Во 2014-та 0% инфлација

  • Креатор на темата Креатор на темата SF
  • Време на започнување Време на започнување

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
14 ноември 2014 - 16:02
Во најновата ревизија на макроекономските податоци централната банка оценува дека економијата ќе расте како резултат на растот на извозот, но и на домашната побарувачка, а во надолни ризици ги пресметува геополитичките тензии

godinava-rast-na-bdp-od-37-procenti-i-0-inflacija-195380.jpg

Раст на македонската економија од 3,7 проценти оваа, 4,1 отстоследната и 4,5 проценти во 2016 година проектира Народна банка на Република Македонија со својата најнова ревизија на макроекономските проекции. Притоа, единствено е намалена проекцијата за наредната година, од 4,4 на 4,1 процент, како резултат на очекувањата за понеповолно надворешно опкружување.

Гувернерот Димитар Богов, истакнува дека во наредните две години растот умерено ќе забрза како резултат позитивните ефекти од структурните промени врз извозниот сектор и посебно на солидниот раст на домашната побарувачка. Како надолни ризици за проектираниот раст се пресметани геополитичките тензии, ризиците од нормализирањето на монетарната политика на американската централна банка, бавното закрепнување во еврозоната, но и падот на цените на храната, металите и енергенсите.

НБРМ сега очекува пониска инфлација од претходно проектираната, па за оваа година проекцијата од 1 отсто ја спушта на 0, за наредната од 2 на 1 отсто, а за 2016 година очекува да се нормализира на околу 2 проценти.

Банкарските камати, вели гувернерот во моментов се на најниско ниво, а нивното спуштање не зависи само од потезите на НБРМ, како што е менувањето на референтната каматна стапка, туку и од трошоците на банките, ризиците што ги пресметуваат, изворите на средства и нивната цена. Кредитниот раст, пак до крајот на годината треба да се позиционира околу 9 насто и да биде највисок во Европа, со оглед на тоа што во повеќето земји е или нула или негативен. За 2015 и 2016 година се прогнозира задржување на стапките на кредитен раст на ниво од девет до 10 проценти.

- Во 2016 година очекуваме кредитите да изнесуваат близу 52% од БДП, што е пораст од 10 процентни поени во однос на 2008, која беше последна преткризна година. Банкарскиот систем и натаму е стабилен, при висока стапка на адекватност на капиталот која во јуни изнесуваше 16,9 отсто и релативно стабилно учество на нефункционалните пласмани од 12,2 отсто во август годинава, констатира гувернерот.

Девизните резерви и понатаму треба да останат на адекватно ниво, и покрај тоа што наредната година треба да се намалат поради отплата на еврообврзницата и кредитот за претпазливост од ММФ, но потоа треба да продолжат да растат.

(С.Ву.)


 
на фејсбук има поисцрпни коментари од твојов.

Зарем е потребен сериозен коментар на ваква изјава од една (би требало да е) сериозна институција?
 
Инфлација 0%, раст на економијата, раст на животниот стандард, раст на инвестициите, а народот се посиромашно и посиромашно живее. Oh, the irony.
Секоја година истата приказна, во секој можен параметар бележиме „раст“, најдобри сме или едни од најдобрите во регионот, а реалноста вели нешто сосем друго.
 
Некој со фаца ко на Богоев дури да ми вели дека сонцето изгрева од исток нема да му верувам.

Инфлајшон е 3.16%
 
Зарем е потребен сериозен коментар на ваква изјава од една (би требало да е) сериозна институција?
Насловот е избран од новинската агенција. Во текстот има набројано разни податоци од доменот на работа на таа институција.
 
Некад можда у некоја иднина некој од власта ќе каже нешто вистинито.
Ради ваков малоумен булшит, со кој нѐ бомбардираат секојдневно, тогаш никој нема да поверува. Исто како во приказната за овчарот кој викал волк.
 
Добро луѓе со вас сериозен муабет не се прави. Јас ја отворив темава ама да можам би ја затворил. Толку со вас од мене под ниво е овој форум за сериозни дискусии. Муабетиве се бетер од пијано друштво во 01.00 во селска биртија. Додуше таму ќе оди вечер 90% од Македонија. Ауфивидерзен одам на друг форум.
 
Добро луѓе со вас сериозен муабет не се прави. Јас ја отворив темава ама да можам би ја затворил. Толку со вас од мене под ниво е овој форум за сериозни дискусии. Муабетиве се бетер од пијано друштво во 01.00 во селска биртија. Додуше таму ќе оди вечер 90% од Македонија. Ауфивидерзен одам на друг форум.
Абе не оди, еве ќе се озбилиме...
 
Плавците кога беа мед и млеко течеше.
Многу овци па човек не може на сите да им погоди,мора секогаш да има гомнојадачи.

Дај кажете една позитивна работа кога беа плавите на власт и престанете да јадете гомна
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom