- Член од
- 15 август 2009
- Мислења
- 2.023
- Поени од реакции
- 4.874
@Miss Paranoia
Се слагам дека не требаше Карадај/Марадај да даваат и дека требаше повеќе да информираат, ама не си во право за одредени работи.
Прво, во екот на една акција која е од доста сериозен карактер не може да се даваат информации што и како. Со тоа се откриваат детали на непријателот и си ја отежнуваат сами работата.
Второ, мислиш дека така едноставно се чисти теренот, без разлика што поминале 24 часа? Многу лош терен е ова, центар на Куманово, многу тесни улички, збиени куќи, наоколу цивили, терористите со ПРЕМНОГУ оружје во нив... Верувај да можеле за 5 минути ќе ги решеле, ама не е така едноставно.
Трето, напоменав во мојот претходен пост, ќе кажам и сега, исклучително ја мразам Јанкуловска, мизерен министер е, мизерен човек е, ама вчера не направи ништо погрешно. Верувај, не е глума тоа што зборуваше како потиштена, ипак загинаа нејзини луѓе, граѓани на Македонија. Ја прашуваа и новинарите она што ти сакаш да го дознаеш ама кажа дека не смее да дава одредени информации затоа што тоа е во интерес на операцијата.
Омг, не верував дека некогаш ќе напишам пост во кој ќе ја бранам Јанкуловска.
П.с. Ако има грам човечност и совест во себе ќе си даде оставка после ваквите настани.
Реков јас дека не се разбирам и си давам мое лаичко мислење. Како и да е, нема оправдување што информација за загинати протече од изјава на америчка амбасада. Медиумите ако не добиваа информации за тоа што се случува можеа у најмала рака барем да не даваат музики цел ден додека фамилии остануваа завиени во црно. Се знаеше за повредени и загинати.
За Јанкуловска не реков дека нешто лошо изјавила. Знам дека не може да дава повеќе информации. Ама нејзината потиштена фаца ствара поголема паника него нејзиното избегнување на одговори. Според мене, секако.