jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.645
- Поени од реакции
- 27.607
Работите си доаѓаат на место.
Бунтовниците напредуваат во контраофанзивата, САД сметаат дека ја води Русија
Украина во средата побара помош од НАТО откако проруските бунтовници ја преземаа иницијативата во источна Украина и се пробиваат кон југоисточните региони заробувајќи само во еден ден 90 украински војници, тврдејќи дека тенковите им се донесени од Русија и тргнуваат кон нови воени зони, а САД оценија во средата навечер дека контраофанзивата што ја започнаа во саботата бунтовниците од Донецк и Луганск е водена од Русија.
Бунтовниците од самопрогласената Народна Република Донецк објавија дека во изминатите денови земале под контрола осум градови во регионот, како и местата Старобешево и Новоазовск, кој е регионален центар на југот од Донецкиот регион на брегот од Азовското Море, како и дека целосно ја контролираат границата кон Русија.
Донецките бунтовнички сили во средата навечер соопштија дека кај селото Улјановское заробиле 65 припадници на пограничните сили на Украина, а кај местото Петровское украинските војници престанале да даваат отпор и се предале 24 војници од 93-та бригада. Исто така, информираат и дека уништиле пет лансирни системи од типот „Град“ кај Новоановка и воена техника на украинската армија кај Старобешево.
Така, проруските бунтовници ги заземаа сите контролни точки од нивното упориште Донецк до приморскиот град Новозавоск, во должина од 100 километри. Во местото Старобешево, 30 км оддалечено од Донецк, бунтовниците наишле на десетици сандаци со муниции и многу напуштени воени возила, што докажува дека украинските војници набрзина ги напуштиле позициите. Според локалното население, украинските војници избегале уште во понеделникот кога почнале гранатирањата, откако во саботата премиерот на самопрогласената ДНР, Александр Захарченко, инаку етнички Украинец, објави дека бунтовничките милиции ќе тргнат во противофанзива за да ја осуетат новата стратегија на украинската армија со којашто требаше бунтовничките бастиони во Донецк и Луганск да бидат отсечени од украинско-руската граница и да се најдат меѓусебно отсечени во опкружување. Портпаролот на украинските сили кои ја спроведуваат операцијата во источните региони, Андриј Лисенко изјави дека гранатирањата дошле од руска територија и дека Старобешево го „опколиле борците од Донецк и руските окупатори“.
Бунтовниците напредувале и на другите боишта југоисточно до Донецк. Како што тврди украинскиот воен портпарол Лисенко, руските сили во областа на гратчето Победа, 60 км од руската граница а 48 км од Доенцк, воспоставиле штаб, а пет оклопни возила и еден камиот со војници влегле во Амвросивка. Украинската армија која се повлекува од многу места на истокот, извести дека напредува колона од стотина возила, меѓу кои се тенкови, оклопни возила и повеќецевни ракетни системи „Град“ кои наводно се донесени од Русија во јужниот дел од регионот Донецк кој досега беше релативно мирен и под контрола на украинските сили каде што судирите започнаа во понеделникот. Бунтовниците, меѓутоа, тврдат дека станува збор за воена техника којашто украинските војски ја оставаат „во панично бегство“.
Во меѓувреме AFP јави дека во артилериски оган во центарот на Донецк загинале три лица. Локалната милиција рекла дека станува збор за цивили чиј автомобил бил погоден од граната.
Украинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на извор до Службата за безбедност на Украина (СБУ), објави дека наводно во источна Украина бил заробен уште еден руски војник. Од него нема снимки, како во случајот со десетте руски падобранци заробени на украинска територија во понеделникот кои тврдат дека по грешка во текот на патролирањето ја преминале границата. Наводно станува збор за 19-годишен припадник на моторизирана бригада на руските сили без да се наведе ознаката на единицата, кој во текот на испитувањето „признал дека неговата единица испраќала воена опрема, вклучително и проектили ‘Град’ и оклопни возила на проруските сепаратисти“. Од Москва воопшто не ја коментираа оваа информација.
Од друга страна, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) јави дека повеќе од 60 украински војници минале на руската страна од границата со барање да бидат згрижени. Портпаролот на пограничната управа на ФСБ за Ростовската област, Николај Синицин за Итар-Тасс изјави дека „денеска 62 украински војници во местото Шрамко за да ги сочуваат своите животи се обратиле до руските погранични власти да им овозможат премин на руска територија“. Истакнал дека при преминот, украинските војници го оставиле своето вооружување на другата страна од границата.
Имајќи предвид дека во текот на двочасовниот разговор зад затворени врати ноќта кон средата во белоруската престолнина Минск меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин односно Петро Порошенко, не е постигнат напредок, Киев очекува конкретна помош од НАТО во текот на самитот кој ќе се одржи идната седмица во Кардиф, изјави украинскиот премиер Арсениј Јаценјук.
САД во средата навечер оценија дека противофанзивата на бунтовниците во источна Украина е водена од Русија, на што упатуваат наводните нови упади од руска територија. „Тие упади упатуваат на тоа дека во Донецк и Луганск веројатно е во тек противофанзива водена од Русија“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Џен Псаки, пренесува Reuters.
Германската канцеларка Анела Меркел во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин во средата рекла дека е неопходно да се разјаснат извештаите за наводните нови руски воени упади на украинска територија.
„Последните извештаи за присутноста на руските војници на украинска територија мора да бидат објаснети. Ја нагласи (канцеларката Меркел) големата руска одговорност за намалување на тензиите и контрола на своите граници“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.
Кремљ за истиот телефонски разговор објави, пак, дека рускиот претседател Владимир Путин „ја известил канцеларката Меркел за намерата на руската страна да обезбеди ново доставување хуманитарна помош за населението во Луганската и Донецката област“. Рускиот челник, исто така, „се изјаснил во полза на скорото прекинување на крвопролевањата, уредувањето на хуманитарната ситуација во југоисточна Украина и неопходноста за преминување на патот на политичко решение“ на кризата.