Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
И од зад сцена ми го викнале Бобанот како духовен инспиратор на револуцијата, облечен ко Нео од Матрикс да распали малце :rolleyes:
 
Хм, музички настапи на протест ми е малку несериозно, изведби и такви работи. Прават протестот да не делува сериозно, барем од моја гледна точка.
 
Знаеме на тоа, затоа и одма не се објави локацијата. Пред Влада ќе биде, информација од втора рака. :P Терминот останува ист. Ќе се објави и официјално кај и да е.

Иначе во Собранието, на Законодавно-правната комисија од 13 часот и на Комисијата за образование, наука и спорт од 10 часот ќе се разгледува овој предлог закон, меѓу другото. А првото читање на собраниска седница е во понеделник (не знам од колку саат е).

Ако може као предлог да се дае ако се види некој скапан од која било партија да се избаци зашо само се лепат ко муви кај има луѓе а сите гледаат ќар немаат со кој па се лепат кај стигнат
 
И мене не ми се допаѓа ова вака организирано, а и на неколку души што им спомнав не им е нешо нај нај. Се знае протест, да се закочи градот, да се ежат луѓето кога поминуваме по улица. А не собрани пред Влада и песнички да пееме.
 
И на случајот од видеото подоле исто така имаше озвучување пред Владата :D Требаше и тогаш да биде мирно и ненасилно. :icon_mrgr: Ама на 5:50 работата излезе од контрола. :D И џабе говорникот ги моли демонстрантите на 6:30, толкава маса не може да се контролира. :D
Не, не. Не мислам оти такво нешто може да се случи, подобро не :D Ниту пак посакувам такво сценарио. Чисто онака си спомнувам за случајот. :icon_lol:

:oeoeoe:
 
Што е можно повеќе гужва, застој, наречете го и неред ако треба и било што, кое ќе допре до секојдневниот граѓанин, дали ќе го привлече или исфрустрира и налути е ирелевантно, битно е дека ќе привлече внимание. Затоа јас смета дека и во досегашните маршови попаметно ќе беше да се блокираат раскрсници на подоло време, пример 20 минути на една, па на друга итн.
Вака само на едно место пред влада, многу побрзо ќе им смачи на луѓето да стојат во место, пример, саат саат-ипол. Движење/блокирање/застој, па за крај влада, по мене е најдобра варијанта.
 
http://www.akademik.mk/praven-fakul...enite-izmeni-vo-zakonot-za-visoko-obrazovanie

Многубројните измени на Законот за високо образование од него направија контрадикторен текст
„Уште еднаш потенцираме дека многубројните измени на Законот за високо образование (дури 13) од 2008 до денес, од него направија неконзистентен, нејасен, непрецизен и контрадикторен текст, кој што наместо промени призведува проблеми. Затоа, цврсто стоиме на ставот за потребата од нов Закон за високо образование, со конзистентни, јасни и прецизни формулации, во функција на темелна реформа, креирани низ суштински дијалог на предлагачот со универзитетската заедница за детектираните проблеми и начините за нивно надминување во интерес на квалитетно, европски компатибилно и компарабилно високо образование“

Предложените решенија не се креирани според номотехничките стандарди
I.Најпрво, како правници, не можеме, а да не забележиме дека предложените решенија не се креирани според номотехничките стандарди, затоа што: на голем број одредби местото не им е во закон, зошто, по својот карактер не се законска материја, па би требало да бидат регулирани со упатство; некои членови имаат невообичаено голем број ставови, кои што поради отуство на енумерација не можат да се читаат интегрално; некои одредби не се лоцирани на соодветно место од методолошки аспект, па дел од нив, наместо во Преодни и завршни одредби се нашле во основниот текст; јазикот е лош и му треба не само лектура, туку и редакција.

II. Во продолжение, ќе се осврнеме на предложените решенија, член по член.

Строго почитување на законските услови за воведување на трет циклус на студии
Член 1. Како факултет кој му припаѓа на прворангираниот универзитет, логично и прагматично е да го подржиме решението од членот 1. Сепак, свесни сме дека се работи за административен пристап, кој не е имун на арбитрерност, па како легалисти укажуваме на потребата од строго почитување на законските услови за воведување на трет циклус на студии, односно оневозможување и санкционирање на организирање на истите од универзитет кој што не исполнува некој од законски пропишаните услови, што не беше досегашна практика. Значи, сметаме дека треба да се комбинираат два критериуми: законските услови за организирање докторски студии и рангирањето.

Не постои правен основ ректор да биде странски државјанин
Член 2. Постојната законска рамка, односно de lege lata, не постои правен основ ректор да биде странски државјанин. Покрај формално-правната димензија (Законот за вработените во јавниот сектор) не смее да се заборави/занемари и суштинската димензија на оваа функција од аспект на изборот, комуникација со Сенатот, и другите органи, деканите, одговорноста за работата и сл. Да не ја заборавиме и финасиската страна.

Член 3. Забелешката од член 2, важи и за член 3, како од формално-правен аспект, така и од практичен: предлагање, избор, раководење со Деканатската управа, водење на седниците на Наставно-научниот совет…..

Член 4. Во Мислењето во врска со концептот за воведување на државен испит укажавме на бројните дилеми околу концептот на истиот, како и околу неговата операционализација.

Концепциски забелешки:
Понудениот модел е несоодветен да се вклопи во постојниот концепт на организирање на високото образование

а) Идејата за воведување на систем на дополнителна проверка на знаењата стекнати на високообразовните институции во Република Македонија е за поздравување. Но, понудениот модел е несоодветен да се вклопи во постојниот концепт на организирање на високото образование во Република Македонија, така што има сериозни недостатоци, како во концепциска, така и во практична смисла.

Обид за нивелирање на квалитетот на високообразовните институции
б) Понудениот модел, кој претпоставува дополнително надворешно оценување на знаењата на студентите за време на студирањето, во суштина, претставува обид за нивелирање на квалитетот на високообразовните институции, преку унифициран режим на дополнителна проверка на знаењата на студентите. Истиот е во спротивност, со концептот на организирање на високото образование со повеќе носители кои се наоѓаат во услови на конкуренција, гледан во контекст на принципите на пазарната економија важечки во Република Македонија.

Постојниот концепт на високо образование организирано врз конкурентски основи претпоставува различен (а не еднообразен) квалитет на знаењата
в) Постојниот концепт на високо образование организирано врз конкурентски основи претпоставува различен (а не еднообразен) квалитет на знаењата и вештините понудени од високообразовните институции – носители на високообразовната дејност, со тоа што минималниот квалитет на овие институции со оглед на ограничениот број на учесници се обезбедува преку повеќе системи, како што се системот на акредитирање на високообразовни институции, избори и реизбори во звања, акредитирање на наставно-научниот кадар итн.

Пазарната економија претпоставува препознавање на квалитетот на знаења и вештини
г) Пазарната економија претпоставува препознавање на квалитетот на знаења и вештини на дипломираните студенти – кандидати за вработување директно на пазарот на трудот, од страна на работодавачите, што истовремено создава притисок врз високообразовните институции за подигнување на нивниот квалитет за да би можеле да опстанат во услови на конкуренција со другите високообразовни институции.

Кај јавниот сектор дополнителната проверка се обезбедува преку различни системи на државни испити
д) Кај јавниот сектор, со оглед на ограничениот пристап за вработување, дополнителната (надворешна) проверка на квалитетот на кандидатите за вработување на државно ниво се обезбедува преку различни системи на државни испити специфични за карактерот на дејноста или работното место, како што се испитот за јавна администрација, правосудниот испит (во регулираниот дел од правната професија) итн.

Специјализирани државни испити во функција на дополнителна проверка на знаењата и вештините
ѓ) Кај регулираните професии (во и надвор од јавниот сектор), постојат специјализирани државни испити во функција на дополнителна проверка на знаењата и вештините, како што се државниот испит за медицинарите, претходно споменатите испити во правната струка, итн.

Проверка на знаењата – единствено по дипломирањето
е) Со цел да се сообрази со погорните пошироки концепти, надворешната проверка на знаењата стекнати за време на студиите во форма на државен испит/и би можело да најде место единствено по дипломирањето на студентите на високообразовните институции, и тоа во функција на обезбедување на дополнително препознавање (верификација, уверение) на нивото на знаења и вештини кое го поседуваат дипломираните студенти – кандидати за вработување, што на работодавачите (во приватниот и во јавниот сектор) би им овозможило дополнителен увид во квалитетот на пооделните кандидати, со оглед на различниот квалитет на бројните институции – носители на високообразовна дејност.
При тоа, при воведувањето на еден таков испит (државен испити/и), би требало соодветно да се води сметка и за специфичностите на пооделните сектори или дејности, со избегнување на непотребно дуплирање кај оние сектори и дејности каде што веќе постојат изградени системи на државен испит.

Сериозни потешкотии во изведувањето на наставата и оценувањето на студентите
ж) Понудениот модел за воведување на државен испит за време на студирањето би создал сериозни потешкотии во изведувањето на наставата и оценувањето на студентите и -во крајна линија- не е соодветен да одговори на основната цел за зголемување на квалитетот на високообразовната дејност во државата и на некои од клучните принципи на Болоњскиот процес.

Понудениот модел би можел да доведе до намалување на квалитетот на високообразовниот процес
з) Во конципирањето на наставата и начинот на проверка на знаењата на студентите, клучна улога имаат предметните наставници, кои меѓу другото ја утврдуваат литературата и другиот наставен материјал, како и методот на испитување, соодветни за карактерот и содржината на специфичниот наставен предмет. Воведувањето на дополнителен испит заснован врз методот на полагање преку тестирање (со заокружување од четири можни одговори), како паралелен испитен метод, би можело да предизвика постепено напуштање на испитните методи практикувани на факултетите под притисок на студентите соочени со неопходноста да го положат паралелното државно тестирање. Овие методи (како што се на пр. методите на есејско полагање, полагање „со отворена книга“, оценката на практичните вештини и на проблемското размислување на студентот итн.) се далеку посложени и поквалитетни од предложениот метод на тестирање, и одговараат на посебната природа на конкретниот предмет на изучување, различниот приод на предметниот наставник (кој ужива автономија), специфично селектирана литература и друг наставен материјал.
Оттука, наместо да го зголеми, понудениот модел би можел да доведе до намалување на квалитетот на високообразовниот процес, што е инаку негова основна цел.

Истовременото полагање на колоквиуми во истите квартали ќе создаде потешкотии
ѕ) Предложеното полагање на државниот испит квартално во годината, би се поклопило со истовременото полагање на колоквиуми во истите квартали и, воопшто тешко би можело да најде место во практична смисла со оглед на ангажманот и обврските на студентите кои произлегуваат од студискиот режим на високообразовните институции.

Со оглед на тоа што претставува дополнително оптеретување за студентите во текот на нивното редовно студирање, истото не ги запазува некои од основните барања на Болоњскиот процес, како што е барањето за скратувањето на времето на студирање и за растеретување на обврските на студентите на разумно ниво потребно за стекнување на диплома во однапред утврдени временски рамки.

Идеите за т.н. државен испит се во спротивност со уставно загарантираната автономија на универзитетот
и) Иницијативата во која се дадени идеи за т.н. државен испит на прв, втор и трет циклус студии што треба да го спроведе „новиот“ Одбор за акредитација и евалуација е во спротивност со уставно загарантираната автономија на универзитетот. Имено, Одборот за акредитација и евалуација како парадржавен орган и помошно тело на Министерот за образование и наука, ќе биде надлежен да врши верификација на оценувањето на студентите од прв, втор и трет циклус студии на постоечките високообразовни установи. Со тоа, овој орган презема улога на дел од наставно-образовниот процес односно оценувањето, што е основна дејност на универзитетите и на нивните единици.
Согласно Законот за високото образование, Одборот за акредитација и евалуација има надлежност да си ги преиспита своите решенија за акредитација на сите студиски програми како на јавните така и на приватните високообразовни установи. Фактот што Одборот извршил акредитација и на студиуми кои заслужиле да бидат акредитирани, но и на такви кои не требале да добијат решение за акредитација, треба да биде основ Одборот веднаш да започне со евалуација на веќе донесените решенија за акредитација, а не да претставува основ за воведување на државни испити. Министерот за образование и наука треба да инсистира Одборот за акредитација и евалуација да изврши вистинска евалуација на сите студиски програми (и на јавните, и на приватните универзитети), па оние програми кои не соодветствуваат на издадените решенија треба да ги укине и студентите да ги насочи во високообразовните установи кои работат соггласно со законот.

Секоја високообразовна установа има обврска еднаш годишно да изврши самоевалуација
ј) Согласно Законот за високото образование секоја високообразовна установа (единица на Универзитетот) има обврска еднаш годишно да изврши самоевалуација (на пр. Правниот факултет „Јустинијан Први“ ја прави два пати годишно) во која студентите како корисници на услуги вршат оценка, покрај другото и на наставниот кадар кој учествува во нивниот наставно-образовен процес. Оваа оценка е од битно значење за изборот на секој наставник во повисоко звање.

Дали и знаењето на студентите пренесено од еминентни светски професори ќе подлежи на државно оценување ?
к) На некои факултети (на пр. на Правниот факултет „Јустинијан Први“) има студиски програми на прв и втор циклус студии кои се изведуваат на странски јазик во чија реализација учествуваат 19 професори од првите 100 универзитети рангирани на Шангајската листа (пример, Универзитетот во Стразбур кој е рангиран на 74 место на листата) и има издадено 80 тн. двојни дипломи на магистри на англиски и македонски јазик. Во третиот циклус студии, вклучени се и еминентни професори од САД и европските држави како изведувачи на настава или како членови на комисиите за оценка и одбрана на докторски дисертации. Се поставува прашањето дали и знаењето на студентите пренесено од овие професори ќе подлежи на државно оценување од страна на „новиот“ Одбор за акредитација и евалуација?

Единствено УКИМ од јавните универзитети во Република Македонија подлежи на надворешна евалуација која ја вршат експерти од Европската унија
л) Важно е да истакнеме и дека единствено УКИМ од јавните универзитети во Република Македонија подлежи на надворешна евалуација која ја вршат експерти од Европската унија. Така, пред три години предмет на ваква евалуација беше и Правниот факултет за што УКИМ доби највисоки оцени за примената на Болоњскиот кредит трансфер систем, како и за начинот на спроведување на наставно-образовниот процес. И оваа година, како и досега, истакнати професори ќе извршат евалуација на студиските програми на УКИМ. Надворешната евалуација се изведува согласно стандардите препорачани во Водичот од Европската Асоцијација за Евалуација во високото образование (ENQA). Според овој документ еден сегмент од надворешната евалуација се и процедурите за оценување на студентите, но во тој документ не е предвидено вакво преоценување од страна на државен орган во текот на студирањето, односно концептот за државен испит не е во согласност со овој меѓународен документ.

Се нарушува и болоњскиот процес
љ) Со воведувањето на државниот испит во текот на студирањето се нарушува и болоњскиот процес на кој се заснова Законот за високото образование, бидејќи истиот предвидува дека оценката се формира и од други активности (присуство, активност, есеј, семинарски работи и сл.), а не само од испитот (писмен или усмен).

Нашите студенти по завршувањето на високото образование, за сите служби од правната сфера веќе полагаат бројни државни испити
м) На крајот, зборувајќи за правната професија и за идните правници, треба да се има предвид фактот дека нашите студенти по завршувањето на високото образование, за сите служби од правната сфера веќе полагаат бројни државни испити. Така, идните судии, обвинители и адвокати задолжително полагаат правосуден испит, идните службеници задолжително полагаат стручен испит, идните нотари задолжително полагаат нотарски испит, идните извршители задолжително полагаат државен испит за извршители, итн.

Снимањето значи нарушување на приватноста на личноста!
Конкретни забелешки на член 4. Членот 4 е предолг и оптоварен со одредби кои немаат законски карактер и треба да се дислоцираат во Упатство за полагање државен испит (став 6 – став 33). Во овој член, во ставот 14 се предвидува снимање на текот на испитот и негово емитување во живо, па дури и поставување на снимката на веб страницата на Министерството за образование.

Укажуваме дека снимањето значи нарушување на приватноста на личноста (студентот) и дека според праксата на Судот за човекови права во Стразбург се санкционира, дури и кога се спроведува на јавно место!!!

Присуството на двајца претставници од министерството за време на полагањето е нарушување на автономијата на Универзитетот и факултетите
Пропишувањето на критериумите за просторни услови и материјално-техничката и информатичка опрема за полагање, како и присуството на двајца претставници од министерството за време на полагањето е нарушување на автономијата на Универзитетот и факултетите. Истава забелешка важи и за последниот став од овој член (став 33), според кој министерот за образование ги пропишува условите за начинот и постапката за изведување на државниот испит.
 
Последно уредено:
Не ве разбирам мајку му стара...
Ќе им се досадело на луѓето да стојат 2 саати или колку и да треба пред Влада...
Епа и затоа ќе не ебаваат вака, зошто чекаме нешто интересно да биде.
Одиш на протест за јавно да искажеш револт и противење за нешто, а не за забава.
Во оваа насока и мојот „отпор“ кон ваквото организирање бендови или whatever. Ок е да се пушти некоја песна која ќе има бунтовна порака, ама не и да се прави концерт пред Влада. Не знам како е се испланирано ама концерт само ќе не прикаже како несериозни...
 
Не ве разбирам мајку му стара...
Ќе им се досадело на луѓето да стојат 2 саати или колку и да треба пред Влада...
Епа и затоа ќе не ебаваат вака, зошто чекаме нешто интересно да биде.
Одиш на протест за јавно да искажеш револт и противење за нешто, а не за забава.
Во оваа насока и мојот „отпор“ кон ваквото организирање бендови или whatever. Ок е да се пушти некоја песна која ќе има бунтовна порака, ама не и да се прави концерт пред Влада. Не знам како е се испланирано ама концерт само ќе не прикаже како несериозни...

Абе таман се кренаа луѓето на некој бунт, сите очекуваат помасовен протест,а сеа тие организираат 2 часовно седење пред Влада и пеење. Не оди. Јас сум сигурна дека голем дел нема ни да се појават, а тие што ќе се појават ќе си заминат за 15 мин. Еве апел ако не читаат пленумци нека го сменат концептов.
 
Абе ја само ви спомнав не знам што точно ќе има. Нема да биде само со музика. Патем кажано песните ќе имаат симболика од тоа што сфатив.
 
На тие што ќе им се здосади нема потреба ни да доаѓаат. Абе ајде онаму во Вашингтон на -15 секој ден протестираат прстите црни им се , на некоја фуфа ќе и се смачело, немој молимте.
 
Абе таман се кренаа луѓето на некој бунт, сите очекуваат помасовен протест,а сеа тие организираат 2 часовно седење пред Влада и пеење. Не оди. Јас сум сигурна дека голем дел нема ни да се појават, а тие што ќе се појават ќе си заминат за 15 мин. Еве апел ако не читаат пленумци нека го сменат концептов.
Не е уопште спорно ваквото протестирање на едно место, според мене е баш ок. Проблемот за мене е како ќе биде замислено тоа со музика и такви работи. Ако праиме концерт уопште тогаш ништо нека не се праи.
А за дечките што ќе им здосадело после 15 минути, уопште и нека не доаѓаат. Како шо реков протест е за јавно да изразиш незадоволство, а не за да се фалиш утре „еј абе ја бев на протест, не седев ко тебе дома“...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom