Ова важи за недоволно упатените, останатите игнорирајте го.
Јас не знам зошто воопшто одите преку посредници бе луѓе. Сум вадел претходно бугарски документи за престој. Секој би се снашол, да му ебам пиперо. Во Софија има нотари, легализации, преведувачи и фотокопирници на секој чекор, во близина на секоја институција кадешто би ви затребале. Ако нешто не ви е јасно или имате пропусти во документите, ќе ви објаснат на шалтер, административците во Бугарија убаво објаснуваат, а не само колку да ве откачат, како нашите. Ама и вие треба да се поставите културно и со почит, и да им се обраќате со "Вие", ќе видите колку се подготвени да ви помогнат. Друга работа: Денес имате googlemaps и слично, користете ги благодетите од нив, да му е**м мајката. Можете претходно да си се подготвите со информации каде се наоѓа секоја институција и рутата по која се стигнува до неа. Ако вие не се снаоѓате на компјутер, сигурно имате пријател кој може да го направи тоа за вас, не одзема многу време. Ако не знаете бугарски, една подготовка од 5-10 минути ви е доволна да се информирате за најважните термини, колку да се снаоѓате во текот на процедурата и во градот, макар што и малку логика и интуиција се доволни: потврда = удостоверение (достојно за верување, ве уверува во достојноста...), ксерокс = фотокопир (веројатно повеќето знаат дека Xerox е марка на фотокопирни апарати), нотариус, произход = про-из-од (нешто што произлегува, потекло), в'зходјашт = предок (мене тука логиката не ми помогна), гражданство = државјанство. И запамтете една работа: Аплицирате за државјанство, не за пасош! Кога одите во Агенцијата на Бугарите во странство, не треба да им спомнувате пасош, тие немаат врска со тоа. Кога се јавувате во министерството за правосудие, не треба да поставувате непромислени прашања од типот "до кај ми е пасошо?". Јас да сум на нивно место веднаш би проценил какви ви се мотивите. Уште нешто: Паланечко курчење, перчење и итроштини кај нив не поминуваат, така нема никого да шармирате. Обиди за хумор од типот "един народ, две држави" придружени со кезење не се препорачуваат таму кадешто не им е местото, особено во интеракција со администрацијата. Се ценат манирите, внимавајте каков впечаток ќе оставите за себе. Ако сте селани, научете малку урбани манири, во Скопје не се секаде пресудни, но во постапката за добивање државјанство ќе ви помогнат бидејќи ќе си имате работа со образовани луѓе во костуми, а можеби и снобови кои лесно се дујат и губат интерес да ви даваат подробни одговори, ако се однесуваш како скот. Сите треба да разбереме нешто: Аплицирате за НИВНО државјанство, кое ВАМ ви е потребно и ви носи потенцијални поволности. Почитувајте ја нивната држава и возвратете им со добар однос, а откако ќе го добиете државјанството, таа држава е и ваша. Тоа значи дека во ваш интерес е таа држава да ги задржи придобивките кои ги постигнала и да постигнува успеси, најмалку затоа што така и вашиот пасош ја одржува и зголемува својата вредност. Бидете подобри од една друга група на кандидати кои бараат државјанства на европски држави само за да ги поткопуваат нивните придобивки и да изградат во нив што е можно повеќе џамии.
Со најдобри намери.
Среќно на сите.
П.С: Некои од советите ми се базирани на лични искуства со Македонци во Бугарија, никој не треба да си ги сфати лично.