Сексуално преносливи болести (СПБ)

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ХЕПАТИТИС "Б"
Општи информации - хепатитис значи воспаление на црниот дроб кое најчесто е предизвикано од еден од 5-те вируси (А, Б, Ц, Д и Е). Секој од овие вируси може да предизвика акутно заболување со симптоми кои во просек траат неколку недели. Различните видови на хепатитис имаат заеднички и специфични карактеристики .

Начини на пренесување - хепатитис "Б" може да се пренесе:
  • од мајка на најзиното дете,
  • од дете на дете,
  • преку трансфузија и заедничко користење на игли и шприцеви
  • преку сексуален контакт и контакт со телесните течности како што е крв, плунка и урина.

Последица од прележан Хепатитис "Б" може да биде долготрајно оштетување на црниот дроб.

Причинител - вирус присутен во крвта и другите телесни течности на инфицираното лице.

Симптоми - секој од 3-те стадиуми на болеста има свои симптоми.Постојат случаи кога лицето заразено со Хепатитис "Б" нема никакви симптоми а сепак може да ја пренесува заразата на други.

I стадиум - симптомите се јавуваат 1-6 месеци по заразувањето и се карактеризираат со:
општи симптоми (кашлица и болки во грло)
чувство на малаксалост и грубење на апетит
болки во зглобови

II стадиум - наречен стадиум на жолтица трае 2-8 недели. Во текот на овој стадиум се јавуваат нај јасните симптом на болеста .
кожата и белките на очите се жолти
урината станува темно кафеава, а столицата бела светла
болки во абдоменот

III стадиум - наречен стадиум на оздравување. Во овој стадиум исчезнува жолтилото на кожата и белките. Урината и столицата стануваат нормални. Губитокот на тежина до 4,5 кг. за време на болеста е често.

Лекување - единствен третман е одмор и здрава храна. Докторот ќе каже колку долго е потребно да се мирува. Некогаш се потребни и неколку месеци за нормализирање на состојбата.

Превенција - постои вакцина против хепатитис "Б". Таа е скапа и поради тоа достапна само за одредени земји и луѓе. Една од индикациите за давање на оваа вакцина е на сексуални партнери на луѓе кои биле заразени со вирусот. Ако е потребно да се вакцинираш обрати се на својот доктор и објасни му зошто мислиш дека има потреба од тоа.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Сончањето лекува акутен хепатитис "Ц":icon_roll

Половина час сончање е значително поефикасно во лекувањето на акутен хепатитис Ц отколку употребата на лекови, изјави тајванскиот доктор Пан Ниан-Чунг.

Ниан-Чунг, кој е експерт за природно лекување и консултатнт во Националниот истражувачки институт за кинеска медицина смета дека сончањето, ако е умерено, го зајакнува имунитетот на пациентите и им помага да се опорават од акутниот хепатитис Ц.

Петнаесет минути сончање по изгревањето и пред заоѓањето на Сонцето е најефикасно бидејќи во тоа време сончевите зраци не се силни и не предизвикуваат изгореници на кожата, истакна Ниан-Чунг.

Акутниот хепатитис Ц е опасен, но редок облик на хепатитис со висока стапка на смртност. Околу 85 отсто од заразените умираат пред да им се направи трансплантација на црниот дроб. Болеста почнува со замор и мачнина, но за неколку недели се јавуваат и други симптоми - жолтица, темна урина, симптоми слични на грип, како и зголемен обем на црниот дроб.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ГЕНИТАЛНИ БРАДАВИЦИ
Причинител - е вирус кој е ист со оној кој предизвикува појава на брадавици на кожата

Симптоми - и кај мажите и кај жените се карактеризираат со брз раст на брадавици со различна големина кои се јавуваат секаде на гениталиите. Брадавиците секогаш не се појавуваат веднаш по инфекцијата. Може да се појават дури и после 1 година. Секогаш не може лесно да се приметат посебно ако се внатре во вагината или анусот.

Лекување - премачкување со специјална маст кое мора да го врши доктор. Повеќето од брадавиците исчезнуваат по лекувањето. Во случај на бременост докторот треба да биде известен пред почетокот на било каков третман.

Жени кои имале брадавици или чии што партнери имале брадавици мора редовно гиниколошки да се контролираат, бидејки се смета дека се со поголем ризик за добивање на цервикален карцином.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
НЕСПЕЦИФИЧНИ ГЕНИТАЛНИ ИНФЕКЦИИ
Општи информации- ова е голема група на различни инфекции што се меѓу најчестите од сите СПБ. Тука спаѓаат:

  • циститис (воспаление на мочен меур)
  • вагинитис (воспаление на вагина)
  • уретритис (воспаление на уретра)
  • прокитис (воспаление на ректум)

Наставката "ИТИС" на крајот од зборот означува воспаление. Неспецифичните генитални инфекции може но, не мора да се пренесат по сексуален пат.

Причинител - различни организми може да бидат причини за овие инфекции, меѓутоа организмот наречен хламидија е познат како нивен најчест причинител. Хламидијата е една од инфекциите кои ако не се лекуваат предизвикуваат сериозна инфекција и/или стерилитет. При сомневање за хламидија важно е и двајцата партнери да ја посетат клиниката.

Симптоми - различни се кај секоја од неспецифичните инфекции. Но сепак може да се издвојат некои заеднички општи симптоми кои најчесто се јавуваат:
  • исцедок од вагина, уретра, пенис или анус;
  • воспаление околу гениталната регија;
  • често мокрење;
  • болка и печење при мокрење.
Симптомите најчесто се јавуаат после неколку дена до 6 недели по контактот со инфектот. Многу жени не забележуваат симптоми, па затоа доколку постоел сексуален контакт со лице за кое се сомневаме дека е инфицирано, најдобро е да се направи лекарски преглед.

Лекување - постои за повеќето од неспецифичните инфекции, вклучувајќи и за хламидија. Докторот препишува терапија што придонесува за подобрување на општата состојба. Многу е важно раното лекување, особено кај хламидијата поради опасност од стерилитет.




 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
КАНДИДИЈАЗА

Причинител - габа која многу луѓе нормално ја имаат на кожата. Во некој случаи таа се разликува и предизвикува болест. Кај жените ги зафаќа вулвата и вагината а кај мажите може да го зафати пенисот. Кандидијазата може но не мора секогаш да биде пренесена преку сексуален контакт.

Симптоми

Кај жени:

- густ, бел исцедок од вагина
- оток на вулва (кожата околу вагината)
- болки при мокрење
- свраб околу гениталии и анална регија

Кај мажи:
- воспаление на пенис

Лекување - за жените терапијата ја сочинуваат вагинатории (меки таблети кои се ставаат длабоко во вагината) и крема против чешање. Кај мажите терапијата е само крема.
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
СИДА
Општи информации - СИДА-та е болест предизвикана од вирусот ХИВ кој го уништува одбранбениот систем на организмот и го прави неспособен да се бори против обични банални инфекции. Луѓе со ХИВ може да изгледаат и да се чувствуват совршено добро многу години по заразувањето. Голем број од нив не знаат дека се заразени и дека при ризично однесување можат да ја пренесат заразата на други. Во просек 50% од заразените за период од 10 години ќе развијат болест-СИДА која се манифестира со различни форми на рак, сериозни инфекции на белите дробови, дигестивниот систем, централниот нервен систем, кожата и др.

Начини на пренесување - засега познатите начини на пренесување на ХИВ инфекцијата се:
  • сексуален пат (анален, вагинален)
  • со заедничка употреба на игли и шприцеви
  • од мајка на нејзиното дете

ХИВ не се пренесува преку секојдневните социјални контакти.

Причинител - е вирус наречен ХИВ. Него го има во сите телесни секрети и екскрети на заразеното лице. Во доволна концентрација за пренесување го има во крвта, семената течност, вагината и цервикалниот секрет. Вирусот е присутен и во плунката и во солзите но не во доволна концентрација за пренесување.

Лекување - засега постојат лекови кои го ублажуваат и забавуваат текот на болеста но се уште не постои лек или вакцина за целосно излекување од оваа болест.

Превенција - практикување на безбеден секс со правилна употреба на кондоми го минимизира ризикот од ХИВ инфекција преку сексуален однос. Не секој сексуален однос е со подеднаков ризик за ХИВ инфекција:
  • Аналниот секс се смета за високо ризичен;
  • Вагиналниот секс носи ризици за пренесување на ХИВ преку семената течност или гениталниот флуид;
  • Оралниот секс е ризичен бидејќи ХИВ може да премине од вагиналниот флуид или семената течност во устата во која можеби има рагади или ранички.

За намалување на ризикот од инфекција преку инфицирана крв неопходно е користење на игли и шприцеви за еднократна употреба или доколку тоа не е можно потребна е нивна правилна стерилизација. Ова се однесува на секоја опрема со која поради било која причина се нарушува интакноста на кожата (бушење уши, тетовирање, акупунктурни игли, инравенска употреба на дрога и др.).
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ПРИ СОМНЕВАЊЕ ЗА СПБ СО КОГО ДА СЕ РАЗГОВАРА?

При појава на некои од подолу наведените симптоми потребно е колку што е можно побрзо да се разговара со доктор.
Колку порано ќе се препознаат симптомите и се побара медицинска помош, толку полесно и побрзо ќе се одвива лекувањето.

ЗАШТИТА ОД СПБ-БЕЗБЕДНО СЕКСУАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ

Што се подразбира под поимот безбедно сексуално однесување?

Сексуалниот однос помеѓу две лица кои не се заразени, се смета за безбедно сексуално однесување. Сепак, никој не може да е апсолутно сигурен дека неговиот партнер е ХИВ негативен - дури ни луѓето кои меѓусебно многу добро се познаваат. Единствен начин на докажување на ХИВ статусот е правењето на тест за ХИВ инфекција. За да овој тест биде валиден потребно е да поминат 12 недели од моментот на евентуалното изложување на вирусот.

Кога две лица кои имаат сексуален однос не се тестираат истовремено или кога тестирањето не е возможно, на пример, при повремени сексуални контакти, важно е да се преземат мерки кои можат да го намалат ризикот за инфекција. Има повеќе такви мерки од кои некои почесто се користат и се вбројуваат во она што го нарекуваме "сигурен секс", а други пак се применуваат поретко.

ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД

Најновите истражувања покажуваат дека ракот на грлото на матката може да е во врска со вирус кој се пренесува по сексуален пат. Јавувањето на овој вид на карцином станува се почесто и меѓу младата популација на жени. Присуството на вирусот може да биде дијагностицирано и излекувано доколку првите знаци се забележат доволно рано. Во склоп на превентивните програми во многу земји сите жени од 20-64 години мора да бидат повикани за тест по "Папаниколау" барем еднаш во 5 години.
 
Член од
3 мај 2006
Мислења
32
Поени од реакции
2
Имав секс со една девојка и сега на половиот орган ми се појавува нешто бело, како грутки на главичката, не е течност од отворот ама понекогаш чеша.

Ако некој знае нешто помош!
 

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
туширај се најмалку двапати дневно и мачкај го со kanesten маст ке ти помине сигурно

pejcik напиша:
Имав секс со една девојка и сега на половиот орган ми се појавува нешто бело, како грутки на главичката, не е течност од отворот ама понекогаш чеша.

Ако некој знае нешто помош!
Знеа некој како медицински се вика болеста/инфекцијата што ја опишал пејцик
 

IsidoraD

Neko to od Gore vidi Sve!
Член од
18 октомври 2005
Мислења
671
Поени од реакции
29

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
МЕК ЧИР

Причинител: бактерија која влегува во организмот преку гребнатини или други рани на гениталиите

Пренесување:
  • може да се заразат сите луѓе кои имаат сексуален контакт без заштита
  • болеста се пренесува преку директен контакт со раната преку сексуален (вагинален, орален или анален) контакт со заразената лечност
  • инфекцијата се јавува дури и кога нема ејакулација
Заштита: Користењето на кондом при секој сексуален контакт може да ве заштито од болеста

Набљудување:
  • Првите симптоми се мала група на црвени пликови во гениталната средина (можат да бидат болни и да крвават при допир)
  • се лекува со антибиотици пропишани од доктор
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ИНФЕКЦИЈА GARDNERELLOM

Причинител: GARDNERELLA

Пренесување: оваа болест е честа вагинална инфекција кај жената, која што е сексуално пренослива

Заштита:
  • Ризикот за заболување од Gardnerellom може да се намали при користење на кондом за време на сексуалниот контакт
  • За да се одржи бактериска рамнотежа се препорашува ригорозна хигиена
Набљудување: gardnerella живее нормално во вагината и се појавува кога нејзината рамнотежа е пореметена
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
МИКОЗА

Причинител: микроскопска печурка од фамилијата Candida најчесто (Candida albicanis)

Причинители:
  • Се пренесува преку сексуален однос
  • најчестата микоза е Кандида, која природно се наоѓа во организмот, но под негова контрола. До пореметување на рамнотежата може да настане поради подложеност на организмот, спонтано

Заштита:
  • Причините на кои што се изложени можат да бидат елиминирани:
  1. со земање на антибиотици
  2. диабетисот мора да се лекува
  3. вагиналната хигиена мора да биде адекватна (не смее да се користат секакви сапуни)
  4. облека од синтетички материјал мора да се избегнува
  • Употребата на кондом нуди заштита

Набљудување:
  • околу 90% случаи се појавува вагинален мирис, вулвал пруритус, црвенило и иритирање, иритирање и пецкање при мокрење, болка при сексуалниот контакт
  • третманот се состои при употреба на антифунгални лекови
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
PEDICULOSIS PUBIS

Причинители: Полови вошки - широки, сплеснати, светло сиви, во дожина од 1мм

Пренесување: Половите вошки можат да се пренесат од личност на личност на многу начини: преку директен контакт преку кожата, преку сексуален контакт, преку постелнина, облека која се дели со заразената личност


Заштита:
  • што поголем број на сексуални партнери, поголема е и шансата да се заразите од полови вошки
  • мора да избегните делење на заедничка постелнина и облека
  • Pediculosis мора што побргу да се лекува, за да се избегне негово ширење
  • кондомите не се заштита за оваа инфекција

Набљудување:
  • главни знаци се чешање на гениталиите - постојат неколку креми кои се користат за лекување на пеликулосисот
  • постелнината и облеката мораат да бидат дезинфицирани при повторно употребување



 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
ШУГА

Причинители: вид на паразит кој што се појавувакај луѓето, животните, билкит и инсектите

Пренесување:
  • Секој може да биде заразен
  • Болеста се пренесува со контакт со заразената личност, преку допир, милување или сексуален однос и преку носење на заразени облеки
Заштита:
  • шансата за заболување од оваа инфекција настанува при менување на поголем број сексуални партнери
  • кондомите не заштитуваат
Набљудување:
  • главни знаци се чешање кое се јавува интензивно во текот на ноќта
  • оваа болест медицински може да се лекува
 

Kajgana Shop

На врв Bottom