Дали корупцијата е застапена при упис на факултет ?

Постои ли корупција при упис на факултет ?


  • Вкупно гласачи
    40
  • Гласањето е завршено на .
Член од
30 мај 2014
Мислења
66
Поени од реакции
30
Ваши размислувања за тоа, дали и какви форми на корупција се користат при упис на високообразовните институции.
 
Се користат разно разни малверзации, мене ми се имат десено. Газ им стопанкин.
 
Зависи на кој факултет, сега трендот е да се намалуваат децата па така и бројот на слободни места е поголем.
Инаку за на воена академија на пример мора да фрлиш нешто од страна на јака врска за да си сигурен... Исто така знам дека и на медицина е тешко да се влези, посебно со овие рамковните, има 300 манипулации..Скопските факултети, економскиот, правниот се пополнуваат и таму е тешко ако си послаб ученик, е сега ако знаеш кај да фрлиш сигурно би прифатиле...
 
Да. Прво се примаат редовните, па после неколку дена се остава простор и за овие со врски. Иначе знам многу така и слушано што влегле баш така.
 
Прво се примаат редовните, па после неколку дена се остава простор и за овие со врски.

Прво се примаат тие со кеш, па редовните, па тие со врски. Кешот најчесто се дава како спонзорство за книга на некој професор.
 
на факултети каде тешко може да се влезе (читај уште во прв ден на упис бројот на пријавени кандидати ја надминал квотата), нормално е да ќе има корупција, бидејќи остварувањето на соништата на луѓето нема цена иако не се кадарни за тоа.
Од друга страна факултети каде постои и 3 уписен рок, нема корупција
 
Вондреден студент треба да плаќа партиципација за користење на лабараторија и лабараториски вежби, комјутерска опрема, интернет... а он на факс иде само на испит. Факин лоџик!
 
Корупцијата ја има речиси во секое ќоше во државава. Корупцијата ја има во секојдневието, а не па при запишувањето на факултет.
На еден факултет прво ги примаат оние со врски (деца на Петко, Станко), после ги примаат Чкљ зошто ако не ги примат во најлош случај може да избие војна и на крај ги примаат колку ради реда оние што немаат врски.
Но тоа е што да се прави, секој се бори за своја подобра иднина:)
 
не верувам,чак мислам дека они се желни за пари ,се живо и диво примат
 
Нема потреба во денешно време кај што сите ги примаат секаде и бодовите се ради реда.
 
Sekade ima korupcija.... vaka ili taka. Na fax... koj bi znael takvo neshto? Si imash pravilnik za na fax, bodovi i sl.
 
Вондреден студент треба да плаќа партиципација за користење на лабараторија и лабараториски вежби, комјутерска опрема, интернет... а он на факс иде само на испит. Факин лоџик!

А што мислиш, ние редовните го користиме сево ова наведеново? :D
Шифрарници, тетратки, листови, белешки...300 400 денара даваме при упис, а ни шифрарници ни белешки даваат, се се доплаќа. Студентски парламент незнам ни кај се одржува ни што праат тие во студентскиот парламент ја битно 700 денара треба да ги уплатам. Исто и спортски активности, 400 денара а еднаш во сала немам отидено. Тие 400 денара треба само оние од прва година да ги плаќаат, ма јок бе не ги интересира, сите мора да платат, што повеќе да се откраде...
 
Мислам дека баш при упис нема корупција. Корупцијата се јавува од кога ќе почнеш со студии. Може сум грешка, но јас таков впечаток имам. Или пак не ми биле доволно јаки врските при упис. :D
 
Да, пробав да се запишам на факс во Бугарија но не ме примаа бидејки немав на кого мито да дадам и не бев класиран во првото класирање. Значи дечки со многу помал бал од мене се примани а јас не сум. Како и да е, секаде има во образованието дел корупција само што во поразвиените општества е сведено на минимум додека нашите на балканот се најголеми цигани, не зависно дали е Македонија, Бугарија, Романија, Србија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom