Con Artist
the man with the key
- Член од
- 1 мај 2012
- Мислења
- 5.350
- Поени од реакции
- 21.743
Ооо мајко мила.Абе шефе, објасни ми како ќе те натера да учиш АКО ОДНАПРЕД ГИ ИМАШ ПРАШЊАТА?
Како ќе те натера да учиш ако испитот ГО ПОЛАГАШ КОЛКУ ПАТИ САКАШ НА ИСТИТЕ ПРАШАЊА?
Како ќе те натера да учиш КОГА НИКОЈ НЕМА ДА СЕ ЗАМАРА ДА ТЕ ЧУВА ДУРИ ПОЛАГАШ И ЌЕ СИ ПРЕПИШЕШ ЛАГАНО ПОШТО ВЕЌЕ ГИ ИМАШ ОДГОВОРИТЕ НА ПРАШАЊАТА?
![Пукам од смеа! :LOL: :LOL:](/styles/default/xenforo/smilies/laugh.png)
Однапред ги имаш прашањата и одговорите. Ако сакаш да положиш, треба да научиш. Ако го полагаш испитот 10 пати, голема е веројатноста дека нешто ќе научиш, ќе ти влезе во глава, бидејќи за секое полагање треба да се спремаш, да читаш, да учиш од прашањата. Појасно ти е сега?
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Од каде знаеш дека никој нема да се замара, да те чува? Имаш за учење по 100 прашања од испит. Ако во тие 2 години си имал 20 предмети, тогаш треба да учиш од 2000 прашања. И кој е тој Џем Збонд што ќе успее да се снајде и да препише кога има 2000 прашања на располагање. Ете, и да препише некој, не може сите да препишат, некои мора да научат.
Има илјадници факултети за да им се даде шанса да студираат и тие што се финансиски загрозени. Има луѓе што се од посиромашни семејства, луѓе што сакаат да учат, но не можат да си доволат 200 евра месечно само за стан/кирија во Скопје + плус трошоци за живот.Го донесоа факултетот до дереџе на курс по Англиски јазик за петтодделенци и вредноста на еден дипломиран студент со отварањето на илјадници факултети ја сведоа на тоа 90% од дипломираните да бидат кадар кој е несоодветен за ниедна работа (што по нивна вина, што по вина на целиот образовен систем). Се осеќам ретардиран ако кажам дека сум дипломирал, а луѓево овде слават цели денови дипломски. Дури и сега кога ќе магистрирам не се чувствувам дека сум постигнал апсолутно ништо, иако сум потрошил часови за учење колку сите студенти од една генерација на сите приватни факултети, сите факултети кои ги отворија со дисперзирани студии, факултети од УКИМ (нема да набројувам да не се навредат некои), ЗАЕДНО...
Порано било чест да кажеш дека си Академски граѓанин, сега некој куртон што лепи плакати ќе ти се прсне од смеење во фаца затоа што зема 1000 евра плата, додека ти времето за кое си требало да стекнеш некакво работно искуство (пошто за секоја работа бараат работно искуство) си го потрошил на безвредно учење.
Фер е да им се даде шанса за студирање на сите, но диплома да им се даде само на тие што навистина заслужуваат.
Од друга страна па... ај заеби, има pros & cons и во ова, плус друга тема е.
За другото се сложувам. Треба уште еден куп други реформи за да се подобри квалитетот на образованието и кадрите што излегуваат од него. Буквално, еден куп. Пак ќе кажам, не би биле Балкан ако не сме тоа што сме. Класична социјална вукојебина.[DOUBLEPOST=1418056844][/DOUBLEPOST]А овие што излегуваат на ТВ да даваат интервјуа, леле како сум се смеел. Дава интервју, као демек неутрален претставник на студентите, а профилот на Фејсбук му вришти ВМРООООО!
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Последно уредено: