Не ми се верува колку повредени имаме, сега дури Итурбе повторно не е спремен
[DOUBLEPOST=1413302424][/DOUBLEPOST]Довчерашниот член во управата на АС Рома, американецот со италијанско потекло Џосев Такопина пред некој ден стана сопственик на италијанска Болоња. Веднаш испаднаа шпекулации дека Роберто Манчини е близу до клупата на Болоња, а новите сопственици му ветиле инвестиции од 100мил .
Такопина е еден од најуспешните адвокати во Америка. Познат е како "адвокат на ѓаволот", бидејќи најчесто застапува клиенти, обвинети за тежок криминал и проневера на огромни милиони, кои на крај ги извлекува од огромна каша.
Интересно за него е што во минатото тој учествуваше заедно со Џорч Сорос во обидот да ја купат Рома, знаеме фамилијата Сенси тогаш и покрај огромните долгови, реши да не го продаде клубот и да го мачи уште добри 7-8 години. Такопина не ја криеше огромната желба да има свој фудбалски клуб, а неговите корени го влечеа тоа да биде калчолигаш, а Рома од секогаш му е била најомилениот тим, затоа и беше член на управата околу 2 години, сега која му е целта со Болоња, неможе никој да ни потврди. Како и да е, ќе има нов тим во Италија после Рома кој ќе стане "итало-амерички". Се очекува ФК Болоња за 5 години да достигне рамниште на една Фиорентина и еден Наполи со што ќе даде нов шмек на Калчото. Секако очекувајте за некој месец да објават дека се во план да прават сопствен стадион.
Знаат американците каде да удрат, по Рома каде направија полн погодок сега се одлучија за Болоња, еден од постарите тимови во Италија, клуб со традиција, кој има доста успеси во минатото и дури 7 пати станувал првак на Италија. Плус Болоња е 7-ми најголем град во Италија, со околу пола милион жители, зошто би зеле тим од Удине(Удинезе) или Парма(Парма) или Кајари(Кајари), градови со популација од 100 000-150 000 жители, базата на фанови авотматски е поголема со поголем потенцијал.
Знаат американците што да прават