Јасно дека неможе се да се реши со мирни протести. Ама мора да се разбере дека во САД,Канада,Франција,Шпанија на сите протести имаше по некој што остана без рака и без нога, а некои и без живот. Значи во такви демократски земји полицијата беше брутална. Така да треба секој да биде свесен дека полицајците не се роботи и нив ги боли кога ги маваш со метална шипка.
И плус некој хулиган кога ќе фрли камен може да скрши стакло на твојата кола, а ти внатре да возиш бебе. Мора да се има осет дека неможе некој на своја рака од протестите да прави крвави сценарија.
Има милион начини на протести, лепете плакати на секој квадратен метар, транспаренти, офарбајте го цел град со графити, блокирајте го сообраќајот. Само не дозволувајте нечија мајка пак да плаче.