Што правите кога ви е досадно?

D

drle

Гостин
Како да си го направам интересен животот? И мене а и на моето друштво а и на многу луѓе што ги познавам се им е скурчено , се е веќе видено и не интересно.
По муабетов што го кажуваш тебе ти е време да се жениш и да начукаш едно 3-4 деца, па да видиш како тогаш се ќе ти стане интересно, дури и повеќе од интересно.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Го отруфте совети. Признај, Гоццццце реторичко беше прашањето. :vozbud:
 
Г

Гоццццце

Гостин
Абе луѓе, кој рече дека времето не ми е исполнето??? Имам женски имам друштва имам се, али пак е досадно пак е некако штуро, и не само кај мене ви реков, туку и кај мои пријател(к)и и другар(к)и. Можеби таков ни е градот..
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
Абе луѓе, кој рече дека времето не ми е исполнето??? Имам женски имам друштва имам се, али пак е досадно пак е некако штуро, и не само кај мене ви реков, туку и кај мои пријател(к)и и другар(к)и. Можеби таков ни е градот..
оди вие скопјаничшата сте фатиле да се жалите...
што да речеме ние од другите градови? што да речат тек оние од источна македонија... Имате кина, театри, балет, преубав парк, Кале, Матка, зоолошка и пак не ви чини.... што да речеме што Гостивар нема ни кино, театар ич, балет опера и сл е мислена именка, овци в парк, ништо од кале, зоолошка само во приказните за добра ноќ ...? единствено што Маврово ни е блиску... срамота е да речеш дека е досадно...
мене кога Гостивар ме фаќа досада одам два три дена Маврово со дечко/друштво... промена е и немаш време да ти е досадно
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
449
Поени од реакции
16
И мене ми е преку кур од скопјево нема више кај да се иде зошо сегде си бил и сегде се истите фаци, а нема ни шо да се праи.го свакам гоцццццце што сака да каже
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Е доообро де, сите ни го фаќа монотонија животот.
То е знак дека често забораваме и да живееме и се фокусираме на единечни работи. Зато почесто треба да се прават работи што го креваат адреналинот.


Шо и да прајш не го тепај времето. Времето ти е животот.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
На 15-16 години да ти е досаден животот...
Лошо..
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Па како нема да е досадно кога уште средно незавршено младинава има се` испробано: Фејсбук, мајспејс, скајп, мсн, веце слик, Колосеум, Тренд, Динамик (воедно и затворање на истите локали) анал, генг бенг..
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
И мене ми е преку кур од скопјево нема више кај да се иде зошо сегде си бил и сегде се истите фаци, а нема ни шо да се праи.го свакам гоцццццце што сака да каже
Пресели се во Њу Јорк, шо чекаш?
Добро бе големоградци, добро рече Тикви4ка, како си го правиме животов интересен ние од маливе градови? Не земаме никакви волшебни напивки не се секирај. Се` е до тебе и до блиските пријатели. Интеракција(не зборвам за таа на мсн) е неопходна за т.н. "интересен живот". Ако не штима, барај други алтернативи, во други друштвени кругови.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Прави нешто шо го немаш правено порано :smir: Ама у граници на нормалата :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
И мене ми е преку кур од скопјево нема више кај да се иде зошо сегде си бил и сегде се истите фаци, а нема ни шо да се праи.го свакам гоцццццце што сака да каже
Кутри мои напатени души. Во Скопје немало кај да се иде. Сакаш една кратка листа на кафичи, клубови, дискотеки...
ФМ, Пјаца Либерта, Казабланка, Хемингвеј, Бариста, Сегафредо, Дежа Ву, Т-клаб, Коктел бар, Хард Рок, Колосеум, Ало Ало, Ања (и во парк и на кеј), Ла Боделгита дел медио, Плаза де Торос, Грув, Кова, Трач, Пипл, Лондон паб, Тренд, Кастро, Лезет, Аја, Скандал, Ла кафе, Ин кафе, Кафе ди Рома, Шевињон, Френдс, Козмик и уште многу многу други. Секако вас ви е досадно затоа што сето ова веќе го имате поминато. Не?
Ете горенаведените локации се дел од местата каде сигурно не си бил. Не само ти, многу како тебе, како Гоццццце, кои мислат дека се’ поминале во животот.
Нема што да се прави? Дали ти знаеше што пишуваш кога го напиша ова?
Не мораш да одиш и да се пијанчиш секој викедн. За промена, отиди само прошетај низ парк навечер, прошетај по кеј навечер, оди до средно Водно да го видиш Скопје навечер како гори... Или пак ете, занимавај се со нешто кое ќе ти го окупира тоа слободно време. Можеби и да читнеш некоја добра книга во петок навечер. Сепак тој ден не е предодреден за искачање.
За преку ден, муабет да не правиме. Истите локации од горе, плус планинарење на Водно, излет до Катланово, до Матка, возење велосипед, возење ролери, седење во парк на клупа и зафркавање со друштвото. Да не спомнуваме какви се можности ти се отвараат со самото излегување пред зграда.
Епа ќе биде досадно, кога цел ден го тупиш пред пц наместо да излезеш и да го спознаеш светот. Рачунај си само дека местата кои ги набројав би ти направиле да ти биде интересно следните 3-4 месеци. Но пази, ги набројав само оние кои се во строгиот центар на градот. Замисли уште колку ги има по другиве населби?
п.с.Сума сумарум, јас си имам прекрасен живот. Не само поради тоа што постојат места каде може да се оди, туку поради тоа што знам точно што во кој момент може да ме исполни.
 
Х

Ханзо

Гостин
И мене ми е преку кур од скопјево нема више кај да се иде зошо сегде си бил и сегде се истите фаци, а нема ни шо да се праи.го свакам гоцццццце што сака да каже
Значи ова кога ќе го чујам... :tapp:
Не сме село од 1000 души па „сегде исти фаци“ да гледаш. Ако ти е за фаците, излези на друго место, ќе гледаш други фаци. И не, не мислам од Динамик да се префрлиш во Колосеум, мислам на различни места, ќе сретнеш различни луѓе, ќе направиш различен муабет, и се` ќе ти биде на место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom