Дали сте за влез на Македонија во НАТО?

  • Креатор на темата Креатор на темата глагол
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за влез на Македонија во НАТО?


  • Вкупно гласачи
    115
Народот е доволно интелегентен и соеглаво расудлив до таа мера што јасно му е дека НАТО и ЕУ не им се потребни ни од економски,политички,геостратешки,безбедносен или пак цивилизациски план бидејки она што очигледно реално му треба на народот е реоформирање на кралство и именување император.

Да? Ја виде анкетата? Виде колку одговориле „да“ и колку се воздржани? Вториве се полоши.
 
Ако сме на страната на победниците ондак сам ја за да а ако сме губитници ондак сам ја за не.
Дали сте за влез на Македонија во НАТО?
Јанко ти си?
 
Последно уредено:
бидејки она што очигледно реално му треба на народот е реоформирање на кралство и именување император.

2562221-5882768694-image.png
 
Не сум за влез во воен соујз со фашистичка доктрина, море не сум за влез во никаков воен соујз туку за прогласување на неутралност и цивилна одбрана/војска, значи војска и воени дејствија (ако има потреба) само во нашите граници.

Едноставно во душата не сме тирани.
Ако на една Словенија кој е опкружена од Австрија, Унгарија, Италија и Хрватска во глобала сите мирољубиви и цивилизирани народи без никакви претензии за нејзината територија влезе во НАТО и секоја годнина ја модернизира својата армија,како можеш да кажеш дека на Македонија не и е потребен никаков воен сојуз па уште и војска ако и биде потребна:tapp:
Се каменуваа кај се сака,ја ракетираа владата,2001 сите ја памтиме,илирида патролира низ Скопје,грците само ни гледаат сеир,за БУгарија сме ист народ и територија,во Косово никој не знае што криминал се врти а ти трескаш зелени по форуми како тоа не ни треба ниту НАТО ниту АРМИЈА
За доброто на македонците е потребно и Еу и Нато зашто држава кој на хартија има 2 милиони со 25% малцинство не и се пишува добро ако не влезе во некој сојуз
Сешто ке прочиташ од неначитани луѓе :facepalm:
 
Како бе на Словенија,Хрватска,Бугарија,Албанија им се потребни и Еу и Нато,а на нас ништо не ни треба
Зборите за кралства,империи, луѓе дали се слушате што зборите или има премногу средношколци тука
 
А под кои услови ке каже некој или само со да или не.
Истото важи и за Еу кога сме веќе тука.
 
Како бе на Словенија,Хрватска,Бугарија,Албанија им се потребни и Еу и Нато,а на нас ништо не ни треба
Зборите за кралства,империи, луѓе дали се слушате што зборите или има премногу средношколци тука
Зашто бре Пакистан, Индонезија, Јапонија, ЈАР не се членки на НАТО? Знаеш која е целта на НАТО или не?
 
Многу сме исфилмани ко за 2.000.000 народ.
Една улична банда од Лос Ангелос да дојди ќе не освои.
Треба убоо да се види кај имаме интерес и да це лижи газ до бесвест.
 
Прашањето треба да гласи:

Дали сте за влез на Македонија во НАТО, по цена на промена на име и идентитет ?

Одамна е јасно дека влез во НАТО без промена на име НЕМА. А дури и да си го смениме името, јас верувам дека повторно ќе се изнајдат причини зошто не од страна на Грција и Бугарија.
Не гледам како НАТО ќе ни ја гарантира внатрешната безбедност, а всушност таа е убедливо најголемата закана за државава.

Ако го смениме името (националноста), и во тој случај влеземе во НАТО последиците ќе бидат далеку далеку поголеми од било какви бенефити од влезот.
Со менувањето на името и националноста, оваа држава дефинитивно ќе ја загуби својата поента и цел на постоење на Балканов. Во таков случај прашање на време е кога ќе биде завршната поделба на колачот.

Поради овие причини не гледам како постои друг избор освен НЕ за влез на Македонија.
 
Ако мора да бирам меѓу еу и нато би избрал нато. Не сум за зачленување во НАТО но стратегишки гледано тоа е неопходно ЗЛО. Зошто таква им е диктаторска полиитката што сакал не сакал мора да САКАШ да бидеш со нив. Исто е и ЕУ поголема диктатура и нацизам не постои и сите го знаеме тоа но МОРА да ги сакаш. Наша среќа е што до сега Циганите од Југ не блокираа особено за во ЕУ.
 
Зашто бре Пакистан, Индонезија, Јапонија, ЈАР не се членки на НАТО? Знаеш која е целта на НАТО или не?
:pos: Како прво не мешај работи ,како второ ние сме една улица од Пакистан,Јапонија и Индонезија, Како трето штом ме прашуваш вакви прашања :facepalm: не заслужуваш да бидеш дел од оваа дебата:pos:
 
Ако на една Словенија кој е опкружена од Австрија, Унгарија, Италија и Хрватска во глобала сите мирољубиви и цивилизирани народи без никакви претензии за нејзината територија влезе во НАТО и секоја годнина ја модернизира својатшта армија,како можеш да кажеш дека на Македонија не и е потребен никаков воен сојуз па уште и војска ако и биде потребна:tapp:
Се каменуваа кај се сака,ја ракетираа владата,2001 сите ја памтиме,илирида патролира низ Скопје,грците само ни гледаат сеир,за БУгарија сме ист народ и територија,во Косово никој не знае што криминал се врти а ти трескаш зелени по форуми како тоа не ни треба ниту НАТО ниту АРМИЈА
За доброто на македонците е потребно и Еу и Нато зашто држава кој на хартија има 2 милиони со 25% малцинство не и се пишува добро ако не влезе во некој сојуз
Сешто ке прочиташ од неначитани луѓе :facepalm:
Чекај,оној НАТО ли кој во 2001г им помагаше на терористиве,ги изваде од Арачиново ко туристи а не поразени војници.Истиот ли кој ги вооружуваше и ги обучуваше.Или онаа ЕУ која не лже дваесет и кусур години,прво знаме,па име,па на крај да испадне да сменимеи име,јазик,нација, и
 
Како бе на Словенија,Хрватска,Бугарија,Албанија им се потребни и Еу и Нато,а на нас ништо не ни треба
Зборите за кралства,империи, луѓе дали се слушате што зборите или има премногу средношколци тука

Најмоќните армии во светот се членки на НАТО,,,САД и Велика Британија нема да ги рачунам, например Франција,Германија,Италија,Турција,Канада итн.. Сите овие џинови се дел од НАТО... И кога на овие држави им се потребни НАТО пактот, што остана за Мкд..:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom