Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе прашам, можда некој знае...
Имам проблем, поточно не знам и дали е проблем ама знам дека не е нормално... Ми се променува бојата на кожата на рацете кога ми се во пуштена положба, поготово кога подолго време кога не ги кревам и не правам ништо (пр. кога одам). Не знам како да објаснам...

Ми се променува бојата на кожата, како да помодрува, ми се појавуваат бели и црвени дамки, но кога ќе ги протријам малке се враќа во нормала. Од помал го имам ова, мислев дека не е проблем и затоа не се заинтересирав и не се обратив на лекар, но почнува да ме нервира и сакам да го решам.

Недостиг на витамин ли е во прашање, што ли е?
 
Дали знае некој да ми кажи некоја ефикасна диета, да нема многу готвење ? :)

Raw food diet ,тука ништо не готвиш ,се ти е сервирано директно од нива :D
 
Од што може само едниот бубрег да ме боли изминативе 10-15 дена на 21 година? :confused:
 
Од што може само едниот бубрег да ме боли изминативе 10-15 дена на 21 година? :confused:
Од нож. Нооооож у бубрег.
Не знам, дојдов Bad Copy reference да напраам :D Можно е да е камче, или ти настинал бубрегот, од ПРОМАЈА.
 
Од нож. Нооооож у бубрег.
Не знам, дојдов Bad Copy reference да напраам :D Можно е да е камче, или ти настинал бубрегот, од ПРОМАЈА.

Хахах, која промаја во зима, ќе ме погребаа до сега да седев на промаја (бабски муабет). :D
 
Трк на преглед утре.15дена и чекаш само да помине.Аххх
 
Хахах, која промаја во зима, ќе ме погребаа до сега да седев на промаја (бабски муабет). :D

попи 2-3 пива, ќе те прочисти:D иначе да не си спиел отскриен? до тоа може да е, промаја
 
Веќе неколку ноќи по ред 5-6 пати сум приметил, точно се будам во 6:40, а си легнувам во 2-3. Кога се разбудам, имам срцебиење, станам се напијам вода, се измочам и пак легнам. После ми треба подолго време за да заспијам, ама ако заспијам не е тоа онакво спиење како што треба, полубуден сум. Сепак, кога станам, се чувствувам како ништо да не ми е се чувствувам наспан. Некој имал такво искуство и што може да е работата ?
 
Зголемено ниво на акумулиран стрес
 
Како можам да го редуцирам тоа ?
69333.png
 
Кадаиф е во право, или оди на психолог/психијатар или најди некоја активност која ќе те опушта. Нема универзален лек за ослободување од стрес, решението е индивидуално, останува на тебе да си откриеш што најмногу те опушта.
 
Ама јас воопшто не сум стресиран..... тоа ме загрижува.
 
Колкава е шансата „сенки во белодробно крило“ да се мисдијагностицирани како пнеумонија предизвикана од бактерии/вируси/габи, а да се работи за рак?
И ако е шансата голема, кои проверки треба да бидат направени за да се утврди со сигурност за што се работи?

Накратко, пред недела и пол, побарав да направам регуларна ренген анализа на белите дробови. Ми најдоа „дамки“ во левото белодробно крило и дека влечам послабо воздух од таа страна. Сега за сега, немам никакви симптоми, буквално ништо.
Претпоставката е дека иам зачеток на бронхопнеумонија.

Ми дадоа антибиотици, а со истите завршив вчера. Понеделник ќе одам на проверка.
Ја иам иначе хроничен синуситис и повремено воспелние на ушните канали, све тоа, seems legit али онака, решив да изгуглам, а тоа што ми излезе беше следново...
ibdfs6.jpg

Изгуглав „црни дамки“ и уште пострашно, сите скоро беа lung cancer xD
Пошто сум прпаџија по природа, јбг, нема шанси да олабавам дур не дознаам со сигурност.
Која е ваша препорака за тоа каде треба да се упатам и каков све вид на тестови треба да напраам за со сигурност да си ја потврдам дијагнозата?
Знам дека се работи за пулмологија, али знаете солиден специјалист кај кој со сигурност можам да отидам и да бидат направени сите тестови коишто се потребни, без чекање и влечкање, не е битно дали работи само приватно или со плави картони?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom