Замонашување

  • Креатор на темата Креатор на темата StayVoice
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
28 март 2014
Мислења
82
Поени од реакции
46
Возраст
31
Ме интересира како би можела да се замонашам односно кај треба да се обратам? И дали доколку еднаш се замонашиш не можеш да се откажеш од тоа? Се надевам не е така чим не е ни неопходен услов невиноста,затоа што некои си имаат деца како сите останати луѓе.
 
Можеш да се откажеш. Познавам една девојка која отиде во манастир, се замонаши и после две години се врати дома и си го продолжи животот како никогаш да не била калуѓерка...

А зошто побогу би сакала да се замонашиш?!o_O
 
Едноставно ќе си го променам мојот моментално бескорисен живот,ќе се наполнам со позитива,со мир,па кога ќе се вратам ќе имам сила да градам кариера.Така некако :P
 
Оди во црква или во манастир и распрашај се, ќе ти кажат што и како треба за да се замонашиш. Иначе мислам дека можеш после да се откажеш од тоа да бидеш монахиња.

Но во однос на ова што го кажа стварно ме чудиш:confused:
Едноставно ќе си го променам мојот моментално бескорисен живот,ќе се наполнам со позитива,со мир,па кога ќе се вратам ќе имам сила да градам кариера.Така некако :P
Ако ја гледаш верата и манастирот како хотел/одмаралиште да знаеш дека си го утнала правецот. Ако ти е за да се издуваш и за да собереш сила, оди во некој хотел некаде на планина, одмори се, разговарај со некој близок, кажи си ја маката, ќе ти олесни и ќе продолжиш понатаму:)
 
Не носи премногу брзи заклучи.Тој ми беше многу површен одговор,имам јас и многу потемелни причини кои не сакам и не морам да ги споделам.Хотел? Не ја сфаќам таа споредба,затоа што и во обичниот живот човекот може да се води по принципите на религијата.Ако мислиш дека имам потреба да се издувам,погрешно си ме протолкувала,но не е страшно :)
 
Едноставно ќе си го променам мојот моментално бескорисен живот,ќе се наполнам со позитива,со мир,па кога ќе се вратам ќе имам сила да градам кариера.Така некако :P
Направи го корисен. Не ти треба замоношување за тоа. Зар стварно мислиш оти таму ќе ја добиеш потребната позитивна енергија?
 
Сакам да го добијам одговорот на темава.До каде ќе стасаме ако ги објаснуваме и оправдуваме на секого своите желби и одлуки? До никаде.Така што ќе ви бидам благодарна,ако ме одслободите од такви прашања,понатака :)
 
Едноставно ќе си го променам мојот моментално бескорисен живот,ќе се наполнам со позитива,со мир,па кога ќе се вратам ќе имам сила да градам кариера.Така некако :P

Не ме сфаќај погрешно, ама кариери не се почнуваат во манастири.

Си чула за некоја наша јака бизнисменка на која и упалила креативната сијалица после двогодишен престој во, да речеме, Свети Јован Бигорски?
 
@StayVoice
Аплицирај на http://www.spe.org.mk/. Испрати CV, па тие ќе ти кажат кој манастир има слободни места каде што можеш да се замонашиш.
 
Аплицирај замисли те одбијат самоубиство :pos:Апликацијата ќе се разгледа ви благодариме после 1 недела влеговте во потесниот круг после 2 недели за жал не успеавте да влезете :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom