Малце оф топик.Ме интересира некој да не има некоја мапа или информација од каде ке поминува Турски Тек низ Македонија?
Мапава го покажува Турскиот тек, односно она што Русите имаат намера да го изградат.
За понатаму не ги интересира, гасот ќе го донеста до тука. Ова во многу се разликува од јужниот тек каде Гаспром имаше намера да ја изгради целата траса до крајните потрошувачи.
Дали ќе поминува низ Македонија зависи од оние за кој што е наменет гасот, читај Германски, Австриски, Итајански итн. фирми кои што ако имаат интерес треба да ја довршат трасата до крајните потрошувачи. Така да остави ги теориите на заговор за подфорум мистерии, ние можеме а и не мораме да бидеме транзит за гасот, а потрошувачи никакви не сме.
The 96.6 km (60 miles)
Negotino-Klecovce gas pipeline will cross Macedonia from near the
Greek border in the south up to the vicinity of the Serbian border in the north. Stroitransgaz will build 61 km of the link by June 2016.
http://www.hurriyetdailynews.com/ru...-link.aspx?pageID=238&nID=79572&NewsCatID=348
Да небиднеме наивни, истово е нарачано е сега проблем е од кого, да заклучиме во два три збора на опозицијата дали и треба ова, има масовност, има снимки кои докажуваат големи криминали на власта и фалсификувани избори така да мене некако најмалку ми влегува во глава од ова да има опозиција најголема корист, кога во моментот кога се случи срањево најголема галама имаше околу криминалите на власта.
Дали на албанскиот фактор им одговара ситуацијата, секако дека не, имаат се што може да добијат дури и повеќе, истите се згадени од власта и народот албански најмалку сака војна.
Е сега, после се што се изнаслушавме п снимениве снимки и на што се се спремни луѓето од власта да направат, дали не е логично истава ситуација да е режирана од нив со цел задржување по секоја цена на власта...?!
Јас не верувам дека на опозицијата ова и е неопходно и се сложувам дека имаат повеќе од доволно материјал да ја компромитираат власта и најмалце да добијат предвремени избори.
Но како што и ти потенцираше, на некои други фактори можеби им одговара внатрешното ослабување на македонските редови, па се обидува да го материјализра вакуумот преку реприза на 2001.
Сега проблемот е што поголем дел од нас е заслепен и ова го гледа преку партиска призма.
Во моментов ВМРО и СДСМ се' што треба да направат е да стават мораториум на политичкото ривалство и да заземат идентичен став првин да се расчисти со безбедноста на земјата, а потоа нека се навратат на своите пресметки.
Само што се плашам дека како што на ВМРО му одговара да ја обвинува Опозицијата за замешност (индиректна), така и и на Опозицијата со СДСМ на чело премногу и' е слатко да не го искористи моментумот на целосна дестабилизација на државата со цел полесна промена на власт.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за денеска (10 мај 2015 година) свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија, во проширен состав.
http://sky.mk/makedonija/436236-von...pokraj-gruevski-gi-povika-zaev-ahmeti-i-tachi
Ова требаше да се случи уште по Гошинце! А се надевам дека освен свикување, овојпат ќе успее да резултира седницава со конкретни гаранции.
Баш пред извесно време читав еден добар осврт на настаните од геополитички аспект во 2001.
http://www.projectcensored.org/10-cia-double-deals-in-macedonia/
И се се чини дека исто капиталистилко гомно се крие зад завесата,дестабилизација и тоа како игра улога кај нив.
Ќе мора да се менува влада,по секоја цена или пак ќе има војна и пак ќе си дојде на нивното.
Грујо на крај излезе тешка гнаса,а Заев тешка кучка.
Што и да се случува наредниов период,нема да е на арно за нас граѓаните,изгледа дека сме во средината на бурата,ќе не јадат ајкулите оти сме оставени на нивна милост и немилост.
Тоа е, да се закрват македонските политички опции кои треба да се презафатени со меѓусебно обвинување отколку со демистификација на останатите фактори кои лицемерно се залагаат за “смиреност“, а уствари одработуваат нечии агенди.
Лекот е македонскиот народ само да го примени обратното мислење, да се обедини и стави примирје на меѓупартиските кавги во моментот.
Колку и да е ова незамисливо, во ваква ситуација мора сите да застанеме зад безбедносните институции, да си ја браниме државата како приоритет.
Затоа што после последиците нема да ни остават ништо за бранење, ниту ќе имаат значење овие меѓупартиски поделби.
Пораз на полицијата. Или ширење на фронтот со толкава брзина, што на полицијата ќе и избега од контрола. Да се надеваме дека нема да се случи.
Дури ни тоа не е законски потребно, проценка на органите и претседателот е доволна.