Не, не е анти-капиталистички.
Патентот е идеја. Ако знаеш да го продадеш производот кој произлегува од таа идеја, супер. Ако не, некој друг ќе го продаде.
Замисли вака. Ти имаш патент за вокмени. Произведуваш и продаваш вокмени рецимо. Ама не ти оди продажбата ко шо треба. Ги продаваш по цена од 100 денари.
И јас идам утре и ти купувам 20 вокмени и успевам да ги продадам по цена од 200 денари. Ти си ја добиваш твојата стотка, јас си ги добивам моите пари.
Утре пак така.
Шо вреди патентот? Па не многу.
Ако патентите се некоја капиталистичка алфа и омега, смарт фонот се базира на неколку милиони пронајдоци. Као сите производители на смартфони им должат на сите тие шо ги патентирале тие милиони патенти?

Не баш.
ако патентот е идеа , и не важат правилата за пиратерија според тебе тогаш:
Програма или дигитален производ (музика, филмови) е исто така идеа, пошто може да се смета како кобинација од математички знаци (1и0) интелигентно (со идеа) поставени така да даваат некаков резулат.
Патентот е идеа, напишана на лист хартија (ова небитно) и претставува комбинација од математички знаци и правила интелигентно поставени така да даваат некаков уникатен резултат.
Аналогно на ова во капиталистичкиот свет, крадењето, пиратењето на дигитални производи не би требало да е некој голем проблем, ама е.
На бил гејтс му смета оти му го крадиме софтверот (пиратски верзии) и маки мачат да ги уништат сите дитигални пирати, а од друга страна не е проблем ако украле идеа за видноус.
Закон на посилниот секогаш дејствувал во капиталистичкото општество. Така било и со сиромашниот Тесла и ботатиот Едисон така е и денес со денешното крадење на патенти.
Во овој дигитализиран свет, заштита на продајдоците преку патенти и забраната на пиратерија е единствен начин за заштита на сиромашните интелигентни луѓе и нивни начин да се збогатат.
За созавање на материјални добра ти требаат ресурси, а тие се резервирани за оние кои се родиле богати или на неков начин дошле до пари. Смартфон неможе секој да направи дома, ама некој добар програмер во својот дом со користење само на лаптоп и својата интелигенција може да созаде чуда.
Но денес се повеќе се зголемува цената на годишно ниво за држење на патенти, баш поради тоа, да нема сиромашни луѓе кои ќе држат добри идеи. Затоа и богаташите го туркаат овој тренд за зголемување на цените за држење патент, оти знаат дека тие имаат пари да ги држат своите идеи, ама сиромашните не.
Во америка веќе има збор за сиромашните луѓе кои држат патенти и кои си бараат наплата кога некој ќе им ги искористи без лиценца - patent trolls , Обама веќе нареди спремање на закон против овие луѓе.
Да не бидам скроз оффтопик од темата
Денешиот капитализам ако продолжи како ваков и не претрпи некои значајни промени во полза на обичниот народ мислам дека ќе завршиме во некое општество опишано како во филмот elysium.