Во Библијата никаде не пишува кога се родил Исус ниту, пак, дека треба да го славиме неговото раѓање. Во една енциклопедија стои: „Славењето Божиќ не е заповед од Бог. Потеклото на божиќните обичаи
- Славење на Исусовото раѓање: „Првите христијани не го славеле [Исусовото] раѓање затоа што сметале дека славењето нечиј роденден е пагански обичај“ (The World Book Encyclopedia).
- Седми јануари: Нема никаков доказ дека Исус се родил на тој датум. Црковните водачи најверојатно го избрале овој датум за да се поклопи со паганските празници што се одржувале во тој период од годината.
- Давање подароци и гозби: Во една енциклопедија пишува: „Сатурналии бил римски празник кој се прославувал во средината на декември. Од него произлегле многу божиќни обичаи. Некои од нив се обичаите да се прават гозби, да се даваат подароци и да се палат свеќи“ (The Encyclopedia Americana). ВоEncyclopædia Britannica стои дека за време на празникот Сатурналии „не смеело ништо да се работи“.
- Божиќни украси: Според една енциклопедија, луѓето во Европа ги украсуваат своите домови „со светилки и со разни украси од зимзелени дрвја“ за да ја прослават зимската краткодневица и да ги истераат злите духови (The Encyclopedia of Religion).
- Бадникови гранчиња од даб, зимзелени дрвја:„Друидите му припишувале натприродна моќ на дабовото дрво. А зимзелените дрвја биле обожавани за да се врати сонцето“ (The Encyclopedia Americana).
- Божиќно дрво: „Обожавањето на дрво било карактеристично за паганските народи во Европа. Тие продолжиле со ова дури и откако станале христијани.“ Еден обичај кој опстанал до ден-денес е „поставувањето на божиќно дрво на влезот од куќата или внатре за време на зимските празници“
Зошто прашуваш? Тебе не ти е важно што вели Господ Исус Христос за Второто доаѓање, па ќе ти било важно што вели Библијата за Божиќ.
Maтеј 24:36
'А за тој ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, ни Синот, туку само Таткото.
Матеј 24
23. Ако некој ви рече тогаш: 'Еве, Христос е тука' или 'таму е'- не верувајте,
24. зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заведат, ако е можно, и избраните.
25. Ете, ви кажав однапред!
26. И така, ако ви речат: 'Ене Го во пустината!' - не излегувајте! 'Ене Го во една од внатрешните соби!' - не верувајте.
27. Зашто, како што молњата излегува од исток и свети до запад, такво ќе биде и доаѓањето на Синот Човеков.
30. Е тогаш на небото ќе се јави знакот на Синот Човеков. Тогаш ќе проплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Синот Човеков како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава.
Значи, ти не Му веруваш на Самиот Господ кога вели дека денот и часот на Неговото Второ доаѓање не ги знае ниту Синот, туку само Отецот, ии веруваш дека дошол во 1914 година, што значи дека секој Јеховин Сведок знае повеќе од Самиот Господ Исус Христос.
И уште побитно, не веруваш во описот на самото Второ доаѓање опишано од Самиот Господ Исус Христос кој вели дека Неговото доаѓање ќе биде како молња која излегува од исток и свети до запад, туку веруваш дека во 1914 било воспоставено Божјето Небесно Царство во најголема конспирација!?
Ти зборовите на Самиот Господ Исус Христос ги газиш и извртуваш, па ќе ти било важно мислењето на некој христијански верник.
Хеортологија е наука за празниците, нивното настанување и значење. Вистински информации за православните празници не можеш да добиеш од англосаксонските енциклопедии туку само од православните хеортолози.
За почеток, почни со читање на следнава книга:
https://www.scribd.com/doc/39899661/Лазар-Мирковић-ЛИТУРГИКА-IV-Хеортологија