Ок, сеа има поише начини да ти преовладее оваа мов - габа у организам, а најзлокобната е со претерано пиење на антибиотици. Еве пред некое време имав една пнеумонија од што не, дали беше од гулаби, дали некоја спора сум удишал, али ете месец дена сува кашлица од сон ме будеше. Гадно. Докторкава ми смени 3 антибиотици и не ми помина. На крај со лук и камилица се опраив. Требаше да прегледа подобро, пред да препише антибиотик. Ова требаше антифунгален, ама ај. Веруеш доктор.
Е сеа пошто се накљукав со амоксицилини и што све не не се ни сеќавам, нормално прераснале у џбунови во цревава и сигурно имаат отидено у крв, пошто подочњациве не ги снемуе, адреналин јок, неам ич, на испитуења еден куп, брисои што не, не бе брат. А очи печат, мислиш печење спремам на 220, повруќи се и од мониторов у 6 сабајле.
Почнав јогурти да пијам, чаеви од мајчина душица, нане, лукои, цимети, жен-шен и на крај еве јод - ореовача. Неќу да идам да ми препишуе антифунгални или што не, не веруем више ич. Не јадам шеќери и јаглехидрати за да ја изгладнам, и терам посебен режим на исхрана.
Но, ако знае некој за народен лек што ќе ми помогне побрзо да се опраам, би бил крајно благодарен. Нешто пробиотско, нешто антифунгално. Фала ви многу.