SEO за почетници

T

templar55

Гостин
Испровоциран од темата “Заработка на интернет” каде реално никој не заработува решив да споделам линк од моја дневна заработка на која наидов на негативни коментари ( воопшто не ни бев изненаден, го очекував тоа ).

Но она што ме изненади е приватните пораки кои што ги добив во голем број и желба на некои форумџии да создадат свој моќен онлајн бизнис.


SEO-то денеска е една од најмоќните методи за заработка каде вие за вашиот клучен збор се рангирате кај чичко google.

Да речеме дека имате веб сајт за продажба на камери. Реално вие ги немате тие камери ама Амазон ви нуди да бидете нивен affiliate и ви дава 10% од секој нивен продаден продукт. Откако ке направите ваш вебсајт ( прилично ефтино денес ) 10$ хостинг и 10$ domain вие треба да почнете да размислувате на содржината и на клучните зборови кои ке ги има тој сајт за да се рангира на google. Тоа се нарекува оптимизација или популарно SEO.


Onpage SEO


Да речеме дека сте решиле да продавате камери од амазон ова се основните почетоци што треба да ги направите.


Keyword research –


Ако вашиот сајт е за рецензија за камери тогаш вашиот keyword нормално дека би било : camera reviews. Што сега со тој keyword ?

На вашиот блог/сајт за рецензии вметнувате текст од 500 збора каде највеќе 3% од вкупниот текст ке го содржи зборот camera reviews.

Title description –

Краток опис за тоа каков е сајтот, вклучувајќи го вашиот keyword.

Meta description –

Опис долг 140 карактери што се појавува кога ке се укуца вашиот сајт на гугл каде исто така треба да го имате во тој текст вашиот keyword.


Навигација

Доколку вашиот сајт има повеќе страни треба да имаат линк од вашиот home page ( почетна страна ). Гугл обожава навигација... гугл не сака да го збуните корисникот на вашиот сајт.


Социјални сигнали

Гугл обожава социјални сигнали. Доколку вашиот сајт е шеруван и лајкуван или има твитови за вашиот сајт тоа гугл може да го препознае и го издига вашиот сајт на висок ранг.

Пример како треба да изгледа еден сајт за амазон рецензии: http://pickmyshaver.com/

Овој сајт/блог заработува месечно од 4 до 5 илјади долари и е високо рангиран на гугл за зборот best shavers.


Но како овој сајт се нашол на толку висока позиција на гугл т.е. на прва страна не е само факторот OnPage SEO.


OffPage SEO – Главоболка за скоро сите интернет маркетери.

Доаѓа тешкото или offpage SEO… да се биде или не.

Ова е нешто што ке ви одзема 90% од вашето работно време. Јас го нарекувам pain in the ass. Но ова мене ми носи 150$ дневно. Без ова, onpage SEO е тотално бескорисно. Off page SEO e всушност градење на линкови до вашата страна. Колку по релевантни се тие линкови и од популарни и стари сајтови толку подобро за вас.


OffPage SEO може да биде автоматски ( прилично лош избор а и идиотски ако мислите дека ке го зезнете гугл ) и мануелно т.е. рачно.


Автоматското SEO се базира на софтвер кој се нарекува GSA кој гради илјадници линкови за краток период и манипулира со гугл. Но тоа трае прилично кратко и гугл го деиндексира вашиот сајт.

Софтверот чини 100 долари ( го нема кракуван, не се мачете ) но ако се одлучите на оваа глупа варијанта која понекогаш и функционира тогаш можете и да си купите гиг на фивер кој ке ви ја заврши целата работа за десетина долари.

Мануелно т.е. рачно SEO е констатно градење на линкови до вашиот сајт од

Web 2.0 платформи.

Значи правите блогер, вордпрес и слични бесплатни сајтови. Ставате текст од 500 збора каде ке има линк до вашиот сајт точно во клучниот збор за кој сакате да се ранкувате.

Но гугл не сака пре оптимизирани сајтови така да некогаш може да има гол линк до вашиот сајт некогаш клучниот збор како линк а некогаш и збор кој е тесно поврзан со вашиот сајт.

Најдете вакви 30-40 сајта и поновете го процесот. Но не заборавајте дека сите артикли на тие web 2.0 што ги пишувате мораат да бидат барем 90% уникатни.

Тоа можете да го проверите на smallseotools.com

Ова е само краток опис за SEO. Доколку сакате повеќе да научите барајте артикли на гугл како SEO GUIDE, SEO FOR BEGINNERS, BASIC SEO.

Сајтови што можат да ви користат да научите SEO се: blackhatworld.com backlinko.com


Доколку има заинтересирани за овој начин на заработка би продолжил да пишувам само не сум сигурен колку времето ке ми дозволи затоа што работам од јутра до сутра хах.
Доколку некој сака да предложи или да праша нешто, слободно.
Ова ви е само патот до ваша финансиска слобода. Одлучете се дали ке бидете ебани од системот или сами ке си застанете на нозе. Ова за некој е свет грал а некој само ке стисне X и ке продолжи да читка други теми. Ваш живот, ваша одлука.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Корак по корак сите ќе станете богаташи и ќе имате моќен бизнис. :giggle:
 
T

templar55

Гостин
Корак по корак сите ќе станете богаташи и ќе имате моќен бизнис. :giggle:
За некого е бесцелно у живот да има 11.203 мислења и денар да не земал од тоа. Одбиј од темава, има луѓе овдека што сакаат да учат. Секој има избор, оди миј чаши некаде.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
За некого е бесцелно у живот да има 11.203 мислења и денар да не земал од тоа. Одбиј од темава, има луѓе овдека што сакаат да учат. Секој има избор, оди миј чаши некаде.
Замисли каква штета е тоа што немам земено ни денар. :( Што лошо кажав де, дека богаташи ќе станете сите. :vozbud:
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Јас имам сајт, и на почеток брзите пари доаѓаат само со мноооогу снаодливост и пласирање линкови по социјални платформи.

Е сега останатиот дел за константен прилив на долг рок тука е SEO-то, но не значи дека само со SEO можеш да преживуваш.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.535
Поени од реакции
29.098
SEO е многу повеќе од тоа што го напиша но... 150 $ дневно. 30 дена во месецот по 150 $ e 4500$. Реално? Не.
 
T

templar55

Гостин
Замисли каква штета е тоа што немам земено ни денар. :( Што лошо кажав де, дека богаташи ќе станете сите. :vozbud:
Не знам за други, ако се потрудат можеби. Јас за себе сум прилично задоволен. Иначе поради ваков негаторски став/менталитет сте дно дна:)...
just to remind you. :vozbud:
 
T

templar55

Гостин
SEO е многу повеќе од тоа што го напиша но... 150 $ дневно. 30 дена во месецот по 150 $ e 4500$. Реално? Не.
Знам... толку можев сега за сега. Затоа и предложив страни од кои можат да се црпат материјали. Не можам книга да напишам а некое гомце да ти го плука тоа. Полека, полека ако гледам дека темава убаво тече, ке ставам секој ден материјали. Ова не е ни 0.01%
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.661
Поени од реакции
8.681
Со SEO се прават огромни пари, ја имам неколку клиенти на кои што им вршам SEO на нивните производи на Амазон, а и добро плаќаат, дневница ми е 500 денари минимум, месечно се собираат некаде околу 300-350 евра.

Ако имате слободно време тогаш пробајте, не кошта ништо како што кажа членот, фанете Wordpress и шибајте, немате мака. Фала за примерот. :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.928
Поени од реакции
42.643
дај некој нека објасни чекор по чекор, би му бил захвален. Од каде да се почне? Треба да се има сопствен сајт?
 
T

templar55

Гостин
Што е EMD ( Exact Match Domain ) и разлика помеѓу EMD и Partial EMD.
EMD
е кога вашиот клучен збор ке биде ист како домејнот што го поседувате. Како горе наведениот пример: best shavers EMD би било bestshavers.com
Доколку сега сме 2010 година некој фино би се офајдил од ова. Но во 2014 т.е. денес ова веќе не функционира. Денеска гугл повеќе дава предност на домејни што имаат Partial EMD односно кога само некој збор од целиот клучен збор се содржи во домејнот.
Ова одлука се донесе откако многу луѓе почнаа да купуваат EMD за ефтини пари а ги продаваа за вртоглави цени, притоа недозволувајќи им на конкуренцијата да им се доближи во ранкигот на гугл. Така да доколку купувате домејн и сакате дел од клучниот збор да го има во името на домејнот слободно, нема да погрешите, Но стојте по на страна од EMD. Денеска гугл дава предност на брендирање...ке продолжам кога можам.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.326
Поени од реакции
21.623
Маде во чибук.
Така? Јас не знам што е ова глупостиве што ги постирал темпларов, пак уште цела тема отворил. Така лесно да се правеле $150 дневно, сите ќе беа милионери.

Туку, да не знаеш дали исплаќаат од PTCirlce?
 
T

templar55

Гостин
Следен пост ке биде :
Правилно градење линкови до линкови или популарно Tier 2
и
Ако не ви троши време и сакате да купите SEO Services за вашиот сајт што да одбегнувате т.е. како да не бидете поебани и да фрлате пари во магла.

Постов ке гледам да биде долг и ке го напишам кога ке имам време. Доколку нема заинтересирани на темава, тогаш само ке ја оставам да скапе :) се читаме...следната недела ке ми биде пекол. Ако има заинтересирани слободно нека пишуваат на темава, нека ја одржуваат жива а јас кога ке можам ке одговорам.
 

dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349
GSA е многу моќна алатка ако знаеш како да ја искористиш јас ја користам за Tier2.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom