Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
За постоењето на турците има историски документи. Можеш ли да ми посочиш независен - нецрковен историски документ за настаните што ги посочи?

Исторски документи има и за Холокаустот на Евреите во Втората светска војна, но има луѓе кои го негираат.

Историски документи има и за погромот на Ерменците од страна на Турците, но самите Турци тоа го негираат.

Памти ми го зборот, дека по неколку години ќе дојде ден кога и џихадистите од Исламската Држава ќе велат дека тие самите се мирни луѓе кои на мравка не газат, а камоли да сечат глави, силуваат и пљачкосуваат. И дека тоа им го накалемуваат САД и Израел во намера да ја оцрнат нивната борба. И сите муслимани ќе бидат убедени во зборовите на џихадистите од ИСИС како да се маѓепсани.

Сега кажи ми какви и чии документи за тебе се релевантни за да знам што да ти приложам.
 
Негирањето на историјата и историските факти постоело и ќе постои, но тоа не го менува фактот што тие се историски сведоштва. Посочи ми историско, неутрално - нецрковно сведоштво и документ, и ќе се согласам дека имаш валидна основа да го сметаш настанот за доказ. Затоа што вакви "чуда" има секоја религија. Муслиманите ќе ти тврдат дека месечината била раздвоена на два дела и повторно составена на пример. Зошто тоа не е доказ а твојава приказна е доказ?
 
Знаеш колку преданија, митови и легенди постојат? Тие за тебе се доказот?! :facepalm:
Сакаш да ти покажам карпа каде Марко Крале со коњот направил дупка и почнала да извира вода? Или место каде Тор удрил со неговиот чекан? Или местото каде медузата претворила човек во кип од сол?

Однеси не до ова место, ако знаеш каде е.
 
Значи дека не ја респектираш човечката способност да верува т.е. Вистинува?
Способноста да веруваш дека вистина е само тоа што ти одговара и дека ако од нешто ти се ежи кожата треба да го сметаш за лага, се вика глупост.
 
Обиди се да одговориш без фрустрација, бидејќи го промашуваш прашањето.
Верата како човечка способност, активност ја прифаќаш или не?
 
Фрустрациите барајте си ги кај вас, тоа што не ви се допаѓа дијалог каде некој се служи со аргументи, не е моја вина.
Верувањето само по себе непостои, мора да има нешто во кое ќе веруваш. Е сега, може да веруваш дека утре ќе врне, бидејќи денес било облачно. Тоа е верување кое се базира на логична последователност. А може и да веруваш дека смртта е лага, бидејќи од помислата дека нема повеќе да постоиш ти се ежи кожата. Тоа е верување кое се базира на ирационална очајност, страв и глупост.
На пример, ако вториов случај го примениш на првиот, и од некоја причина дождот ти е екстремно неприфатлива опција што те ужанува, тогаш ќе веруваш дека облаците се причина за сончев ден и сино небо.
 
Фрустрациите барајте си ги кај вас, тоа што не ви се допаѓа дијалог каде некој се служи со аргументи, не е моја вина.
Верувањето само по себе непостои, мора да има нешто во кое ќе веруваш. Е сега, може да веруваш дека утре ќе врне, бидејќи денес било облачно. Тоа е верување кое се базира на логична последователност. А може и да веруваш дека смртта е лага, бидејќи од помислата дека нема повеќе да постоиш ти се ежи кожата. Тоа е верување кое се базира на ирационална очајност, страв и глупост.
На пример, ако вториов случај го примениш на првиот, и од некоја причина дождот ти е екстремно неприфатлива опција што те ужанува, тогаш ќе веруваш дека облачите се причина за сончев ден и сино небо.
:facepalm: :notworthy:
Поистоветуваш вера со религија и знаење со наука.
Бидејќи имаш фрустрација со религија по автоматизам ја негираш способноста да веруваш што е квалитет, способност на човекот да антиципира, доверува, проверува... Вистина.
Мислам не си искрен дури ни со себе а тек за дијалог не станува збор.
Доколку не е така ( не дај Боже), у прашање е патологија.
 
Твоето прашање не се однесуваше ни на религија ни на наука, ти ме прашуваше дали го негирам верувањето како човечка особина. Ти одговорив и објаснив дека верувањето може да биде под влијание или на ирационални мотиви или на рационални. Сликовито, тоа изгледа вака:
untitled.jpg

Оние што по секоја цена сакаат да слушнат утеха и потврда дека ги чека мед и млеко, лагата ќе ја сметаат за вистина. Оние што вистината им е битна, нема да имаат пристрасност и нема да отфрлат ниедна опција, без разлика дали е непријатна или пријатна.
 
Твоето прашање не се однесуваше ни на религија ни на наука, ти ме прашуваше дали го негирам верувањето како човечка особина. Ти одговорив и објаснив дека верувањето може да биде под влијание или на ирационални мотиви или на рационални.
Од ова и се плашев. Господи помилуј!:(
Му веруваш ли на татко ти дека ти е татко? Или веќе имаш ДНК доказ?
Не мора да се мачиш да одговориш, верувам во твоето знаење дека веруваш на анализата, а не на татка си. Резил! Срамота!:tapp:
 
Која би бира рационалната причина за да не верувам дека ми е татко, и да барам ДНК доказ?
Резилот е твој, нека ти служи на чест.
 
Cave ab homine unius libri
Пази се од човекот со една книга. :)
Според мене не е само тоа, повеќе е очајот и паниката што ги ужаснува од можноста да престанеш да постоиш. И милион книги да прочита, таквиот човек пак ќе ја смета за вистина само онаа што му нуди утеха и мед и млеко. Дискусијава на оваа тема е неверојатен пример за тоа до каде може да отиде човековиот очај за да ја задржи апсурдноста и да ја одбрани пред аргументите, колку и да се тие очигледни.
 
Да останеме доследни на твојава констатација, истото важи и за тебе :)
“Hypnotism need not be induced by overt manipulation or by an operative; one can hypnotize oneself. And the agency can be a suggestion, a philosophy, a persuasion, a conviction, a belief, an infatuation, a book, a sermon, a piece of music, a personality, an addiction of any kind. Hold a conviction long enough and it ends by holding you.”
 
Која би бира рационалната причина за да не верувам дека ми е татко, и да барам ДНК доказ?
Резилот е твој, нека ти служи на чест.
ВЕРУВАШ или ЗНАЕШ? А, ДОКАЗ?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom