Нема потреба од типичното македонско префрлање за се’ и сешто.
“Предлогот за изгледот на новиот државен грб е на Здружението на хералдичари.“
Нема никакво префрлање од моја страна, баш напротив.
Барам од Јоновски јасно и гласно самиот да каже дали е тој авторот на овој предлог за грб на Македонија.
За мене нема дилеми, зашто самиот Јоновски на истава тема го запишал ова:
Сметам дека најдобро би било да се земе еден грб, без додавки. Мислам дека Црвениот лав на златно поле има најголми историски поврзаности, и како грб на Александар, и како грб на Македонија од Илирските грбовници, но и со реална застапеност, како централен симбол на знамето на разловечкото востание, Рилскиот манастир...
Втор предлог би ми бил...
ама сепак би било фер и чесно самиот да си каже.
Или барем нека ги наведе сите вклучени во изработката на предлогов.
Се надевам дека тоа не е некоја тајна.
Bratot напиша:
Драго ми е ако на било кој начин темава овде или од друг форум му помогнала на Јоновски и останатите во нивната работа или учење. Да не заборавиме дека и содржината на темава е во најголема мера превземена од други извори.
И мене, а верувам и на сите други им е драго што темава несомнено придонесла многу во тој правец.
Арно ама искрено сум по малку вчудоневиден од очебијниот факт дека и покрај којзнае колку годишното истражување и бавење со хералдиката Јоновски клучните информации врз кои (самиот или заедно со други) го темели предлогов за грб на Македонија ги добил токму од темава.
Еве што има напишано на темава пред 4 години:
Да тоа е таписерија која се наогја во Њу Јорк, која требаше да отидам и да ја истражам. Министерството за култура најнапред го одобри проектот, но само со 20% од предложениот буџет да до овој момент не даде ни денар. Овој проект требаше да опфати истражување на уште два непознати грбовници во Европа, но колку пари толку музика. Добор е бар што го има интернетот како поефтина алатка за информирање но не секогаш доволно веродостојно за научно истражување.
..
Значи во случајов темава на форумов т.е. интернетов испадна ептен поефтина ем мошне добра алатка, зашто на едно место и за ич денари ги собира сите релевантни податоци.
Доволно е да се разлистаат последните 4-5 страници од темава и да се види од каде се информациите и исечоците врз кои е направен предлогов за грб на Македонија.
Та уште и на некои јасно потенцирани работи се барало дообјаснување и линкови, па и тие се приложени, итн.
Bratot напиша:
Посебно признание не бараме, јас само очекувам и понатаму отворена дискусија за македонските грбови, мислам дека не сме завршиле со истражувањето и којзнае какви други примери за македонски грбови и симболи можеме да најдеме.
Е не бараме де, ама би било фер и чесно на некој начин да се признае заслугата.
Се разбира дека ние нема да застанеме со истражувањето и споделувањето на други примери на македонски грбови.
Ама како ќе има дискусија ако некој од тука ги влече најважните информации а прави предлог за грб на Македонија со кој не се согласуваат голем дел од учесниците на темава?
Bratot напиша:
Мое мислење е дека објаснувањето “Ваквиот предлог е во согласност со историските факти, а воедно одговара на народната перцепција од преродбеничко време. “ дава многу повеќе слобода за поврзување со сите периоди отколку создавање на противници кои би реагирале против овој предлог доколку само се спомене името на Александар.
Се согласувам во принцип, арно ама при носење на еден ваков предлог (а некои веќе шпекулираат дека се работи за краен избор) за грб на Македонија, на кој се чека еве веќе 20 и кусур години од осамостојувањето, не може тоа да се прави со таква брзоплетост и немарност при што нарочно или не, ќе оставиме пак Јоновски сам да каже, НЕ СЕ СПОМНУВА дека грбот врз кој се темели предлогов е за Александар трети македонски или Велики!
Или демек нарочно ќе го преќутиме тоа "да не се сетат Германците"?
Зошто е потребно тоа?
За утре, ако се усвои, пак идни генерации да се закрвуваат без потреба за тоа што било и како било?
Bratot напиша:
За поздравување е усвојувањето на предлогот, се надевам нема некако да биде закочена промената која претстои.
Исто така сум изненаден дека ваков предлог поминал без пречки, имајќи ги во предвид сите досегашни препреки и се надевам дека зад ова усвојување нема некоја друга агенда која треба да не заслепи:
“За да се промени симболот потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и бадентерово мнозинство.“
Ќе видиме наскоро...
Е тука лежи големиот зајак.
Како наводно не можеше ете две и кусур децении да се дојде до грб на Македонија со лав, а сега држ-недај, на брзина демек се "стокми" работава?
Што ли тоа се стокми, убаво викаш, ќе видиме наскоро...
Можеби и за тоа Јоновски знае нешто?