IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Не знам баш дали обединување на ДНР и ЛНР силите е целта, познато е дека во редовите на ДНР каде што се водат пожестоките битки се поискусните борци додека во ЛНР се сепаратистите кои немаат претходно воено искуство.Никој веројатно не навлегол подлабоко во причините за оваа чистка.
А тие можат да се најдат во обидот да се обединат воените сили на Доњецката и Луганската република со што би се зголемил нивниот капацитет за заедничка одбрана.
Ова сепак би подразбирало нова командна линија, според која единицата на “Бетмен“ требала да влезе во состав на баталјонот “Сомали“ на чело со командир “Гиви“од ДНР.
(Овој Гиви ги водел досега најжестоките борби околу аеродромот, имавме прилика да гледаме негови видеа постирани претходно.)
“Бетмен“ според неофицијални извори се спротивставил на новата команда и собрал една група од своите најлојални борци и за една недела создал нов сопствен баталјон.
Крајната цел со централизацијата на одбраната и одржување на законите во новите републики е да се овозможи политичкото решение кое моментално се преговара, што означува целосен прекин на огнот од страна на своите единици.
Во случај кога не можат да ја задржат контролата, тие се решија да спроведат чистка во своите редови и да оневозможат паралелни вооружени групации да дејствуваат без нивна координација.
Во ситуација на војна, внатрешни пресметки се недопустливи, веројатно се работи за поголемо ривалство за “власта“ отколку што претпоставуваме, затоа што начинот на кој е извршена оваа чистка е благо речено брутален и несомнено немало за цел оставање никого при живот. Многу опасна политика.
Дали се ова внатрешни борби за превласт или политички елиминации ќе видиме.