Стихот според кој христијаните го гледаат описот на падот на луцифер е во Исаија глава 14, стихови:
12. Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите.
13. А во срцето свое си велеше: „Ќе се искачам на небото, ќе го издигнам престолот свој погоре од Божјите ѕвезди и ќе седнам на гората во соборот на боговите, на крајот од северот;
14. ќе се искачам до висините на облаците, ќе бидам сличен на Севишниот.
Врз основа на ова е толкувана и "војната на небесата" и падот, и се што оди со тоа. Но! Овој стих воопшто не се однесува на Херувими, Ангели или Серафими, се однесува на кралот Небуканезер, суров деспот од кој евреите виделе доста маки.
Ако овие стихови се однесуваат на херувим....зошто во стих 16-ти од истово поглавје би стоело следново:
16. Оние што ќе те видат, ќе се загледадат во тебе, ќе си речат за тебе: тое ли е човекот, што земјата ја разнишуваше и царства потресуваше