Тетоважи

Член од
6 февруари 2015
Мислења
14
Поени од реакции
6
Доволно пратам и јас за да дадам мое мислење. Ти си сто метра под земја и најмалку компетентен да даваш мислење за останатите или за квалитет. Колку и да боли, тоа е вистината и се чудам како на сите им е јасно освен тебе
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Од каде па сега ти покомпетентен од мене испадна нели новинар беше. Ова очигледно нешто лично против мене имаш не си ми јасен. Ама ОК е од искуство знам дека на форумиве се е дозволено :) само терај мене ми е забавно, знам дека во Македонија нема друг како мене - премногу време постојам за да ме убедиш дека ме нема.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2015
Мислења
14
Поени од реакции
6
Суетата е таа која те убива, нажалост, и супер за тебе што си се занесуваш. Нека се јави било кој да ме реплицира, кој го дели твоето мислење, освен ти???? Не оставаш збор на другите, само наметнуваш сопствени ставови и мислења . И тоа е во ред, ама не гледаш дека само ти си тој кој се обидува да доминира тука, и муабетот ти е "јас јас и само јас" . Затоа немаш работа во мкд па мораш странство да си ја бараш среката. Зашто си заминал??? Мала е Македонијава, све се знае и кој е кој и колку го бива. Репутација не се врака со полемизирање по форуми. Ако сметаш поинаку, среќно.
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Хахахахаха - ама човек ја работам и у Македонија и надвор. Тоа е интернационален мајстор за тетовирање сега според тебе затоа зошто нема друг во Македонија таков ај да го убиеме единствениот пошто на нас ни руши кредибилитет и став за работа. Глупости. Дали се читаш, знаеш ли дека ова е форум - па може било кој да коментира мада многу ми ласкаш и после твојот пост погоре навистина се чувствувам супериорен. Иначе ако малку реално се заинтересираш ке видиш дека од почеток на мојата кариера значи пред повеке од 20 год мојата работа започна во Македонија и се ширеше низ цел свет, успеав да створам бренд студио кое сите го знаат - имавме низ годините многу мајстори од цел свет кои не дружеа и нас во студиото но и нашите клиенти. Ние направивме друга слика на тетовирањето во Македонија другите само не копираат и не хејтаат и на крај треба ние да сме криви што сме успешни. Зошто мене баш ме обвинуваш за "не"можностите и "не"инвентивноста или неспособноста на другите. Зошто ја сум крив за делата на другите не ми е јасно. Дали е моја грешка што сум успешен и надвор од Македонија, што направив бренд од студиото, што створивме крема за одржување на тетоважата која носи Македонско име и како таква е распространета низ студија секаде по светов.
Не си ми јасен и не ми се верува што читам - ова е она Македонската наместо да се гордееме со се што е успешно у Македонија ние ке го пцуеме и омаловажуваме затоа зошто ние не сме тој. Ти кажав кај мене тоа не влијае јас имам конкретни успеси кои се ценети низ цел свет и кај нас Неможе ти да ме убедиш дека не е така затоа зошто не ти се допаѓа тоа :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2015
Мислења
14
Поени од реакции
6
Во ред. И јас и сите останати на форумов сме грешка. Извини. Ти си најдобриот единтвениот мајстор во мкд а и во целиот свет. Се чудам само зашто ли познативе артисти, као Самохин, Кет, Атчинсон итн не кењаат против колегите и тату сцената у нивната земја и зашто бе не се маваат у гради -Јас сум најдобааар! Изглеа се заебале што цртаат слики за кои навелико се прича, па сеа не ги бива. Иди кажи им како треба. Башка одкоа тебе те снема некако сцената тргна. Али банално е да се дебатира со психопат као тебе, ти сам со себе не можаш на крај да излезеш. И плус замолив да ме реплицира било кој освен ти, и ете те тебе. Иди лечи се брат, се чудам која е таа будала што ќе ти даде кожа за цртање[DOUBLEPOST=1423344876][/DOUBLEPOST]И во што си успешен жити све? У кинење кожи?? Та и јас носам твое срање, а и многу мои пријатели, нашето мислење е едногласно- Ти буни се и објаснувај се колку сакаш. Не ти палат приказните одамна
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Хахахахаха неможеш да ми го уништиш денот извини, оваа недела добив толку убави вести околу тетовирањето во Македонија што се ке ти биде појасно и тебе само трпение и ете ти спасение :)
Очигледно новинар не си ама ти е страв да кажеш кој си ама ако форумов е За тоа да пишеш слободно што мислиш ја ете ни те кудам ни те карам, не ми е јасно само откаде толку лутина кон мене, зошто пишуваш оволку гневни постови. Ако не ти е нешто јасно прашај сум прошетал сум се видел и сум правел муабет со многу големи мајстори - не е се црно бело како што мислиш. Не е понижување да прашаш ете затоа сум тука на форумов, колку можам толку ке одговорам на нејаснотиите кои те мачат, може и ке ти помогнам :)

И немој да ти е мака што ме имало и ке ме има у Македонија еднаш погледни ја и другата страна - погледни што сум создал за овие 25 год, прашај какво било тетовирањето претходно - незнам дали си слушнал за херберт хофман - прекрасен човек кој си замина од овој свет со титула тату мајстор. Размисли реално, размисли на Тоа што е позитивно а не да мрзиш се околу тебе па и самиот себе. Доволно трагедии има во светов немој да си ти една од нив!


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2015
Мислења
14
Поени од реакции
6
Јас немам потреба како тебе да се објаснувам кој сум што сум кај сум работел , со кого. Мислам некако бедно ми е да се фалам, ќе почнам ваљда и јас како тебе коа ќе почне да ми тоне бродот и да губам ангажмани. Пу пу. Ти продолжи да си се фалиш само по форуми. А луѓето на кои си им одтавил лузни по кожите треба да ги убиеш за да нема противдокази на твоите зборови. Профи си нема што ;) ај сеа одјеби малку, не мора да одговараш на секој што ќе пише. Форумов не е твој личен, а е општо за тетоважи. Си имаш веб кењај таму колку сакаш. Не ми беше намерата да тти го расипам денот, само осет. Го претера и на сите им ги потече.
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Нека пишува - од понеделник ке има изгледа уште плачење ама живи и здрави да сме па ке читаме :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
G

garthok

Гостин
Искрено друже, ти две страни ми ги потече
Во право си кажа човекот, Буги е тој кој што спама по форумов и создава грешна слика дека доколку некој те тетовира за поевтини пари значи дека лошо тетовира па аналогно и (не)свесно ги руга артистите ко Пендева, Цале... исто ко да кажеш дека одење на забар во мк кај убава опремена ординација со добар забар е ризик пошо во Германија е 3 пати поскапо (по дефолт подобро)
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Јас ги бранев артистите дека се недоволно платени. Ги бранев дека поради цените се приморани да работат на црно, непријавени неосигурани здравствено. Во 21 век само они работат како робови. Е кога мора да штеди и заштедува се нешто за да работи тогаш незнам како изгледа тетоважата после година две, баш ме интересира. Иначе Никого не нападнав и против никој ништо не пишав пак ке повторам пишав дека не е нормално во 21 век децата да работат на црно како робови, неосигурани здравствено што е основа па плус друго


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2015
Мислења
14
Поени од реакции
6
Именувај кој остана да работи на црно? Во сите студија во кои влегов- педантно , средено, ништо различно од студијата од Италија и Шведска, кај шо јас сум идел. И она што ме изненади овде- имаат и користат фискални???? Што е работење на црно според тебе? Уште ова да разјасниме
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Работење на црно е нерегистрирано студио за тетовирање - во ниту едно студио нема решение за работа според правилнокот од министерство за здравство - ниту едно студио не редовно ги контролира стерилизаторите со спора тестови кои се прво основно правило за здравје на клиентите а и сопственото.Ова е само основа која ја нема.Едно решение покажи ми од било кое студио и јас ако треба и лично рака ке ти пружам.
Ова со решението е основа од каде што се тргнува - бедејки немаат решение како студио за тетовирање не се признаени ни во странство како професионалци и после ја сум крив што ете ја сум единствен - трчи лажи се муабетите со бугарите и србите кои пак воопшто и немаат закон за тетовирање и се поддржуваат локално со некакви непрофесионални конвенции,си делат награди и според тоа ствараат јавно мислење на професионалност!
Да се разбереме ја никого не обвинувам ниту го карам,едноставно констатирам во интерес и на моменталните артисти а и во интерес на генерацијата на артисти кои ке дојдат - несмее да се дозволи артистот да биде донесен во заблуда дека е ценет и реномиран а всушност нема основни работни права - како што кажав ниту е регистриран како артист ниту му тече стаж како артист а и најлошо не е ниту здравствено осигуран што е основна човечка потреба.
Ова го знам со гаранција се што би се напишало у смисла фискална или друг муабет ке биде лага поради фактот што и самите студија знаат дека се нерегистрирани или регистрирани како нешто сесема 15 а не студио за тетовирање!
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Ја навистина неможам да те разберам зашто ја тераш работава околу мене - значи ти пишуваш повеке за мене отколку јас,ке си помислам дека сакаш да ме рекламираш :D
Има начин како све ова напишано може да го провериш - види кој има а кој нема решение и се ке ти е јасно,на крајот на краиштата ти тврдеше дека кај нас студијата не се ништо поразлични од шведска италија нели.

Размисли малку пред да ме прочиташ,дали ова го пишувам во свој интерес или во интерес на тетовирањето воопшто,она што пишував претходно за култура и сцена - има закон има прописи никој неможе па ни јас да му забранам на некој да биде професионалец во она што го работи - ја единствено пишувам да не се доведуваме во заблуда кој го користи зборот "професионалец" како тоалет хартија - ај кога комшијата ке ти каже дека е професионален водоинсталетер или електричар за помалку пари дека ке ти поправи се што треба по дома можам да го разберам,сиромавиот плаќа двапати ама кога забар или хирург ке ти каже дека е професионалец а всушност по занимање е библиотекар е тука се плаќа со здравје и живот пријателе.

И на крај пак да не биде зборам против некој - јас сите ги охрабрувам да бидат појаки и подобри,решителни во она што го работат да им биде животна професија,да си ја загарантираат самите својата егзистенција како професионалци и на крајот успехот е неминовен,на крајот ке опстојат како МАЈСТОРИ во својата професија не само локално туку и на интернационално ниво - ја пишав дека верувам во нашата способност како интелигентен и образован (надарен) народ,верувам дека и кај нас се крие некој Самохин или Аткинсон само нема простор да го изрази тоа бидејки тетовирањето покрај занат е и уметност си треба простор и концентрација за да може делата да се небесни а не секојдневни!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom