Кајгана миленичиња

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
Имам чувано повеќе мачки и досега никогаш немав сличен проблем. Единствено едно мачорче, додека беше суште многу младо, знаеше да ја нападне нашата рака и да касне. Додека учеше лов. Потоа прекина. Другите никогаш ниту не гребнале ниту не каснале. Оваа сега, иако многу ја сакаме, повеќе тешко се поднесува. Обично е мирна и мила. Меѓутоа, понекогаш (се почесто) знае буквално да не нападне. Особено нозете и тоа претходно стои како кога се подготвува за лов. Еднаш дури на детето му скокна на грб додека сурфаше и го касна. Почна малку, како игра. Се обидовме со одвракќање на вниманието, потоа и со казни (игнорирање и сл.) и карање. Едно време се смири малку, но во последно време тоа е толку засилено, што со внимание се движиме по станот да не не нападне одненадеж. Секогаш сме се противеле на отфрлање на милениците, откако, додека се мали, децата ќе ги искористат само како живи играчки. Најмалку што сакаме е нејзино отстранување. Ако некој може да ми помогне со некаков предлог, би ме радувало.
 
еве ги моите миленичиња :)

mzj1.jpgmzj2.jpg
pencil.png
 
Ајде и јас да ви го претставам новиот член на семејството, Сибирскиот самојед по име Макси :)

PC180052.jpg
 
Ќе ги кажам сите имиња на кучињата кој што сум ги чувал...
Брадесто Коли/Bearded Colie - Теди
Шарпланинец - Медо
Мелез - Џеки
Мелез - Џекси

Шарпланинец - Медуш , Бруно , Рамбо ,Арон , Аркан ,Меца , пит бул- Рио и , уште десетина шарпланинци и 4-5 пит була на кој што не им ги паметам имињата - Овие ги сметам за мои бидејќи со повеќето израснав посебно со Медуш и Бруно ,инаку "официјално" овие се на братучед ми но тој живее до мене па исто како да се мој. И не може да го заборавам на тетин ми шарпланинецот Бак ,кој што цело време го шетав практично јас го чував.

Лично кучиња кој што сум ги чувал биле 4 ,но нема за куче мое ,твое ,кучето кое што го шеташ ,со кое што го поминуваш денот е исто твое како и на неговиот вистински газда.
 
Моето Сијамско маченце се вика Рио и има 2,5 месеци а кучето ми се вика Луна.
Еве една нивна заедничка фотка кога спијат

2hovawx.jpg
 
И јас имам Пит бул еве го:

DSCN0879.jpg
 
Имам две мачки, едната се вика Калина, а другата Страхилка :icon_bigg Како што може да забележите, прилично „изворни“ имиња имаат...и двете ги крсти татко ми, и тоа на зафрканција, ама по некое време почнавме стварно така да ги викаме. Отсекогаш тато им давал забегани имиња на нашите миленичиња, еднаш имав риба и се викаше Ѓоко...:icon_bigg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom