D
Daedalus
Гостин
Ти очигледно не ми го сфати одговорот и не го разбираш значењето на теории/хипотези. У наука не постојат работи ко „факти“ и „апсолути“. Постојат теории кои се поддржани од евиденција. Колку повеќе евиденција постои позади теориите толку поголема е шансата теориите да се точни што воедно никогаш не стига до 100% сигурност како кај догматските верувања во кои се алудира дека се точни со сигурност.Немој златен многу сте ми боси на темава.
Беше прашан за абиогенезата и останатите теории, а одговорот беше
Ако меѓувремено си се стекнал со знаења искажи се, ама вака без познавање на некоја теорија а да ја фафоризираш, доаѓа како србската ’незнам али тврдим’.
Јас лично ја фаворизирам абиогенезата и кажувам дека постои како можност за настанување на нашиот живот. Јас не тврдам дека сум сигурен во тоа ко ти што тврдиш дека си сигурен во твојата христијанска верзија за Бог и тој став го држам со години.
Многу сте ми интересни повеќето тука. Кога читате одговори, тоа не го правите внимателно и детално притоа разработувајќи ја поентата на одговорот туку рипате пасуси, читате набрзина, а тоа што го читате ви поминува низ призма од верувања и идеи за тоа што да реплицирате, како да го „заебете“ соговорникот и слични архајски потреби за покажување на своето его. Што, ако успееш да ме спуштиш со некој нискобуџетен муабет од трета лига дебата ко „еее ти не си читал, сеа си прочитал нешто“, готово, си ја победил дебатата, си ги победил сите и твојот Бог ќе биде горд со тебе? Од тие причини прекинав да дебатирам тука пошто повеќето од дебатите се сведуваат на циркуларна логика, замарање околу семантички грешки и софистички аргументи, ама знаеш, оние од најниската и најдолната класа за да се докаже кој ќе го победи натпреварот за најтврдоглава особа.
Не бери ти гајле, те уверувам дека моите знаења од областа на биологијата, абиогенезата, а можеби и религијата се повеќе од доволни за да дебатирам со тебе.
Во мојот горен пост, абиогенезата беше дадена КАКО ПРИМЕР за друга алтернатива, не како решение.
Од друга страна, тотално ја рипна цела поента на мојот пост, сите прашања и цел опис за да се задржиш на најирелевантниот дел од целиот пост. Постои Бог. Не е абиогенеза, во ред? Како знаеш дека е твојот бог, а не богот кој го наведов јас во постот кој треба да го препрочиташ ама не површно како што имаш навика?Не го зимаш во предвид фактот дека може да постои работа како абиогенеза или друг начин за создавање на живот кој не вклучува креатор бидејќи му даваш посебни особини на животот и го правиш „нематеријален“.