Беркут
Мрчатор
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 10.033
- Поени од реакции
- 14.965
Македонската Влада воведува измени во Кривичниот законик кои предвидуваат поостри затворски казни за секој ќе учествува во странска воена или паравоена формација
Најмалку пет години затвор за секој што на каков било начин учествува во странска војска, полиција, паравоена или параполициска формација, предвидуваат измените на Кривичниот законик што ги предлага Владата, а ќе бидат доставени до Собранието за носење по скратена постапка. Како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, согласно измените, најмалку пет години затвор се предвидени и за секој што директно или индиректно ќе нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови и опрема наменети за кривични дела од ваков тип. Со најмалку четири години затвор, пак, ќе се казнуваат лица кои поттикнуваат вакви кривични дела преку пишан текст, аудио-визуелни снимки, социјални мрежи и друг облик на комуникација. Казниво ќе биде и помагањето на кривичното дело.
Повеќе тука.
Реално гледано, и нашите мировници се борат за туѓа војна во Авганистан. Колку што знам Македонија нема причина да војува со Авганистан. Македонската држава успешно се справи со домашните терористи, па сега таму ги чисти светските. Ова е апсурден предлог закон на држава. Држава чии државјани се борат во Сирија.
Да видиме дали ќе ги уапсат поборниците на ИСИЛ од Македонија кога ќе се вратат од таму. Ова е само фарса да се спречат евентуалните борци од Македонија во редовите на Новоросија.
Гледам сличен закон ќе има и во соседна Србија.
Ваши мислења?