Ке ве молам давајте само правилни информации ако знаете немојте да ги насочувате луѓето на крив колосек. Треба да разберете дека тука на сајтот има и лажни посредувачи кои сакаат само да ве искористат па бидете претпазливи и би замолил да не се препукувате тука, зошто само ги збунувате луѓето. Тука има неколку категории на апликанти,
1.луѓе кои сакаат да поднесат први документи за происход и не знаат како иде процедурата
2.луѓе кои добиле происход и треба да заказат интервју
3.луѓе кои поминале интервју и чекаат одговор од министерството
4.луѓе кои добиле позитивен одговор чекаат за указ
5.луѓе кои се вратени на дополнителни проверки на кои им се бараат врз кои основа добиле происход или им фали некој друг документ.
6.луѓе што ја поминале процедурата и чекаат за потпис за државјанство.
Најдете се кај припаѓате и читајте ги постовите и ке дојдете до одговор или нека некој што знае им помогне Сите ние чекаме да се смени законот или да изберат претседател на дабч. Никој конкретно не знае што ке биде и само може да нагаѓаме.Јас се уште чекам за происход и имам поднесено документи преку амбасада и до тука можам да ви помогнат околу таа процедура. Поздрав