Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Од септември ќе бидам студент на медицинскиот факултет во Скопје. Па сакам да ми кажете кој студентски дом моментално е најдобар, со најдобри услови за живеење и учење пред се.

За учење и смештај Пелагонија, за храна никаде.
 
Здраво. Дали може некој да ми каже далаи има студентски дом во идризово бидејќи сакам да студирам криминалистика а се наоѓа во идризово... е сеа ако има ве молам кажете ми колку се плаќа и како е ? Фала поздрав :D
 
Дали некој извади семејно материјално од ујп? Во мојот град не издаваат, веќе втора недела одам и велат дека ги немаат податоците за 2013. Некој со сличен проблем ?
 
Дали некој извади семејно материјално од ујп? Во мојот град не издаваат, веќе втора недела одам и велат дека ги немаат податоците за 2013. Некој со сличен проблем ?
Еве јас. (n)
 
кога ќе биде конкурсот дан знае некој??
 
Семејно материјално од УЈП извадов без проблем.

кога ќе биде конкурсот дан знае некој??

Конкурсот за 2ра и повисоките години е веќе почнат со електронско пријавување и трае до 10 август.
http://smestuvanje.mon.gov.mk/
 
А ре, поупатени. Дали покрај низата критериуми, како критериум за влез во студентски (за) дом (спремни) ја има возраста, како и приходите на студентот што аплицира?

За другарChe Guevara прашувам.
 
Влегов в соба, го немаше, му раздигнав све исфрлив на тераса по ќерамидите истурив медови, ајвар, скршив чаши, авакс напраскав по цела соба, и му се измочав на креветот, ми се придружија и дечките од спратот ја демолиравме собата целосно.

Е браво бе, и некој утре треба да оди да живее во таа соба. Засрами се! Па уште си дошол на форум да се фалиш?!. Каде бе со ваква младина, академски граѓани my ass.:facepalm::facepalm::facepalm:
 
После тие хорори кои што ги преживеав во Кузман, не ми текнува на памет пак да сум в студентски. Првин сите мои другари ги примија в Стив и в Пелагонија, јас аплицирав лани за Стив ама немало место како втор го наведов Пелагонија и таму немало, па ме префрлиле своеволно во Кузман. Како второ, цимерот беше социопат невиден, збор не знае да прозбори, си легнуваше в 9 вечер стануваше в 7 на сабаље да чита весници, а и класичното она да не испушти ниту еден ден бурек на сабаље, што ова е само 2 работи од она што го правеше. Беше многу морничав и секогаш гледав да не сум в соба по цел ден и си дојдам вечер кога тој заспие а и цел спрат како и тие долу на шалтер ме прашуваа како издржувам. Кога пробав да ја сменам собата, бидејќи немаше слободна соба освен една апсолвентска, онаа црната бабарога ме праша дали сум политички активен, јас и кажав дека не сум ме праша име на родители и од која град па куцаше нешто таму на компјутер и тој соработникот и рече ,,мм, не, нема" што значи дека виде дека немаат книшка од Дпмне и ми рече дека ќе ме извести ако може да ме премести. Вториот пат кога и слегов, и тоа со уште 3 ца да сведочат што чудовиште заостанато живее со мене, кога рече дека не може и реков дека не одговарам за своите постапки ако му се случи нешто и дека таа установа ќе биде виновна бидејќи не знае да ги балансира работиве. И третиот пат, кога еден пријател кој што замина на 2 дена во Охрид ми даде мачката да ја почувам додека да се врати и ми рече дури да не ја пуштам ако треба од тоа кутијата специјална ама ми беше грев. И знам дека не е дозволено животни во студентски, ама никој ништо не му пререче на тој на 7 спрат што чува папагали и таа на 1 спрат што чува мачка и еден куп хамстери во секоја 5 соба, ама овој глупакот уште кога виде што носам и кога ја оставив го прашав дали би му пречело што 2 вечери ќе спие со нас ми рече НЕ и му реков ќе идам јас до рамстор да купам храна и кога се вратив мачката беше изнесена на тераса(инаку домашна, хималајска сорта) и тој беше раздигнал све од негова страна прибрал се во неговиот шкаф и исчезнал. Си реков уф, овој ако се исселил шо убо, и вечерта ми тропнува контрола со изјава дека пријавено е дека мачка има тука и немаше шо да праам излегов со мачката и шетав шетав шетав додека да ми текне што да правам а бев толку лут што ако тој самиот ми речеше дека му пречи иако првиот пат ми рече дека не му пречи, ќе го сфатев и ќе побарав решение. За среќа, една пријателка која што имаше апсолвентска ја прими и ја чуваше. И после тоа, слегов кај управничката и и побарав отпусна листа, ми рече дека сум потпишал договор, во ред беше, плаќав за тој кревет со полно бубашваби, ама исто така најдов соба што се издаваше и живеев месец мај и јуни таму, а кога дојде 1 јуни едвај чекав да појдам и да се отпишам и да му напраам на ова ѓубрево нешто. Влегов в соба, го немаше, му раздигнав све исфрлив на тераса по ќерамидите истурив медови, ајвар, скршив чаши, авакс напраскав по цела соба, и му се измочав на креветот, ми се придружија и дечките од спратот ја демолиравме собата целосно. И знам дека тој ова ќе го прочита, бидејќи цело време беше на Кајгана форумот и читаше што се случува, нека види што е и како е. Зошто никогаш не му дадов причина да биде таков суров и да ме мрази и да не ми зборува, секогаш му ги влечев зборојте со клешти, секогаш го нудев со се секогаш кога ќе ми дојдеа на гости, тој кога легнеше да спие намерно, сум ги истерувал. Ѓубре смрдливо заостанато, не ти пожелувам ништо лошо во животот, ама имаш среќа што јас не ти ја пукнав фацата, зошто мислам дека следниот, нема да те толерира .
Ako има посебна тема за искуства во студентски домови, преместете го мислењето таму, ама сега засега нека го овде, зошто сакам ѓубрево да се пронајде. Само, не дај боже некој член после септември да ми пише дека има цимер кој што сево ова (а ова е пола од работите кои ги правеше) го прави, зошто јас лично ќе дојдам и чешелот со кој си ја чешлаше косата полна со вошки ќе ти го забијам в грклан !

Леле, каков плачко си! Шо се занесуваш бе ти? Секој си е таков каков што е. Цимерот не бил муабетчија и тоа е причина да му се мочаш на креветото?! Мочко еден!
СИ легнувал во 9! Да не треба тебе да те праша у колку да си легнува и станува? Или да те прашува што да јаде?
Замисли да имаш цимер што ќе ти носи гости и ќе прави журки пред испит или колоквиум, па да живееш у читалната, или да ти краде пари, или да си ја пресели девојката кај вас...

:facepalm:
 
Кacar јас пре би имала цимер како него отколку таков како тебе. :confused:
 
Kacar ела со мене живеј, треба ти во ред да се ставиш не некој друг. Искуство во студентски, гален мочко
 
@Kacar ќе слушнев за таков специјалец, ама дали измисли незнам.
И жити се кој доаѓа контрола вечер да проверува дали чуваш мачка?
Портирот ? Овие од сојуз ? Па не се и некој фактор тие.

За тоа на крај шо си направил си испаднал тежок сељак и идиот. Браво и за ропаците со тебе што сте ја демолирале собата , е заради такви шупаци е лоша работа ова без врски.
Се надевам догодина ќе ви ја дадат најсмрдливата соба и најполната со лебарки по можност на први спрат , најзатуцаниот спрат. Всушност се надевам дека и нема да ве примат.

Ги има секакви, во студентски ако не сретнеш секаков народ незнам каде.

После 6 години во студентски оваа година дефинитивно вецето беше најгадно. Незнам кој беа серковците ама се надевам запек да добијат по 1 месец. И беше без врски и просекот имаше најголемо влијание со примањата кога се доделуваа местата. Ама џабе културата не се стекува со просек.
 
Ај збор два за Кузман?! Оваа година за прв пат ќе аплицирам таму од причина што ми е блиску до факултет.

Сигурно има некој пишано во темава ама ме мрзи да читам сто и ѓаол страници.
 
Ај збор два за Кузман?! Оваа година за прв пат ќе аплицирам таму од причина што ми е блиску до факултет.

Сигурно има некој пишано во темава ама ме мрзи да читам сто и ѓаол страници.
http://forum.kajgana.com/search/41154117/?q=Кузман&t=post&o=date&c[thread]=11471
Ќе излегувам сега, подоцна ќе имам време ќе ти пишам се шо сакаш да знаеш. Оваа година заврши моето петгодишно седење во Кузман.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom