за свесно за свои цели и по цена на жртви да одработат дестабулизација во нивна полза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom