Тоа „да му даде“ е фраза што се употребува. Не сум ја измислил ја и не ме напаѓај околу тоа, зошто тоа е најнебитната работа у целата приказна.
Целиот муабет со експериментирање мене ми е смешен, зошто јас на сексот не гледам така. Водење љубов, е според мене вистинскиот израз. Затоа повеќе акцент ставам на емоционалната врска него на некое си задоволување потреби. Па не сме животни мајку му стара па само механички потребите да си ги задоволуваме.
Нигде не реков дека сексот е лоша работа, туку дека треба да се осеќаш подготвен за да влезеш во тие односи. Ако влегуваш ти во тие односи само зошто си 21 година и демек време ти било, или за да не го изгубиш тој некој, тогаш не размислуваш ама баш ич.
Сите тие муабети со „време ти е, ќе го изгубиш, машко е“ не водат кон пропаст како општество. Девојчиња абортираат на 12 години, влегуваат во односи на 10-11 години, глупачи кои ни малку не размислуваат и се нудат како патлиџани на пазар...
Колку и да не ја сакаме оваа власт, сепак генерално се промовираат добрите вредности (иако претеруваат во однос на абортусот и форсирањето на трето дете) кои постепено ги губиме под притисок на западните one night stands и friends with benefits.
И нема потреба ти или некој друг да ме цитира и да проба да ме убеди во спротивното, зошто тоа никогаш нема да се случи