Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Ако може мала помош за оние кои се поупатени?! Пред неполна година купив куче од кај еден дечко и на почетокот дур се гледав со него требаше да средам работата за потеклото ама неговиот татко почина,тој смени телефон и место на живеење. Ме интересира дали уопште и без него можам да средам педигре?!

П.с. таткото на кучето мое не го ни познавам.
Дали го познаваш таткото или не е сосема небитно, исто како што е и небитно дали починал или е сеуште жив. Ама имаш други работи кои ти се пропуштени за да извадиш педигре. Прво треба тоа легло да е пријавено во КСМ и додека биле кученцата мали луѓе од КСМ треба да ја посетат мајката со малечките, друго мораш да ги добиеш и документите од таткото и согласност од неговите сопственици без тоа ништо.
 
Дечки

Хаскиво мое има некое многу смешно и чудно одење, а кога трча си нема никаков проблем. Имено оди со многу раширени ноџиња, не знам како да ви објаснам, имам и две слики ќе ги постирам. Иначе има 2 ипол месеци

11072919_10206690727336168_2060520360_n.jpg 11124575_10206690727816180_863334757_n.jpg

Некој совет ?
 
Дечки

Хаскиво мое има некое многу смешно и чудно одење, а кога трча си нема никаков проблем. Имено оди со многу раширени ноџиња, не знам како да ви објаснам, имам и две слики ќе ги постирам. Иначе има 2 ипол месеци

Прегледај го приврзокот 118159 Прегледај го приврзокот 118160

Некој совет ?
Многу вежба бенџ брат,нека намали :D
 
Дечки

Хаскиво мое има некое многу смешно и чудно одење, а кога трча си нема никаков проблем. Имено оди со многу раширени ноџиња, не знам како да ви објаснам, имам и две слики ќе ги постирам. Иначе има 2 ипол месеци

Прегледај го приврзокот 118159 Прегледај го приврзокот 118160

Некој совет ?
Како што гледам додатоци на калциум повеќе од веројатно ќе ти се задолжителни. Иначе мое нестручно мислење е дека е мн малечок за да се движи баш како што треба, во раст е гледаш и ноџињата му се кратки изгледа смешен кога одо ама со тек на време би требало се тоа да се среди.
Некој од постручниве нека каже, ова е само мое мислење.
 
Му давам апчиња калциум купени од пет шоп, 3 денари парче што се.
Таму ми рекоа да му давам по едно апче на ден, така и правам.

Фала ти во секој случај
 
А ветеринар ти рече така или???
Колку што јас знам калциум се даваше после 3 или после 4 месеци (пак постручниве нека ме поправат)

Иначе остај какви му даваш најдобро да си земеш Канина или тие бугарските што се продаваат цело кутиче а не на парче. Канината ги постирав за некој друг член некоја страна поназад ако ги нема во скопје или кај и да си прашај кај увозникот (од него имав линк постирано) преку глобко да ти ги прати 130 ден е достава до дома, бар знаеш дека добиваш квалитет плус ќе имаш да му даваш во наредните 6 месеци до 1 година зависи со што го раниш.
 
Од Скопје сум. Ќе прашам, ама ако не ти е проблем линкот да ми го пратиш, за секој случај.

Иначе да, ветеринарот ми рече да му давам по едно.
 
Провери во фауна или петсаплајс барај канина papilime, или по ветеринариве сеедно околу 1000 денари е кутиче од 300грама околу 300 таблети има во него. И проблем ми е ме мрзи да станувам да палам компјутер утре ќе ти го пратам (пробај со sorex.com.mk или барај sorex македонија од тетово се да знаеш да не мислиш дека си згрешол)
 
Имаме куче пинч.Старо е една година и осум месеци.Послушно е во смисла да слуша наредби, врши нужда надвор и сл.Ги има примено сите вакцини.Но, имаме голем проблем, а тоа е што е многу е агресивно.Можеби е нормално да ржи кога сакаме да му извадиме нешто од уста или некоја игрчка која му е забранета.Но не е нормално кога го чуваме од 2 месеца старост,а да не каса. Сите по дома сме искасани и имаме рани.Најмногу е агресивен кога спие.Ако го допреме случајно.Потоа знае дека згрешил и се крие под кревет.Го чуваме во најдобри услови и навистина сме љубители на животни.Затоа и не сакаме да го испуштиме.
 
Класично за пинч. Сте го казнувале некогаш, сте го карале и потчукнувале како мал? Сега почнал да станува агресивен? Ако е мажјак би требало сега да е побеснет ради хормоните, но тоа не е оправдување на касањето. Сте требале граници да му поставите уште од мал, сега кога си ја има слободата, мисли дека си има право и да ве нападне кога не му одите по мерак.
 
Можно е како мал да е каран што е нормално, ова се случува последниве 2-3 месеци, истото се случува и надвор кога некој ќе застане да го погали он одма напаѓа и сака да каса, што да правам дали ќе помогне една тутурутка од весник па кога ќе сака да нападне ја по газот?
 
Спие со вас? Му дозволувате и на гарнитура да седи до вас или го му фрлате малце храна додека јадете? Мислам дека треба да се постави Алфа статусот, има тука таква тема, прочитај ја. Линк не можам да ти дадам зошто од телефон сум.
 
http://www.premil.rs/sr/proizvodi/maxi-athletic
Некое мислење за оваа храна?
Слаба е на квалитет, за нијанса е подобра од добро изрекламираните Педигре или Чапи ама сеа ако немаш никаков друг избор за ефтина варијанта тогаш пробај ја види како ке се покаже на твојот миленик. Ако можеш да најдеш од оние што ги пишува како Супер Премиум ти е мн мн подобар избор а не би требало да ти го оптовари мн домашниот буџет.
Истата оваа што ја постираше во скопје можеш да ја купиш за 120 ден/кг. А увозник ти е Ветеринар од Штип еве ти контакт.
"Romana vet"
Makedonija
Tel: +389(0) 70 25 7030 (ова е објавено на нивната страната на производителот)
а еве ти и од златна книга
(јави се и прашај си убаво дали има некаде од супер премиум, каде и колку пари, ако ти е скапа тогаш пробај ја и оваа што ја постираше)

http://zk.mk/romana?choice=gi
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom