А дали се важи прва братучетка, македонка која има добиено бг пасош, ама таму има студирано стоматологија и веќе работи таму и живее 5 години во Софија?
Има многу што студирале во БГ и голем дел од нив уште тогаш добиле лични карти, а сега државјанства.
Значи братучеткати не е извор на бугарско потекло (освен за нејзините деца), но факт е дека една нејзина изјава на нотар + твоите документи со кои ја докажуваш роднинската врска ќе бидат земени во обзир.
Не сакам да шпекулирам, меѓутоа ситуацијата е на ниво "тезга пазар". Испаѓа како да зависиме дали тој во советот што одобрува државјанства станал на лева или десна нога.
Конкретно во твојов случај, разликата што братучетката студирала, живее и работи таму е еден голем плус во споредба со братучедка што зела бугарски пасош и никогаш повеќе не стапнала во Бугарија.
Според мене вреди да се обидеш, а ако над ова имаш(пронајдиш) уште некое друго документче издадено од бугарски орган (воена книшка од дедо/прадедо, свидетелство, имотен лист, тапија) или било каква друга конекција со Бугарите, шансите се зголемуваат тродупло.
Задолжително: Доколку знаеш дека имаш некоја врска од дедо/прадедо или баба/прабаба, а за тоа не можеш да најдиш документи по нашиве матични служби и архиви - задолжително да побараш писмена потврда од Архивот/Службата дека се обиделе да пронајдат документ за лицето - меѓутоа немало. И ова значи нешто кога ќе го приложиш во правосудие.