Никад не сум напишал формација ама еве кога веќе се (речиси) комплетирани трансферите и јас да ја напишам мојата омилена. Не сум експерт за да учи Ван Гал и помошниците од мене ама колку толку ја знаеме сите играта на играчиве што ги имаме. Со сите фит играчи јас вака би го составил тимот.
Де Геа
Рафаел - Џонс - Рохо/Смолинг - Шо
Керик- Ерера
Ди Марија - Мата - Руни
Робин/Велбек
Омилена ми е 4-2-3-1.
Четворица во последна линија мора да има. Англиски фудбал, брз фудбал, брзи крила на противниците, ако нема класа бекови ќе се чудиме на резултатите.
Керик - Блинд или Керик - Ерера. Ако го бирам првото тогаш Ерера би го ставил на местото на Мата со тоа што Ди Марија и Руни ќе се малце понапред, ама тогаш поише ќе личи на 4-3-3 или 4-5-1.
Мата го ставам под претпоставка Кагава да си оди, иначе Кагава на таа позиција илјада пати е подобар и тоа веќе е разглобувано неколку пати во темава.
Робин ако продолжи да игра како последниве две кола слободно може да си седне.Ако не сака да се залага за тимот таму негде има некој кој што има јајца да притисне, да трча по цел терен и да врши пресинг без разлика дали игра како напаѓач или крило.
Ние како фанови за играчи веќе не може да мрчиме. Единствено што фали е уште класа стопер. Класа стопер со искуство, стабилен, зрел и борбен освен Хумелс на никој друг не ми текнува. На сите останати по нешто ќе им фали - дали годините, дали недостиг на искуство, дали зелен ќе се погоди...сите карактеристики според мене само Хумелс ги има.
Премногу рано е да му судам на Ван Гал, очекувам дека ќе го среди тимот и следните натпревари играта нема да биде налик денешната. Ван Гал е менаџериште без разлика експертине во ПЛ темана што тропаат. Позз експерти
United will rise again. Како фениксот.