Здраво
Еве јас го имам истиот тој проблем веќе 3-4 години ако веќе почнеш there's no goin back навистина е многу тешко човек да се одвикне од грицкањето на нокти еве јас вчера се одлучив морам да ставам крај
Знам дека постои слична тема на оваа но во оваа сакам да си пишуваме совети да се одвикнеме
барав не интернет и ќе набројам неколку совети
1.Намачкајте ги ноктите со сок од лимон и оставете ги да се исушат потоа кога ќе се обидете да ги грицните вашите нокти ќе почустувате кисел вкус
1а.Можете да купите како една течност во аптека против грицкање на нокти но ве предупредувам ќе неможете да јадете без да осетите многу јак горчлив вкус
2.Секој пат кога ќе се обидите да ги грицкате ноктите удрете си шамар (сериозен сум)или ќе заврезете некое ластиче на зглобот и кога ќе се обидете да грицкате со ластикот знаете што да направите
3.Нека ви биде устата зафатена со мастика бонбона наместо да ви биде зафатена со грицкање на нокти (внимавајте на часови)
4.Ако ништо не ви помага носете ракавици секаде или со фластер залепете ги ноктите
Се надевам дека сум ви помогнал на некој начин