варирање на странските валути

  • Креатор на темата Креатор на темата Nikola61
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 октомври 2011
Мислења
385
Поени од реакции
139
би сакал да прашам некои познавачи на движењето на странските валути дали мислите дека франкот ке оди уште нагоре или не (поради промена на заштеда од франк во ден) и дали мислите дека еврото може да оди нагоре или ќе остане стабилно
 
Јас мислам дека швајцарскиот франак ке се врати наскоро пак на својата старата вредност од 1 CHF = 50 денари. Во 2011 летото имаше сличен скок на франакот како што има сега, и тогаш за 1 месец франакот повторно си се врати на нормала.
 
Последно уредено:
Во четврток Европска банка ќе донела некоја одлука, со што зависело дали еврото ќе ојача или ќе падне сеуште ? Знае некој нешто повеќе.
 
Ова е реалната вредност на франкот. Пред неколку години, кога Европа ја тресеше голема криза, вредноста на франкот нагло порасна, и тоа ги направи швајцарските извозни ориентирани компании (практично сите) неконкурентни и прескапи, а Швајцарија како туристичка земја исто прескапа. Тогаш владата во Швајцарија донесе чисто политичка одлука да го замрзне курсот на франкот спрема еврото на 1-1.20, и плус најави дека ќе купи огромни суми на евра. Колку што се сеќавам, Швајцарија тогаш купи некои фантастични 600 милијарди евра, како помош за европската економија. Ништо од тоа не вроди со плод, европската економија повторни оди кон рецесија, па Швајцарците заклучија дека е попаметно да изгубат 15% на еврата кои ги купија, отколку да тонат заедно со Европа, затоа го одмрзнаа курсот.
Денешниот однос евро франк е практично економската реалност, и веројатно е дека после изборите во Грција и најавеното печатење на еврообврзници, вредноста не еврото спрема франкот уште да се намали.
 
Скоро сите валути што се надвор од еврозоната, а се во ЕУ, имаат потенцијал да растат во време кога еврото паѓа.
За франков не сум сигурен, ама мислам дека со ваква економска турбуленција во Европа, плус кризата на источната граница.. може да добива во вредност, ама умерено.

Значи коефициентот е мал, али ипак има основа и добра клима за уште некое време да се чува франкот в џеб.
 
Јас мислам дека швајцарскиот франак ке се врати наскоро пак на својата старата вредност од 1 CHF = 50 денари. Во 2011 летото имаше сличен скок на франакот како што има сега, и тогаш за 1 месец франакот повторно си се врати на нормала.

Читај погоре што напиша Ставрогин, зошто во 2011 "се врати во нормала"

Во четврток Европска банка ќе донела некоја одлука, со што зависело дали еврото ќе ојача или ќе падне сеуште ? Знае некој нешто повеќе.

Ќе донесат одлука да испечатат нови евра со што дополнително ќе ја урнат вредноста на еврото, ако се одлучат на таков чекор утре

Ова е реалната вредност на франкот. Пред неколку години, кога Европа ја тресеше голема криза, вредноста на франкот нагло порасна, и тоа ги направи швајцарските извозни ориентирани компании (практично сите) неконкурентни и прескапи, а Швајцарија како туристичка земја исто прескапа. Тогаш владата во Швајцарија донесе чисто политичка одлука да го замрзне курсот на франкот спрема еврото на 1-1.20, и плус најави дека ќе купи огромни суми на евра. Колку што се сеќавам, Швајцарија тогаш купи некои фантастични 600 милијарди евра, како помош за европската економија. Ништо од тоа не вроди со плод, европската економија повторни оди кон рецесија, па Швајцарците заклучија дека е попаметно да изгубат 15% на еврата кои ги купија, отколку да тонат заедно со Европа, затоа го одмрзнаа курсот.
Денешниот однос евро франк е практично економската реалност, и веројатно е дека после изборите во Грција и најавеното печатење на еврообврзници, вредноста не еврото спрема франкот уште да се намали.

Сосема точно. Само претходната недела со уривањето на еврото беа изгубени преку 70 милијарди евра од страна на Националната Банка на Швајцарија, а последиците за извозниците се катастрофални, сите продукти кои одат надвор од Швајцарија се 20% поскапи.

Би требало да се размислува за нова стратегија за македонскиот Денар бидејќи очигледно е дека Еврото ќе продолжи да губи на вредност во наредните неколку години
 
На денешниот курс на ECB франкот веќе вреди повеќе од еврото. Кај НБРМ еврото сеуште вреди повеќе од франкот. Да се купуваат франци или не, прашање е сега.
 
Франкот беше врзан за еврото фиксно, и кога одлучи Европа да печати евра ја одврзаа таа врвка, сепак зависи колкава сума на евра без покритие ќе бидат внесени во промет и со тоа ќе зависи колкава ќе биде вредноста на франкот, па не можат да го држат високо многу заради извозот швајцарски.

И онака е понзи шема шо се замараш :icon_lol:.
 
Првиот удар на франкот беше 73 денари, или околу 30%. Вештачки ќе го срушат ради еврото со нови договори и слично. Најдобро беше да се има франки на страна (реално, е стабилна валута и плус цело време последниве 3-4 години оди нагоре)
Купи за 50, продај за 60... профит???
 
ЕУ се зафркна со санкциите кон Русија и веднаш се чувствуваат проблеми во економијата на ЕУ.
 
Да имаш извор што во моментот прават милијардерите, ќе знаеш и која валута ќе се кчува, и во што да ги претвориш и се. Инаку ние чекаме само некоја вест ако излезе и си првиме математики.:)
 
Ај некој поупатен да ми каже мислење за доларот, дали уште ќе расте? Треба да уплатам поголема сума на долари во следниов месец и не знам дали уште да чекам или да уплаќам одма, чекајќи месецов изгубив скоро 6000 денари :/
 
Што мислите, ќе оди доларов уште нагоре? Да ги продавам или може уште малку да се почека, барем до 60 да стигне?
 
Почекај уште малку...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom